1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надомест за годишен одмор к 15

Дискусија во 'На работното место' започната од vinozito1, 24 јуни 2014.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Од оваа година треба да се почне со исплата на надомест за годишен одмор к 15.Некаде исплатата била завршена.Кружат разни информации дури и во јавните гласила.Рок било крајот на јуни ,други пак крајот на летото.Се сомневам дека во фирмата каде сум вработена нема да има исплата.
    Па феминки да споделиме тука дали некоја зеде к 15 ?До кога точно ќе трае исплатата,и дали воопшто ќе ја има. :wasntme:
     
  2. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    и јас читав за тоа к15 и ме интересира совет од некој правник или поискусен со законот за работни односи дали ти треба стаж за да ти исплатат к15 конкретно јас сум вработена на определено време од 6месеци од јуни месец и дали ми следи за толку кратко време и за да ти следи треба да си на трајно со неопределено по договор или нема врска тоа :o ?
     
  3. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Дали к 15 ке земат и вработените во државни фирми?
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Како што разбрав дека К15 треба да исплатат до крајот на годината, и ке има казни од 2000 до 4000 евра за фирмите што нема да дадат к15. Е сега мене едно не ми е јасно, ај ке ни го дадат, но прашање ќе биде дали ќе треба да им ги вратиме, ќе видиме.
    Мислам дека К15 ке има само во приватните фирми.
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Надоместот за годишен одмор треба да го исплатат само приватните фирми.
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Ние добивме денес, 9000 денари.
     
    На tessie, mal.ecka, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас искрено да ви кажам ич не се радувам на ова. На прв поглед одлична замисла, ќе си речеш крајно време беше веќе ама од друга страна како и се' останато во Македонија и ова не е до крај целосно завршено и како со се' друго можат да се прават многу малверзации. Едноставно самата држава дали намерно или ненамерно остава простор за "грешки". Ама ќе да е намерно.

    Прво, сигурна сум дека ако не сите ама 95% од приватните фирми ќе исплатат К15. Е сега, тие ќе префрлат пари на сметка за колку да се има доказ дека ете исплатиле, АМА ретко кој навистина ќе ги даде тие пари. Пола ќе им речат на вработениве да ги вратат откако ќе ги подигнат (и ова го слушнав), а пола ќе им кратат од плата цела година после. И секако никој нема да се побуни зашто сите приватни фирми се врзани со инспекцииве. И ете на крај ќе се фалат дека исплатиле К15. Жими мајка.

    Второ што не чини во законов е казната која следува на фирмата за неисплатено К15. Штом му даваш парична казна пиши пропало. Казната треба да биде клуч на врата. Е тогаш мислам дека малку повеќе ќе се замислат. А парична казна тоа се знае како ќе биде, кој ја платил, кој не ја платил казната, се заташкал случајот, фатил луѓе, фрлил нешто минимално кеш и толку, никому ништо на крај. Луѓето пак ќе си работат, К15 нема да добијат. Ова е јасно како ден и го има секојдневно за многу поголеми работи, а не па за К15.

    Приватниот сектор во Македонија уште долго ќе остане на ова ниво, зашто на државата и' одговараат некои работи, а ваквите закони се само мачкање очи на народот, за жал.

    Со чест на исклучоци кои навистина ќе исплатат пари. Ама мислам дека ќе бидам премногу ретки.
     
    На esperansa777, Dvolicen и RainBow им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    ^Жалната вистина. Веќе негде им рекле кога ќе им исплатат ги очекуваат парите назад.
    Што да се очекува кога уште се функционира на принцип, ти пушта пола плата на сметка да му ја вратиш, а те плаќа на рака, или пола на сметка, пола на рака, или те пријавил на минимално, а остатокот на рака, или... Ехее колку сакаш дупки и измрдувања. И после надоместок ќе ти плати. Хах.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Во право сте.Додека ние работниците мака мачиме со работодавците,кои само гледаат да најдат начин да не искористат максимално,инспекторите си се на одмор.Гајле им е.
    Само до кога вака?
    Што со генераците што доаѓаат?
    Зошто воопшто се донесуваат закони за кои однапред се знае дека ќе бидат прекршувани?
    Ако не добијам надомест за годишен одмор ќе пријавам, исто и ако ми побараат да го вратам.
    Инаку ние се уште не сме зеле к 15, едвај денес земавме минимална плата за мај.
     
