Надминат термин за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од katalina, 17 април 2013.

  1. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не сретнав ваква тематика низ форумов,ја отварам оваа тема за споделување на искуства и совети околу надносени бебиња :) Jас го надминав терминот веќе недела дена и најверојатно ќе одиме на индуцирано породување со провокација.Ме интересира се во врска со овој тип на породување ( каква провокација ви ставија,за колку време почнаа болките,што ако не се отвараш...).
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Мојата кумашинка незнам што прави :?: а глупо ми е да се мешам. Терминот и беше 5 Јули, сега сме 24ти(замина денов) да речеме 25ти....тоа се 20 дена. И тој докторот пред 2/3 дена на контролата и рекол се е ОК ќе си чекаме.
    Јас искрено не би чекала повеќе од недела до 10 дена. А не па 20 дена....многу е бреее, недај боже некоја последица да бидне од тоа.
     
  3. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    85
    Еве мене денес ми е термин ,па ке видиме како ке испадне дали буцка моја ке сака да излезе :lol: :rofl: Вчера бев на ЦТГ на ГАК ме прегледа докторката и рече се е во ред ме прегледа вагинално не сум била отворена и ми рече да одам за 2 дена
     
  4. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    220
    Мене ми беше надминат терминот за 10 дена. Но поради нередовните циклуси, докторите не можеа да ми одредат точен термин за породување. Последните 10 дена одев скоро секој ден на преглед и цтг, и се беше ок, имаше доволно плодова вода, јас не бев отворена и затоа чекавме.
    Јас додуша знаев дека со царски ќе се породам, ама докторов сакаше и да пробаме прво природно. Кога видоа дека мојава мала нема абер од искачање закажавме царски.
    Мислам дека не е опасно, се додека се следни секој ден од надминувањето на терминот.
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.221
    Пол:
    Женски
    Мојот доктор (Ложанковски) ми рече дека терминот може да се надмине најмногу 2 недели. Преку сила 15 дена. Братучетка на моја другарка се породи 15 дена после терминот. Терминот и беше на 25-ти Април, а се породи на 10-ти Мај, минатата година. Велат дека ако носиш машко ќе го надминеш терминот, а ако носиш женско ќе се породиш пред терминот. Но, не мора да значи. Јас родив машко 6 дена пред термин. Сестра ми роди ќерка 7 дена после термин. Нема правила.
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    Јас родив женско 7 дена после термин :lol: .
    Мене исто така ми беше поминат терминот, бев на ЦТГ, немаше контракции, водењакот цел, отворена 1 прст :( . Ме задржаа на патолошка, си лежев една недела таму, и си добив 3 провокации. Едвај третата провокација имаше дејство, за пола саат ги добив болките, се отворив 12 прста :o и за 2 минути се породив како од пушка.
    Многу се нервирав дека ми е надминат терминот, а да знаев дека со провокација толку лесно се раѓа, ќе молев господ да раѓам така...
    Шала на страна, во секој случај е најубаво природно да си родиш, спонтано да си добиеш болки но и вака не е ништо страшно. Дури (пак ќе кажам), породувањето е стварно многу побрзо. Цмокче
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    SummerGirl, и јас си знам за 14дена +
    Ама еве 27ми сме, значи 22дена се во прашање :?:
     
  8. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Eve jas se porodiv 13 dena posle termin so devojce.Mislam deka polot nema nikakva vrska so toa dali ke rodis pred ili posle termin.I mene me 'cuvaa' edna nedela,bolki nemav,otvorena edvaj 1 prst...13ot den posle terminot mi stavija provokacija od koja nemase efekt,pa istiot den zavrsiv pod noz.Ne smeea poveke da me cuvaat,rizicno bilo za zdravjeto na bebeto.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.221
    Пол:
    Женски
    Баш ме чуди што уште не се породила. Можеби докторот и го згрешил терминот за породување.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Во случај бебушко да го надмине терминот, ќе чекам 1 недела...односно онаа разлика во броење. Ако не по една недела дефинитивно ќе барам провокација.
     
  11. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    10.235
    Пол:
    Женски
    мене термин ме е на 20 овај месец но мојава нема абер да излегува почнав да се нервирам :doh:
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    Нема што да се нервираш , бебето кога е спремно ќе си излезе :)
    Па и до 20 имаш време и ако го надминеш терминот не е страшно ;) се толерира и до 14 дена после термин ... така да опушти се , бебето ке си излезе и ке си имаш полни раце работа
    До тогаш уживај си :)
     
  13. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    10.235
    Пол:
    Женски
    ако го надминам терминот еден ден ке одам со провокација не мозам да чекам повеке :lol:
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.933
    јас се породив 42 недела :rofl: така да уживај те с исо провокација вештачки само повеќе ке ве боли
     
  15. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    I jas se porodiv 42 nedela, i toa carski. Ne osetiv sto se toa porodilni bolki,no zatoa pak gospod go vidov koga pomina anesteziata i koga trebase da stanam od krevet.
     
    На адријана0 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    имав термин 07,06 а се породив н а23,06 знаци на 16 ден над термин со провокација лепота наша си дреми внатре убаво и е до 6месец крварев ја задржувавме со прогестерон на 8 сакаше да излева пред време ја спречивме е после :D :D она си играше со нас
     
  17. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Читам сега има начини да се "потикне" пораѓај.
    1. Пешачење (сила на гравитација го влече бебето надоле и од притисокот може да се добијат контракции)
    2. Секс (Во семената течност има prostaglandins што помага за отварање на цервисот,и оргазмот ослободува окситоцин што потикнува конракции)
    3. Масло од рицинус (3л-ки ама мора да се земе во предвид и дека може да предизивка диареа)
    4.Зачинета храна исто така може да предизивка контракции (или киселини ;) )
    5. Стимулација на градите. Ова е нај напорно од сите. Во денот 3 пати по 1час се стимулираат брадавиците, ова ослободува окситоцитн и предизвикува контракции
    Па ако ви е поминат терминот прошетајте со мажето, галење, играње со градите ваму-таму, секс, нешто лутко за ручек и на крај масло од рицинус и после чекајте. Или ќе имате бебе или диареа и киселини :lol: :lol:
     
    На Shelea, gjoker4e, Draginja и 2 други им се допаѓа ова.