Надворешен изглед VS интелект

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Beauty.Mar, 21 октомври 2017.

  1. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Поттикната од неколку настани решив да ја отворам оваа тема и се надевам дека ќе се развие убава дискусија.

    Пред некој ден на факултет разговарав со една познаничка околу еден испит и кога ѝ кажав дека до сега се ми е положено и тоа со висок просек, само ми одговори:
    Jас па си мислев ти само за дотерување и такви работи се грижиш, не ми делуваш како некоја што учи и се замара со факултетот.
    Јас на ова и одговорив: Aко гледаме по твојата логика ти треба да си екстра паметна тогаш.:D
    Се заќуте нормално.

    Друга ситуација:Прва година на факултет, пред испит математика, еден колега, со кој бевме само на здраво ми вели: Ти лепотице знаеш нешто математика или си имаш други методи на полагање?
    И не,немав штикли и 200 кила шминка или минич, далеку од тоа.


    Дали сметате дека постои предрасуда за оние девојки кои се грижат за надворешниот изглед дека се глупави, плитки и слично?
    И доколку постои, на што се должи оваа појава, љубомора, несигурност или нешто друго?
     
    На Briar Rose, 1209, crazylady и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka192

    Feminka192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    2.542
    Пол:
    Женски
    Ја имам честа прва да напишам мислење. :D
    Предрасуди околу тоа имаат само несигурни и плитки личности кои размислуваат шаблонски или се под влијание на некој тинејџ филм дека оние со високи оцени/просек се малку привлечни, не излегуваат и слични глупости можеби типични за средношколска возраст.
    За возрасна личност како што кажа веќе на факултет вакво размислување е дури смешно.
    Го знаете она интелигента личност никогаш не би си дозволила да изгледа лошо иако нели и други фактори играат улога овде како финансии и сл. но зарем екстра паметно би ви делувала некоја личност со мрсна коса, лошо средена облека и тн.
    Би имала негативно мислење за девојката кога пример би се појавила разголена на предавање или свадбарска фризура и шминка што нели воопшто не е соодветно.
    Еве ќе речам интервју за работа.
    Не би оставила добар впечаток девојка која е средена и изгледа педантно?
     
    На crazylady, Sungold, Arthur и 3 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.613
    Допаѓања:
    107.957
    Надворешниот изглед е за формирање прв впечаток, интелектот е за развивање на врската и комуникцијата. Така да, ако некој не познаваме доволно добро, си правиме претпоставки за таа личност најчесто према начин како се облекува зошто облеката ни е показател на личноста. Кога ќе ја запознаеме личноста макар и малку подобро, не смееме да си дозволиме да правиме такви претпоставки.
    Онака грубо кажано, дур стигнеме до интелект, мора да поминеме преку надворешен изглед, но сепак интелектот, барем во мои очи, е најважен.
     
    На Yowannty, anichka94, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.071
    Пол:
    Женски
    Тоа и на лице му се гледа кога е некој глуп.
     
    На crazylady, EraBon, Arthur и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    25.255
    Пол:
    Женски
    Да, постои. Би рекла дека се должи на некоја блага форма на сексизам, односно менталитетот дека девојките можат да бидат или курви или екстра паметни. Во помалку екстремности, или шмизли или интелигентни. Тоа е таа единечност всадена во нашите вени кога се работи за предрасуди. Во плитките мозоци едноставно неприфатливо е девојка да биде добра во шминкање, а истовремено да вади десетки. Значи одма друг начин на полагање има. Одвратна работа.
     
    На 1209, crazylady, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.047
    Допаѓања:
    160.493
    Пол:
    Женски
    Добра тема, и за жал реална во нашиот менталитет.
    Страотно просто и површно гледиште, изгледа луѓево со вакви бош муабети самите немаат капацитет и за интелектуален развој и за естетика и грижа за себе во исто време, па не можат да ја сфатат појавата на таква сестраност кај другите.
    А такви инсинуации како „други начини на полагање“ не се ни за коментар, одвратно.
     
    На 1209, crazylady, Aleksandar1212 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Машки
    Од кога водење лична хигиена стана проблем? Баба ми Бог да ја прости со 83 години и преживеан мозочен удар знаеше да си стане секое утро да измие заби, лице и да прошета до продавница дотерана. Мене ми е жално кога ќе видам неуредни млади луѓе.
     
