Бидејќи на форумот има членки кои се читатели со „долг стаж“, дали за вас наградена книга е добра книга? Скоро сите книги кои биле наградени во странство, за мој вкус биле квалитетни. Сум читала многу Нобеловци, и точно дека има нијанси од еден до друг во поглед на талентот, но сите се квалитетни, не можам да кажам не. Кај нас и во регионот, има книги кои добиваат награди, но не секогаш се квалитетни. Сум читала и книги кои биле прогласени за Роман на годината, и од еден до друг роман, има голема разлика. Еден од наградените романи, за мене беше роман без заплет, а сепак награден. Во регионот, една авторка се фалеше дека победила во конкуренција на 150 или 160 автори, и кога пребарав на интернет да видам што пишува, просек, тотален просек, едно површно и школско пишување кое дефинитивно не е за награда, а никако доколку во игра се над 100 автори(веројатно лобирањата си го прават своето). Што мислите вие?
Штом е наградена некоја книга, очигледно дека е добра и квалитетна. Е сега, вкус е во прашање, зошто на некој ќе му се допадне книгата, на некој друг нема.
Не мислам така, за вкус не се дискутира ама најчесто тие што се наградени книги се некој бестселери што и се допаѓаат на широката народна маса, многу јасно е дека книга од стручна литература, не може да и се допадне на широката народна маса затоа што не разбира што пишува, не е доволно компетентна за да разбере па колку и да е добро напишана. Ретко, скоро никогаш не ми се допаднала книга која што сум ја купила затоа што на саем има попуст на неа и им е квалифицирана како најпродавана, и тука најчесто се работи за некоја сапуница, или пак некој љубовен роман..
Мене често ми се допаѓале и книги што според другите се катастрофално лоши, така што за мене наградите (и општо, туѓото мислење и критика) не игра голема улога. А сум купувала и наградени книги и бестселери, па често и не биле ништо посебно.
Да, разликата е само во тоа што, тој што чита си го збогатува знаењето, вокабуларот итн. Да се вратам на темата кај мене нема никакво значење наградата, ако е по мој вкус ќе ја читам.
Наши книги не читам па и затоа не можам да ги коментирам. А за од светските има доста книги што се бестселери и со некаква награда а мене не ми биле ништо посебно, но секако тука станува збор за вкус, затоа што мене не ме бендисува не значи дека не е добра книга.
Вкус си е вкус, и што е квалитетно е квалитетно, и тука нема збор,. За жал така е, и тоа сакав да го кажам меѓу редови, и од таму доаѓа тој голем јаз во квалитетот. Тотален просек, школско пишување без талент, а сепак се закитило со награда. Невозможно е и нема врска со вкус. Си има критериуми за секој жанр роман, драма, поема, што и да е како се пишува, и секое отстапување е грешка и голем пропуст, со кој делото треба да биде дисквалификувано, а не наградено. Не може роман без заплет да добие награда. Друга работа, која е поентата еден автор ако добие награда Роман на годината следните години пак да се пријавува на истиот конкурс? Мене тоа ми нема логика. Што ќе му стои во биографијата, дека 3 пати ја добил Роман на годината во рок од 5 години? Добиваш еднаш и се повлекуваш, толку. Моралната сатисфакција е задоволена, а потоа дај простор и на другите.
Да, баш така...кај нас еден ист круг на луѓе се дел од жирито (и се дел од победниците). Сите си се знаат меѓу себе и си го( нашки кажано) чуваат својот грб, ретко на кој од *страна* ќе му дозволат пристап (дали со награда или да биде дел од жирито) но секако да учествува ќе го подржат и можеби дел од неговото дело (позеија или краток расказ) ќе се најде во некои нивни изданија колку да пополнат страници или да покажат дека инволвираат нови лица....извинете луѓе, ова се информации од прва рака, одамна не ги следам нашите книж. кругови......
И моите се од прва рака. Еден ист круг на автори ги добива наградите. Дури се случува некои автори, наменски да пишуваат книга кога знаат дека имаат пријатели во жирито, и сега или никогаш им е шансата да ја земат таа награда. Пишувањето, просек. Не можеш ти секоја година да издаваш книга, и секоја година да имаш нова награда. Тоа е штанцање без квалитет. И на Балканот не е подобро, исто е. Од странските автори не сум забележала некој да е добитник на врвна награда, и да е просечен. Веројатно таму се работи за друг менталитет, огормни, милионски земји каде не можеш да фатиш врски оти не се знаеш со некого.
Не, буквално оние што се најфалени мене ми се мех, дали поради тоа што имам преголеми очекувања. Најубави книги се класиците, оние од минатите векови. Овие денешните се блага катастрофа.
На Кајгана имаат тема за Роман на годината, и наведено кои се кандидатите, па во потесен круг кои влегле. Добро, само мене ли ми „боде“ очи дека едни исти имиња се вратат, а веќе биле добитници? Мене тоа не ми се допаѓа. Кај мене како читател создаваат одбивност. Едни исти де награда добиваат, па де во жири, па во потесен круг. Тоа ми делува како самобендисаност. Јас па јас. Абе дајте простор на некој талентиран, а анонимен. Видов и за Струшки вечери, сретнав податоци кој ќе настапува. Едни исти со години, не даваат простор на некој талентиран, а помалку познат.
Па не. Често книги што се многу фалени, не ми се допаднале баш. Повеќе како да има фаворизирани автори, отколку што книгите им се стварно добри.