babylove овошни кашички

Навреди од професори упатени кон ученици

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lady D ❤️, 4 јануари 2021.

  1. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Postoi tema za nedolichno odnesuvanje na uchenicite, no ne i za profesorite.
    Shto koga profesor ke navredi uchenik? Shto da se prevzeme? Kako da se postapi? Kade da se prijavi? Kako da se dokazhe?
    Vo 100% od vakvite sluchai, uchenikot nishto ne prevzema, tuku preminuva preku navredata, a profesorot ostanuva nekaznet. Za ova sum i svedok vo sredno uchilishte kade shto eden profesor navreduvashe uchenici na baza na nivniot fizichki izgled, beshe ironichen, gi ponizhuvashe kako da se glupavi i sl. Profesorot, normalno nikoj ne go prijavi i se ushte predava.
     
    На sj *O*, glosipgirl, faye и 2 други им се допаѓа ова.
  2. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    2.964
    Пол:
    Женски
    Според мене, наставник што навредува, понижува, омаловажува ученици не треба да работи како наставник. Ова единствено може да се докаже ако училиштето постави камери, па да се погледнат снимките. За тоа каде може да се пријави, да бидам искрена, не знам точно, а не сакам да ширам дезинформации.

    Надвор од темата, но морам да кажам дека едно од основните правила на форумот е да се пишува кирилица. И преЗема, а не превзема.
     
    Последна измена: 4 јануари 2021
    На mira.mira, AnnaMajaLuna, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.202
    Треба да се санкционираат, секако. Да не се молчи. За докажување веројатно можат да помогнат другите лица што присуствувале (ако се случило на час), или некакви снимки од камери како што кажа членката пред мене. Но и јас не сум експерт за ова.
     
    На mode-kristina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    37.253
    Пол:
    Женски
    Имав баш голем инцидент со една професорка во 4та средно.
    Не би да навлегувам у детали, дотичната освен морална осуда од целиот колектив, не доби ништо друго. Кога размислам, нека и е.
    И стои како дамка и ден денес.
     
    На buba4e89, Lella, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  5. AnnaMajaLuna

    AnnaMajaLuna Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Спoред мене мaлку кoмплицирaнa темa.
    Имa ученици кoи немaaт дoмaшнo вoспитувaње и кoн прoфесoрите се oднесувaaт мнoгу недoличнo, и секaкo требa дa се кaзнети.
    Нo дa не зaбoрaвиме и декa имa прoфесoри кoи се oднесувaaт сo учениците кaкo сo живoтни и буквaлнo се иживувaaт. И зa тoa требa дa пoстoј сaнкцијa
     
    На Idedemja, cresa-jagoda и mode-kristina им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    51.222
    Пол:
    Женски
    Не знам дали би реагирале владините институции.
    Тешко...
    Но,да,тоа треба да се санкционира.
    Во моето средно имаше неколку такви професори.Учениците им се жалеа на класните раководители и на директорката.За среќа реагираа,па немаше потреба да се оди кај повисоки инстанци.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    5.630
    Допаѓања:
    50.495
    Пол:
    Женски
    Исто така правило на форум е, да не се ставаат членовите во улога на модератор и да ги опоменуваат другите.
    Малку е досадно на секоја втора тема за таа кирилица да се фаќате.
     
    На ocicka2014, GirlLove, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    2.964
    Пол:
    Женски
    А памтите ли што се случи во средното музичко училиште лани или пред две години? Професор удрил ученик зашто истиот не му донел вода. И снимка имаше. Изгледа не поминало тоа време кога наставниците тепале.
     
  9. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    6.292
    Пол:
    Женски
    Со безобразните сум премногу безобразна.
     
    На AnnaMajaLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.551
    Пол:
    Женски
    Имав и јас со професорка во 4та средно.
    После година или две ја сретнав на плоштад, два реда муабет ми сврзе и ми извини што била злобна.

