1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надвор од мапата (Off the map)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од kitty.lover, 6 јули 2012.

  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Надвор од картата (Off the map) или На крајот на светот (како што ја преведуваат на Фокс Лајф) е нова не толку позната американска серија. Започната е во почетокот на 2011 година, и до сега има само една сезона со 13 епизоди.
    Се работи за една болница која работи со минимални средства и во минимални услови, а во поголем број на случаи и со богатствата која што ги дава природата. Таа се наоѓа во Јужна Америка, а нејзината местоположба е во едно село длабоко во џунглата, до каде што е тешко да се стигне, исто колку што е тешко да се биде дел од тимот и да се работи. Што се однесува до тимот, него го сочинуваат мала група на постојани доктори кои што независно што специјализирале се занимаваат со лечење на секоја вид на болест што се појавува кај населението. На одреден период, нивната помош се зголемува со тоа што им праќаат нови доктори од Европа и САД кои што во најголем број случаи се пратени тука да ја оправдаат причината поради која треба да бидат доктори, кои што претходно ја разочарале и треба да се докажат за да опстојат.
    Така всушност и започнува серијата, со доаѓањето на тројца нови доктори.
    Сите оние кои што ја сакаат и гледаат Вовед во анатомија, ова е серија за нив, поради поврзаноста со медицината и снаодливоста во тие услови. Како и секоја друга, така и оваа серија изобилува со различни односи меѓу персоналот и населението на тоа село, во поглед на пријателство, омраза и се разбира љубов. Меѓу другото, задоволни од истата би биле и љубителите на природата поради пејзажите кои се понудени. Исто така да напоменам дека во серијава еден дел се одвива и на шпански јазик, поради тоа што најголем дел од населението што живее таму го зборува тој јазик, така да постои и превод во исто време од страна на докторите или еден тинејџер кој што им е преведувач.
    Серијава иако е релативно нова, можете да ја пратите на Фокс Лајф секој ден од 16:45 часот, моментално се до четвртата епизода.
    Еве и некои слики.
     

    Прикачени фајлови:

  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Звучи интересно. Моментално гледам друга серија, прикрај сум, ама штом заврши ќе ја симнам оваа.
     
  3. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Имам изгледано неколку епизоди и навистина е интересна.