    На GoodGirl45, babygirl77, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.605
    Допаѓања:
    48.881
    Пол:
    Женски
    Многу плитко е да се носи заклучок врз основа на она што се гледа, а не се познава. Не само за интелект, за што и да е друго. Никогаш не сум се нашла во ситуација некого да проценувам спрема неговата надворешност, ниту па мене некој директно ми се обратил со таква проценка. Никогаш не можеме да знаеме што се крие позади она што ни е пред очи.
     
    На crazylady, Victorian, Joi и 5 други им се допаѓа ова.
  9. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    3.828
    Пол:
    Женски
    Јас се водам спрема она "не суди ја книгата по корицата".
    Дека постојат предрасуди, да, постојат, ама не сфаќам зошто кога грижата за себеси нема никаква заедничка точка со нашиот интелект или навиките за учење.
    Тоа се сѐ стереотипи.
    Баш пред некој ден гледав една емисија со една девојка со три кила шминка на себе, малку к*рвински штиклици и облечена во тесен, леопардски до-под-задник фустан. Ја гледаш и си помислуваш еее оваа гарант е ваква, таква.
    Испаѓа дека има тешка работа, се со цел да си заврши за медицинска сестра, значи паралелно работи и учи и постигнува одличен успех. Интелегентна особа, само со мал комплекс на ниска вредност.

    Сакам да кажам ни за таквите не мора да значи дека се глупави или мрзливи спонзоруши, а не па за некој што само сака да си посвети внимание на себеси.

    Ако некој ги суди луѓето по надворешниот изглед, тоа повеќе кажува за тоа каков е тој самиот. ;)
     
    На Beauty.Mar, AURUA, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.419
    Допаѓања:
    13.580
    Пол:
    Женски
    За мене најинтересни луге ми се тие бубалиците , уметниците , со тие бради коси таа облека ... И во подлабоки муабети ке откриеш дека имаат најперверзен мозок :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Изгледот нема никаква врска со интелект 8)
     
    На Arthur, Beauty.Mar, Mrs.Brain и 2 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Ако некоја оди на факултет без шминка, со мрсна коса и згужвана облека, не значи дека е стипендист, туку дека е гнаса и дека треба да се среди.
    Јас не оправдувам да не се носи шминка. Факултет е право место каде се стекнува навика да се носи шминка.
    Не сме мали девојчиња. Стани и нашминкај се. Ем поубава ќе си ем убаво ќе ти тргне денот.
     
    На crazylady, Miss.A., лавица19 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    И без шминка со одржување секојдневна хигиена може да се изгледа пристојно и свежо. На факултет не сме мали, созреваме, но некој никогаш не разбираат што значи да созрееш во вистинска смисла на зборот. На таквите шминката и облеката од каталози за висока мода(вклучувајќи го и долниот веш за на факултет/работа)им се секојдневие опишано во библијата за кремците филмот-Clueless (1995, некој тогаш се родени и можеби не знаат дека постои овој филм).
    Инаку секој си има право на живот,па нема нит потреба изглед да се поврзува со интелект како и тоа дека шминката е нешто задолжително за да на факултет делуваш зрело.
    Ама се е до интелектот.
     
    На kikikikirika, Gosh, Aleksandar1212 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Би сакала да додадам уште нешто во врска во воведниот пост.

    Апсолутно не ги осудувам луѓето по надворешниот изглед, секој има право да се облекува, шминка и изгледа како сака.Ниту ме интересира, ниту се замарам.

    Поентата ми беше што кога ситуацијата е обратна?
    Зошто некој би ме осудил како шмизла ако сум секогаш средена и обрнувам внимание на својот изглед?
    Зошто не би можел човек да има интереси во повеќе сфери од животот и истовремено да прати мода, ужива во шопинг и слично?
    Тоа во никој случај не значи дека нема други амбиции и знаења или дека е ограничен и глупав.

    Од неколку досегашни искуства би рекла дека кај луѓето владее предрасудата -или си убав или си паметен, или се` што ќе постигнеш во животот не е со твоите знаења и напорна работа, туку со изгледот.
     
