Навреди и понижувања поради проблеми со слухот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од bubisasi, 13 октомври 2015.

  1. bubisasi

    bubisasi Нов член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    19
    Јас имам проблеми со слухот.. ТАКА СУМ РОДЕНА. и јас тука ништо не можам да изменам.. во животов многуу патии сум се нашла во тешки ситуации кај шо некој ми зборувал тивко а јас сум рекла како молим те погласно.. и ме нарекле и глува,и ретардирана, и да ти купиме чепкалки за уши за роденден.. тие зборови многу многуу ме болеле.. имам и дечко.. и тој мн пати кога нешто не го слушам или кога ми зборува мн тивко ми вика ми се дери на цел глас глува една отвори ги тие ушите и секако.. во тие моменти сум сакала да ме нема.. јас ја прифатив мојата мана и не се страмам од неа,само шо ме повредват зборовите на мн луге.. Знам исто дека им е тешко и на моите родители. мн пати ке си дојдев од школо со плачење и мајка ми само ме тешеше.. Мала бев за апаратче.. и сеа неам јас некоја голема потреба апаратче,јас слушам нормално али кога зборува некој тивко,или кога е далеку не дослушувам не можам да разберам шо зборува.. и така луге.. ова го пишам не за да ме жалите него да имате осет спрема секого пошо мн болат некој зборови.. никој не сакал нешо да му фали.. јбг .. фала ти господе,сепак те сакам и верувам во тебе.. а за слухот,битно е ти мене да ме слушаш :)
     
    На Rama, angelche16, MacenceEna и 6 други им се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.687
    Пол:
    Женски
    Колку години имаш?
    Втора работа.... доколку дечкото така те третира за ваква работа, навистина мене ми покажува дека не е за тебе. Неможе човек кој те сака на ваков начин да се однесува со тебе. Тоа ми е јасен знак дека не те почитува. И сама мораш да си го смениш ставот кон себе, односно на луѓето што ќе се обидат да те навредат да им ставиш јасно до знаење дека такво нешто нема да им дозволиш.
    Твојот проблем не е за срам, ти не си виновна за тоа. И оние кој ќе бидат во твоја близина мора да те прифатат без простор за понижување, во спротивно не се вредни за твоето друштво.
     
    На koritsaki, joy1, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    49.161
    Пол:
    Женски
    Ти поголем проблем имаш со дечкото и пријателите отколку со слухот. Не смееш да дозволиш некој така да се однесува со тебе, колку повеќе попушташ, толку ќе се влошува ситуацијата.
     
    На koritsaki, joy1, angelche16 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. bubisasi

    bubisasi Нов член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    19
    знам срцки.. ама едноставно живееме во такво време каде што не секој има осет и сум била во клас со секакви кретени кој не им било гајле како ти ке се осетиш.. Дечково не знам ни јас сама како го трпам.. неколку пати наназад се десило да ми рече така па после ми вика абе не е дека не слушаш ти ти не те интересираш не ти е тука умот затоа ме нервираш..Јас му викам човече тука ми е мене умот,значи слухот ми е слаб и не можам секогаш да те слушнам,и после тоа добро ми вика извини нема да се повтори ама едноставно ме нервираш не знам шо не знам како.. и така поминувало се заборавало се додека пак нешо така не ми рече..
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.578
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Дали користиш слушно помагало?
     
  6. bubisasi

    bubisasi Нов член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    19
    Не,не користам.. и искрено не знам дали да почнам да користам.. едноставно јас си се прифатив самата и сакам да сум прифатена онаква каква што сум ..
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.578
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Треба специјалист да те упати дали си за апарат или не. Неможе сама дали сакаш или не, тоа е потреба мораш ако сакаш подобро да слушаш.
     
    На CameliaMiller, honest girl, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.362
    Сум комуницирал и комуницирам со личности што имаат проблеми со слухот така да знам како е да не те разбираат, да мораш неколку пати да повториш. Знае повремено да нервира ама како самата кажа, виша сила, никој не е виновен за состојбата. Требало веќе одамна да му кажеш на дечко ти да се контролира и да внимава како ти се обраќа. Зборови глува една и слично не би смеело воопшто да се изговорат.

    Оди да те проверат за апаратче, може многу да ти помогне а на сите што нема да ги слушнеш од прва ќе ги замолиш да повторат и нема да има проблем.

    Техничките помагала за слушање не се џабе измислени, си имаат практична функција.
     
    На joy1, Victorian, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.290
    Jas te razbiram vo potpolnos no za tvoja bezbednos ako ti treba pomagalo, bez razmisluvanje zemisi.
    Bezbednost mislam na kola koja moze da ne ja slusnes, nekoj da te prati da te isplasi, za da ne pravis greski, pa nekoj koj ne go znaat tvojot problem bi rekle pustija nerazbira......
    Ke ti pomogne i te kako.
    Jas imam problemi so slusot koga pritisokot mi e pokacen.
    Preprasuvam po tripati i mnogu neprietno mi e. Najveke zosto nekoj mislat deka nerazbiram jazik ili zadackata sto mi e zadadena nemozam da ja resam .......
    Slusno pomagalo e od golema pomos.
     
