Форумџика на годината

Навредување на ученици

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од hellocity, 9 август 2022.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Табу тема на балканот е вулгарни зборови и секакво можно спуштање на ученик од страна на просветен учител, оваа тема ја отворив за да не биде таму и ако имаме храброст да ги пишеме со име и презиме тие што малтретирале, професори или наставници, за кои верувам дека и ден денес носат во себе последици со ниска самодоверба и анксиозност кај децата..
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Не знам за ваков случај, во текот на моето школување немаше вакви инциденти, повеќе беа малтретирани професорите од наша страна, посебно новите
     
    На The Last Pharaoh и Vil им се допаѓа ова.
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    7.943
    Пол:
    Женски
    За жал се дешаваше ова кога јас бев основно.
     
  4. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Зошто волку малку одговори?
    Не верувам дека никој се нема соочено со такво нешто. Едноставно, не заслужува секој да биде просветен работник и не може. Јасно е дека има секакви карактери на ученици, но тоа му е должноста на професорот - Да знае да се справи со секој од нив. Во ред, во средно се веќе оформени личности и факт е дека е тешко да се работи со нив, но сведок сум била на десетици случаи каде наставници навредуваат и јавно понижуваат основци со помалку од 12 години. Понижување на детето ако не научило, полова дискриминација (девојче си, треба да се смириш, да бидеш уредна), истурање на своите фрустрации врз дете затоа што не успеало да реши некоја глупава задача, понижување пред цело одделение, поделба помеѓу учениците, неуспех да се разбере детето, наместо тоа само му ставаат етикета на невоспитано, изгубено, за никаде...Свесна сум дека просветителството е една од најтешките професии и дефинитивно не е за секој, но професорите и наставниците често се егоисти што без проблем би го навредиле ученикот.
    Освен тоа, третирање на ученикот како да убил човек само затоа што не се согласува со одредени ставови на професорот, затоа што доста професори секое спротивставување (на културен начин) го сметаат за погазување на нивното височество.
    Исто така, сведок сум била на професорка/наставничка што на 13 години ни велеше - Ако не учите ќе имате мизерен живот работејќи во конфекција или маркет. Во ред, тоа може да е реалност во Македонија поради малите плати, но никој никогаш ни немаше споменато дека нееднаквоста во општеството е проблем, а не луѓето што ги работат тие професии, и дека секој, апсолутно секој, без разлика на професијата заслужува нормален живот. Таков пристап би бил многу подобар.
    Исто така, не деградирање во лице, но оговарање на ученик од еден клас пред ученици од друг клас - Стојан од кецот е жив срам, Трајанка од двојката е непристојна, Мирко од тројката е геј - Крајно непрофесионално од страна на професори.
    Образовниот систем во нашата држава е плодна почва за поделби помеѓу учениците и ментални проблеми.
     
    На RockinIt и anata им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.681
    Пол:
    Женски
    Ова го имаше уште јас кога учев. И сега го има. Освен што навредуваа, наставниците удираа. Во цела генерација бевме 4 одделенија. Другите тројца учители беа страшни. Нашата учителка никогаш не удри некој од нас. Ама многу навредуваше. Имаше 7-8 деца кои и беа омилени. Другите и бевме одбивни. Ехееее.... Јас колку пати бев навредувана од неа. Се сеќавам многу добро на последниот час по општество. Тоа беше и последната недела од школската година. Бев четврто одделение. Среќа што веќе немаше таа да не учи. Ми рече да станам и да дојдам до неа. Застанав и ми се обрати со зборовите Тебе нема да те испрашувам. Колку и да се трудиш ти секогаш ќе бидеш неписмена. (facepalm)