Здраво друштво, знам дека на многумина им е од голема помош тоа што го добиваме од скенираните фискални сметки. Затоа, со дозвола на модераторите, ја отварам оваа тема, за да јавно си ги ставаме вишокот фискални сметки, на некои многу ќе им значат. Едноставно сликаме фискална, ја ставаме овде и кој ќе си ја види прв, нека си ја скенира да немаме расправии за праќање во ЛП и слично. Ако се согласувате, еве, да започнеме. Да си помагаме една на друга
Знам дека сите го прајме ова, ама криминал е. Ич не мислам дека е паметно да стои вака јавно тема. @RainBow консултирајте се со 'правно одделение'
Никаде не стои кој колку може и од каде да скенира. Сите што работат по кафичи, маркети, бензински и сл, си зимаат за дома и по пријатели да скенираат.
Не гледам тука криминал исто како што си споделуваме со блиските така и тука. Зошто да ги фрлам фискалните кога на некој можам да му помогнам?
Ама тоа се пари од буџет. Пари кои можеби некому навистина требаат. Морално, би била согласна, јавно да се 'донираат', на финансиски загрозени семејства/поединци.
Пак се тоа наши пари, подобро да ги земе некој од нас отколку да останат на државата. Сигурно нема да се донираат на некој социјално загрозено семејство, болно дете...
Ама не е во ред тоа. Ако крадат сите, не мора и ние. Рачунај, 1.800.000 по 1000ка... И после чоек со таков менталитет, ќе ни дој на власт. И ќе сфати дека можи еден куп илјадарки да собери. “Ко можат другите, оти не и јас?“ И ете ти пропадната Македонија... ----------------------------------- Мислам, вие си знајте... Или сменете, или престанете да кукате колку 'не чинела државата'. Ние сме државата.
Ама никој не краде пари бе, она поштено си ја платила и сметката у ресторан и за бензин и што ти јас знам. Не ја украдовме, ниту сосила ги даде. Јас сум сигурна дека и тебе ти даваат другарките ако надополниле или скенирале. Јас моите сметки и ги давам на мајка ми, јас не скенирам, зошто скоро невозможно е да ги собереш сите пари од сам човек.
Не ми се верува дека некој фати да се буни за 1.800, државава милиони ги има, батали тоа што луѓе работат по 8 часа за бедна плата па сега ова било криминал, ништо еден или двајца нема да оправат, во се мора мана да се најде..