    На joy1, bubisasi, Abrakadabra и 4 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.947
    Допаѓања:
    126.731
    Пол:
    Женски
    Ne slusanje od daleku i tivko, te razbiram celosno. I mene na uciliste, mojot 'sakan' klas mi zborashe kako sum bila gluva i zagreota radi to, cesto prasanjata na ispitvanje ne sum gi doslusvala pa sum preprasvala, a ko ke zbora nekoj tivko go gledam v usta - za sekoj slucaj.
    Koli i poglasni raboti - gi slusam ama ona zboranjeto ne sekogash.
    I znam kako e nekoj da ti vika za to - gluva si. Znajsh... Tie so ti vikat taka ne te pocituvaat dovolno. Bby ednash mi nema nes receno za to, ni najbliskite drugarki. Cupeto so koe sedev sredno cesto znaese ta da mi povtori prasanjeto od profe ko ke skontashe deka ne go slusnav.
    Ama sepak zavisi i sredinata, ako eden se smej (zboram pri pomala vozrast) i dr ke pocnat da se smeat i ke mislat taka treba i ko ke porasnat i da se svesni deka ne treba taka - na eden nacin ke vervat deka treba.
    Inache ne znam za tebe, kaj mene ispadna deka na levoto bagi ne slusam, desnoto bese okej. Sepak ne nosam aparatche ako imashe period ko se nervirav i mislev deka mn treba.

    Ps izvinete za latinica, zsh uste kirilicna na tel fali da namestam pa da rezultira so negovo konecno otstranuvanje xD
     
    На Victorian, Night Rider, bubisasi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    Искрено ќе ти кажам да си го смениш друштвото и дечкото по можност.
    Оние кои се свесни за твојот "проблем" (изивни што така ќе го наречам ама неможам да најдам посоодветен збор) би требало малку посовесно да се однесуваат и да ти зборуваат малку погласно по можност. Кога викам погласно немислам на дерење цела населба да слуша, туку за ти да разбереш убаво. Да, нервозно е некому да му зборуваш нешто а тој по десет пати да ти вели молам, што, како, не разбрав, повтори ми пак итн. но ти не си виновна за тоа, затоа нема потреба од грубо однесување со вакви личности. Секој кој те сака и му значиш треба да биде свесен дека не е до тебе, ти не сакаш така ама понекогаш сме во ситуации против кои неможеме па, ќе се обиде погласно да зборува со тебе, за да нема потреба од прашување пак.
     
    На bubisasi, okcenzi и Bojana.20 им се допаѓа ова.
  12. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.267
    На тој што те зеза за слухот да му кажеш да ти АПНИ од газот :)
     
    На theowndemon и bubisasi им се допаѓа ова.
  13. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Според ова, твојот дечко делува како идиотче и треба да му кажеш дека е идиотче. Знам, емоции, не ти се постапува така со него и тие работи но ако е доволно зрел за да ја промени таа особина кај себе би било одлично. Ако не е - пак одлично, можеш да го оставиш, примитивизмот не е добра подлога за долги патеки.:)
    Другата страна на приказната е дека навистина, наглувите и глувите лица се многу иритантни при комуникација, не по своја вина но едноставно е така. Тоа не значи дека треба да се исмеваат, да не ме сфатиш погрешно, далеку од тоа - само што понекогаш знае да биде напорна комуникацијата.
    А за слухот, мораш да бараш начин за подобрување бидејќи мислам дека со текот на времето и стареењето ситуацијата може да стане полоша, за тебе лично би било подобро - настрана околината која и не е толку важна. Прашувај, консултирај се, гледај по нет :)
     
  14. Necromanta

    Necromanta Нов член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Заклучив дека проблемот не е во твојот слух. Премногу им дозволуваш на луѓето. Знам дека е болно кога ќе сфатиш дека повеќето од нив имаат интелигенција и емпатија на цвекло. Од таму доаѓаат сите негативни коментари и непотребни навредливи зборови. Простотилак и малограѓанштина во секоја генерација. Со тоа што им попушташ им даваш сила. Пронајди сила и застани пред нив.
    Дечко ти не ни сакам да го коментирам, веќе е кажано...
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    7.658
    Пол:
    Женски
    Знам како ти е.
    Мене ушите ми беа затнати цела година не знам така зш па ми се одзатнија едвај слушав а ако нешто не слушнев се правев дека не сум забележала, ич не е убо ич. Си го слушав одблесокот кога ќе зборувам, а за тоа што ти велат така не се замарај со нив, речи им ако сакам јас ќе слушам ако не сакам не е твоја работа, денес некако ушево ми се затна едвај го слушав што зборува дечко ни срам ми е да го прашам уште еднаш.
    Така да не се замарај со нив :):)
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.578
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Ангелче нема потреба од срам,ако треба 100пати ќе го прашаш за да ти објасни. Тој треба да има разбирање и луѓето со нормален слух се случува да не се слушнат па прашуваат. Тоа е секојдневна рутина,лоша е средината во која живееме. Знам што имам поминато,најлошо е кога си настинат ништо не се слуша,се затнуваш целата.
    Ама што да правам сега се помируваш,со тек на време ги игнорираш размислувањата на луѓето и си тераш своето.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.