    А на факултет имав зло од професорка, зло.
    Не би да навлегувам, ама никој не ја сакаше и сите ја збореа кое зло е.
     
  11. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Teshko e da se dokazhe navredata od profesor kon uchenik, osven ako nema kameri pa da se vidi na kamerite, kako shto beshe napishano pogore. No jas dodeka idev vo sredno vo uchilishteto nemashe kameri, dotichniot profesor go navredi uchenikot, site se smeeja na toa shto go kazha profesorot, a uchenikot, normalno mn losho se chuvstvuvashe, duri i mu se gledashe od facijalnata ekspresija deka saka da si zamine. I da prijaveshe uchenikot, sigurna sum deka nikoj od souchenicite ne bi zastanal na negova strana tuku site se so mislenje: nema da se mesham jas, da ne me kaznat ili: podobro da se drzham nastrana, nema potreba da reshavam opshta pravda; najgolemiot del od souchenicite se so vakvo mislenje.
     
    На GirlLove, Lella, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    2.964
    Пол:
    Женски
    Штом сите се смееле, логично е и да не застанат на негова страна. Уште полошо е што и да застанеле, никој не би им поверувал, особено директор, зашто наставниците си се штитат.
     
    На Leat, edna_malecka и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  13. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Apsolutno tochno. Isto kako i na fakultet koga sakash da polagash pred komisija zaradi nekoj problematichen profesor, ostanatite negovi kolegi nema da odat protiv dotichniot profesor i pak ke go padnat na ispit studentot.
     
    На Leat, edna_malecka, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    2.964
    Пол:
    Женски
    За случајот погоре со тој што удрил ученик зашто не му донел вода, директорот им рекол на родителите на ученикот да го заборават случајот. Арно, ама учениците не се штитат меѓусебно како наставниците.
     
    На Leat и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    Редок случај е овај или можеби така се погодило, не ми текнува на ниту една случка мене или некој мој соученик да биде навреден од учител/наставник/професор, но затоа пак ми текнува на многу случки професори да бидат навредени од ученици, доаѓало до ситуација да наставничка на сред час да го напушти часот плачејќи.

    Иначе тешко за докажување професор да навреди ученик, секогаш управата ќе е на страна на професорот кој ќе успее да се извлечи од ситуацијат и на крај да му се освети на ученикот.
     
  16. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    2.964
    Пол:
    Женски
    Ми текна на една случка. Во осмо одделение имав наставничка по ликовно, нова беше во нашето училиште, млада, што ако ја прашаш нешто како треба и што треба да црташ, ќе те наречеше прост, глупав, неписмен и многу други работи. Кога ни ставаше полугодишни оценки, мене сакаше четворка да ми стави, иако секогаш носев тоа што требаше, го сработував материјалот на време. Најтрагично беше што и тие што никогаш не носеле блокови имаа четворки. Јас и` реков дека не може да имам иста оценка со тие што секогаш бараат лист од блок од други. И таа на тоа дрско ми рече: „Еве ти петка и прави што сакаш со неа!“.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    5.915
    Пол:
    Машки
    На факултет имав професор каде јавно сите не потценуваше дека сме дрва и ништо не сме праеле во животот, а од друга страна тој се фалеше како во Словенија или каде и да студирал крв плукал додека да учел. Се виде колку научил, предмети предаваше од типот на Статика и Јакост на материјали со читање од скрипта. :)
     
  18. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    I jas vo sredno imav po matematika vakva. Vakvite ne smeat da bidat profesori. Po matematika dotichnava ne beshe zadovolna zatoa shto mashkite od nashiot klas ne uchea i imaa soodvetni ocenki za neznaenjeto. No isto taka im veleshe: "videte be kakvi ste, po cel den samo jadete za nishto ne ve biva" i na ova edna uchenichka, milenichka na profesorkata vika: vie sho ne znaete matematika ste glupi i pomirete se so toa. Pa dvete si se smeea na ova, shto voopshto ne e za smeenje. Za vakvite zadolzhitelno e poseta na psihijatar i konsultacii so nego. Ne mozhe profesorite da go vadat gnevot i nervozata, frustraciite na uchenicite, zatoa zadolzhitelno e psihijatar ili psiholog
     