    На GoodGirl45, 1209, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.549
    Допаѓања:
    14.916
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од повторување, што е кажано во последниот пост, е кажано и со првиот воведен. И самиот одговор е даден, зошто би некој?. Затоа што е поставено она зошто.
    А пред да се изјаснам, ќе уфрлам друго нешто. Зошто толку е важно мислењето на околината за вас лично? Внимание да се обрне на закосеното "лично", затоа што тоа е придавка која само многу малку луѓе можат да ја употребат за да опишаат една личност. Сѐ друго се само шпекулации базирани на неосновани основи.

    Тоа што живееме во општество со стереотипи и застарени, закоравени мислиња е еден дел од пробелмот. Другиот дел е она младо општество, што од ден на ден се слева сѐ повеќе со толпата во која вредостите си ги смениле местата. Освен тоа, сите знаеме колку е тенка границата помеѓу пристојно и претерано, да не речам несоодветно/вулгарно. А постои непишан "дрес код" за сите институции, во случајов образовните, со кој е нормирано облекувањето.

    Па која е поентата да се мешаат баби и жаби, негирајќи се меѓусебно?
     
  15. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    ne me jebi fakuletot bilo mesto za steknuvanje navika za sminkanje ...Taa navika moze da se stekne i porano i pokasno i nikad.Nosenjeto sminka,stikli,kostum,sakoa,kosuli,obicni bluzi,dzemperi ne te pravat nit glupa nit pametna.A so se tice mrsnata kosa luge na rabota odat takvi (na nekoi polezerni mesta) ne pak na faks.
     
    На theowndemon, Crna Dama и Miss666 им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Во средно шминкањето е дискретно, а ти изгледа немаш навика и не се шминкаш, па се навреди.
    Одат зошто не стекнале навика претходно да ја измијат.
    @Beauty.Mar таквите зборови, па да речам и навреди доаѓаат од тие што не се шминкаат. Ете пример ќе ти дадам, седиме неколку колешки. Јас и уште две нашминкани, другите не се. Поминува девојка, убава, убаво нашминкана и овие без шминка веднаш почнуваат со види ја во 5 ли станала за да се шлака со сенки ? Дали е нормална ? Јас нема шанси да станам и да се шминкам.
    Пуста љубомора, пуста да остане :).
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
    На Dream-Girl и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    pa koa si student i ucis do niedno vreme ili se zurkas vo niedno vreme nema da ti tekne sabajle da stanuvas rano za da se sminkas realno.Ne e deka ne nosam sminka si nosam mininalno zoso nemam potreba senki i estravagancii da nosam na faks/rabota a taka nasminkana i vo disko da odam.Kako i da e sminka na faks imam noseno mn retko i pod sminka podrazbiram pudra maskara i karmin i nit toa me pravelo glupa na faks nit pametna ako me sudele me sudele po ocenkite.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Искренп не ми е грижа како те суделе и како те правело тоа. За шминкање треба 10 минути, ако ти треба 1 час, бавна си и гарант многу грешки правиш. Да не се реплицираме веќе, држи се до темата.
     
  19. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    pa temata e sminkanje oblakanje i nadvoresen izgled povrzan so intelekt.Primer pudra ruz senki tus maskara karmin i crtanje na vegi ne se pravi za 10 min ;) poveli prasaj nekoj od vasata sminka niz sliki.A sto se tice toa mene kako me sudele ako me sudele ima vrska so temava taka da use 100 takvi posta ke napisam ako sakam.Meni mi smeta tvoeto osuduvanje kon zenskite so ne nosat sminka isto ko tebe so ti smeta toa mene moze da mi smeta toa tvoe bitchy mean girl osuduvanje.
    Pozz
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.973
    Пол:
    Женски
    Сите ние помалку или повеќе имаме одредени претпоставки за луѓето пред подобро да ги запознаеме, без разлика дали се работи за мажи или жени. Мислам дека тоа несвесно го правиме, во обид да креираме слика за она што се наоѓа зад физичкиот изглед.

    Конкретно за предрасудите за убавите и средени девојки, мислам дека поаѓаат од тоа дека убавина и интелигенција не одат заедно во пакет. Штом една девојка секогаш е средена, веројатно има вишок слободно време, а штом има слободно време тогаш не прави ништо паметно во животот, и штом секогаш е нашминкана тогаш веројатно несесерот ѝ е единствениот интерес во секојдневието и сигурно троши повеќе пари на тоа отколку на било што друго. Или ќе разгледува Авон каталог, или ќе чита книга, двете заедно не одат :)
     
    На theowndemon, eliesaab, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.