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    И јас делам мислење дека (се) дигна непоребна фама околу доделување на к-15 .Не го знам законот и да не шпекулирам околу тоа ,сметам дека не е убаво издефинирано со казните.Доколку една фирма плати казна (карикирам, 4000 еу ) повеќе и се исплати да ја плати казната отколку да даде к-15 на сите вработени (ако се многу ).
    Околу плаќање па враќање на пари :^) (постои сеуште таква уцена ? ИСКРЕНО !) .Тука се виновни самите работнци ,има институции што тоа можат да евидентираат .Народниот првобранител (мислам) дека тука може да реагира :!: .
    Јасно ми е дека има мн невработени ,што работат за мала плата и ги начекуваат во ситуација (кредит,кредитна и некој долгови према банки,извршители ,или тешка економска ситуација дома... ) па ги уценуваат .Но секој треба да е разумен и да се спротистави на нерални и невозможни работи од работодавците .За вакви работи секогаш ги зимам пример Грците :bow: .Да не мешам политика туку ги имам забележано дека за работничките права многу се подржуваат,работи сојузот во нивни интерес и протестираат .Кај нас јас сеуште не видов некаде јавно да се изјаснат од ССМ во врска со доделување на К-15 од приватните фирми и да дадат објаснување што следува,кога,колку.... :fubar:
     
    На vinozito1, Lovely93 и Lavander им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Законов е изгласан или?
     
  12. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Да изгласан е и некои фирми веќе почнаа да го исплаќаат регресот за годишен одмор.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Да, изгласан е законот и демек мора сите да исплатат к-15 ако не и казна ќе добијат и пак ќе ќе мора да им дадат на вработените к-15. Ама и за ова има спас за работодавачите за жал, вчера една комшивка се пожали дека работодавачот им пуштил пари и им рекол да му ги вратат на рака а за нив да си задржат 3000 мкд????? Инаку во конфекција работи.....ова ќе испадне нешто слично како законот со кој платата мораше да биде исплатена до 15 во месецот или така нешто ( ќе се заборави или ќе најдат начин да го заобиколат и него).
     
    На Lovely93 и tessie им се допаѓа ова.
  14. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    До кога треба да бидат исплаетени парите? :$ :)
     
  15. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Прво за да ти помогне државата треба прво да сакаш да добиеш помош. Ако никој не се пожали и не искочи да сведочи како ќе може државата да докаже дека тој ви ги земал парите назад? Исто као некој да ви влезе дома и ие од страв не пријавувате, како државата да го гони. Дури и да дојде државата да ве праша земавте ли К15 вие од страв ќе кажете земавме, и како понатаму државата да постапи?
    Она што треба да го направат работниците во такви ситуации е да го пријават случајот во инспекциските служби за да може државата да превземе дејствија.
    Е, сега тоа што се плашите е ваш пролем, ако се плашите нема пари. Јас велам подобро да живееш еден ден како лав, отколку цел живот како кукавица.
    Најлесно е да се кука по комшии и да се тврди ма они се се поврзани, каде можам јас со газдата да истерам правдина. Може и тоа како, ако вака размислувала и Клара Цеткин, сега сеуште жените ќе биле во незавидна положба во однос на мажите и ќе работеле по 15 часа на ден.... Можеби некогаш ќе речете јас како поединец неможам ништо да сменам. Можеш и тоа како, и најдолгиот пат заочнува со еден мал чекор, само треба да сакаш да промениш нешто, да бидеш горда и да не дозволиш никој да ти го гази достоинството. Може да те напушти, можеш да останеш без пари, но доколку останеш без достоинство, џабе ти се парите.
    Сите сме поединци но ако се здружиме множеме да промениме многу работи.
    П.С Некој праша до кога треба да се исплати К15, рокот е до нова година.
     
    На Hipica и vinozito1 им се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Многу убаво кажано уште во пракса да беше така.На која држава да и се жалиш на кои инспектори кога сите се поврзани едни со други.И точно е дека еден неможе ништо да направи а кој со кого да се здружи кога во нашава држава ништо не функционира како што треба,само се злоупотребува нашиот труд.Секој се бори за тоа парче леб кое му е страв да го изгуби бидеќи е тешко да се живее во оваа држава.
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Во право си, ама уште и да се пожалат и тек тогаш ќе останат без работа...со нашава држава ...ако некој ја изгуби работата со достоинство нема да се нахранат.
     
  18. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Ќе го сонуваме к-15 изгледа само
     
    На Simona Dzoleva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Јас земав к-15 овој месец. Работам во Германска фирма.
    Со исплата почнаа уште од Јуни месец а ќе завршат до нова година. Поделени на неколку групи според тоа кога си влегол на работа. Јас бев во втората група. Земав 15.000 денари к-15. + редовна плата и ми ги доплатија часовите што не ми беа доисплатени во изминатите 8 месеци.

    Знам и други фирми што исплатија к-15. тутунски комбинат 22.000 денари к-15.

    Работниците во маркет, текстилните работници, таксисти и сл. мислам дека се најмногу загрозени.

    Овие два дена имав можност да ја видам реалната слика во фирмата. Делегацијата од странција доаѓа и се работи вредно и напорно.. ви пријатна атмосвера и се.

    Затоа, заклучок, од главата си патиме, за сите неправди и случување. Македончето е :clap: т.е нашите менаџери и шефови.


    толку.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ayda0233

    Ayda0233 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Барем во приватните фирми ќе зимаат К-15, а државните... Ова е дискриминација !