    На edna_malecka, Just.do.it и mode-kristina им се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    15.904
    Пол:
    Женски
    Несовесно и непрофесионално однесување од професорите треба да биде казнувано. Но, казнувано од кој? Нели треба да се оди стапало по стапало во ланецот, и институциите да се ја завршат работата. Кај нас тоа го нема, и да пријавиш некаде, поголеми се шансите да се направи се' за да се заташка работата отколку да се иницијализира правилно решавање.

    Личен пример, како одличен ученик со супер репутација и однесување, и високо мислење меѓу наставниците, ми се закачи смената по хемија во 8мо. Со другата наставничка во 7мо на натпревар ќе одевме, оваа ме правеше неписмена и ми стави 4ри. Ме игнорираше на часови кога одговарав на прашања, секој час ме испитуваше, на табла реакции и формули објаснував исто. Само еднаш не ја напишав точно најдолгата равенка за сапун после милион други формули, и од тогаш се влоши ситуацијата. Друго се' секогаш знаев. Не само за да не се случи повторно да ме фати во небрано, и од инат, туку затоа што сакам хемија и ме интересира(ше).
    Прв пат предаваше феноменот, а имаше 30 години. И таков невероватно катастрофа однос.
    Јас одговарав секој час, и секој нареден исто. Друго никако не комуницирав со дотичната.
    Ситуацијата ескалира кога за крај на годината имаше завршен коментар спрема мене пред цел клас дека не знам за 5ка, ама ќе ми стави ради другите оценки. Јас и реков да пише четворка и да тера по свое, не смее да пише 5ка во дневник и јас ќе го решам проблемот како што треба. Нареден час после овој слип имавме со класниот, тој ме праша што се случило, и дали и сум се извинила на феноменот. Јас раскажав во детали што е работата, тој знаеше и уште кога ми намали прв пат за проблемот, и кажав дека нема шанси да се извинам, и дека ќе разговарам со службите во училиштето.
    Лонг стори шорт, тој среди да не стане голема. Феноменот ми напиша оценка каква заслужувам, а јас не ја перцепирав како појава до крајот. Анд тил ди енд оф тајмс.

    Бонус историја: Следно кога се собравме од екс класот да го изненадиме класниот за неговиот роденден, доле во канцеларијата влезе и феноменот, се поздрави со сите, разговара со другите кој како тера и кога дојде до мене јас скроз ја изигнорирав. Па виде, не виде тензично, си отиде по кратко.
    Не остана да крајот на наредната година да предава, и не предаваше никаде после, до ден денес како што имам инфо.
    Само еднаш кратко после средбата во канцаларија се сретнавме во сендвичара, другите ја поздравија, јас не ја ни погледнав по втор пат.

    Единствениот случај досега ми е, можеби и затоа не ми е сеедно и ден денес кога се сетам, ама јас да бидам оштетена ради нечија чужда малоумност никогаш повеќе нема да си дозволам.
    Од денешна гледна точка, би отишла кај директорот. Иако не сум сигурна дека ќе имало некаква санкција под тие околности. Класниот подобро ја средил ситуацијата.

    Трагично е какви педагози има, и дефинитивно треба да поминат основни психолошки тестови сите просветни работници. Кој не положи, не смее да работи (со деца).
     
    На glosipgirl, Dream-Girl, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    2.964
    Пол:
    Женски
    Точно е дека не смеат да бидат наставници, ама се, за жал. Пишав погоре зошто. Најлошо е што имаме и луѓе што сметаат дека порано кога наставниците ги тепале учениците било подобро, а тоа го има и во другата тема. Ако некој не ме почитува како личност, и родител да ми е, и наставник да ми е, истиот тој не заслужува почит од мене. Ама морам, поради годините, нели?