Zdravo! Moze li nekoj da odgovori na ova: se javuva lice i veli pokojnikot mu dolzi 2000€ i bara od kerkata na pokojnikot da mu gi vrati parite.Za toa nema nikakov dokument osven sto kazuva deka za toa imal svedoci!Neli vaka sekoj moze da si pobara koj kolku saka velejki deka pokojnikot mu dolzi nekoja suma na pari!?
Без никаков Документ,дека покојниот должел,не може ама баш ништо.Ти кажи му дека покојниот ви кажал дека тој што ви ги бара парите му должел 10к евра,и дека има сведоци,а тоа сте вие.Пријави во Полиција,ова смрди на тежок преварант.
Умрел човекот-умрел и долгот. Кажи му на човекот да гледа народни приказни Доколку пак ве вознемирува, пријави го во полиција.
Vi blagodaram Blagodaram.Ubavo e da se znae Blagodaram za odgovorot Vi blagodaram ,barem sega znaeme kako stojat rabotite.pozz
И мене ми должи, да му е лесна земјата. 5000 евра ако може? Игнор му стави, сведок можам и мас да бидам а не го ни знам човекот. Не за џабе пари на рака не се даваат веќе никаде. Нема доказ нема долг.
Во согласност со одредбата од членот 83 ставот 1 од Законот за сопственост и други стварни права, наследникот одговара за долговите на оставителот до висината на вредноста на наследениот имот. Во ставот 2 од истиот член е пропишано дека наследникот кој се откажал од наследството не одговара за долговите на оставителот, а доколку пак има повеќе наследници тие одговараат солидарно за долговите на оставителот и тоа секој до висината на вредноста на својот дел од наследниот имот, без оглед на тоа дали е извршена делба на наследството. Според оваа законска одредба, може да се заклучи дека доверителот (ако навистина станува збор за доверител) може да бара наплата на своето побарување од секој наследник само до висината на вредноста на имотот што тој наследник го наследил. Во конкретниот случај, доверителот што има побарување спрема оставителот, може да поднесе барање за наплата на своето побарување против секој наследник, но тоа може да го оствари во постапка за извршување само до висината на вредноста на имотот што тој наследник го наследил, но претходно доверителот мора да го докаже преминувањето на оставината врз наследникот.
Додека оној кој се претставува како доверител не достави валиден документ за должничко доверителски односи, неможе ништо да бара. Дури, мислам дека може само да те извести усно, а останатиот дел (намирување на долгот) оди преку адвокат.
Како вака советувате?! Умрел човекот - умрел долгот?! Би живееле со тоа?! Ми се случи истото и си ги наплатив парите. Докажав. Сведоци со изјави на нотар, па и се случи и друго лице на кој должел. И тоа е... Се договоривме, потпишавме како ќе ги враќа и ги врати. Па уште и во полиција да пријави?! Жал ми е за загубата и нека почива во мир, ама на некои луѓе може парите за лек им требаат, а ги дале во доверба и треба да се биде човек пред се. Па уште и виновен зошто пари дал и се нашол во ситуација за помош и сега нисам одавде. Што е виновен тој што некој дома имал нарушен и неотворен однос?! Какво воспитување и морал е ова? Расчистете го случајот, разберете што е вистината и вратете ги парите каде што припаѓаат ако е вистина. Тоа е исто како да најдете пари на банкомат или паричник со пари и плус документи и не ги вратите на сопственикот. Можеби парите кој му ги дал на вашиот татко биле за да ве нахрани или да ви плати школување. Можеби него му се потребни сега за лек. Никому не му е драго да врати сума на пари, ама не треба да се поаѓа одма од моментот дека е преварант и дека не е вистина. Не знаете што правите со таквото однесување. Како размислувате праволиниски и несовесно?! Ако можете да живеете со совеста дека некој некаде сте оштетиле намерно или ненамерно, онда супер.
Објасни им едноставно... аки наследиле од него имот, наследиле и долгови. Со сведоци ќе докажува, ќе се тужат... ако сте зеле имот и долговите враќајте ги.
Aпсолутно да. Ако не, следниот чекор беше преку извршите кој ќе значеше и камата, но и награда за извршителот. Ама секако, ко што кажав изјави на нотар, писмо преку адвокат. Ако не одговори, уште еднаш, веќе третото оди на друго ниво, не би знаела како, зошто се појави на првата покана за средба. Склучуваш договор со сведоци, заверен на нотар и тоа е тоа. Парите дадени на рака, без писмено инаку. Така да... за СЕ има начин. Имам уште еден случај ваков, немам време баш, па фати коронава, но ми е на агенда и таму па особено нема да простам. До душа тој па и жив е, ама по ист начин ќе постапам, па да видиме дали нема да ги даде. Најмнгоу нервира тоа правење на наудрен, си му се нашол кога му требало и сега така? Сори. Такви уличарски однесувања, па уште и мавање по капата - па што си ги дал без доказ, кај добар па и крив?! Да не се чудиме после што ни се случува во животот кога сакаме да се правиме мангупи.
Наследникот е должен доколку го прифати наследството да одговара за долговите на оставителот во висина на наследството. Значи, доколку постои валиден документ дека оставителот должел сума на пари, или доколку постојат цврсти докази со кои шо можи да се докажи на суд дека долгот постои, тогаш да, доколку сумата што ја должел оставителот не ја надминува вредноста на наследството, треба да се врати од страна на наследникот.
Бил совесен па потпишал на ново договор иначе со изјавите на сведоците тешко дека ќе помине на суд. За извршител да не ни зборуваме. Сепак, супер што си ги наплатила средствата.
Беше соодветно поучено и поткрепено. И на суд ќе поминеше, ништо не правев на непроверено, а плус што беше психолошкиот момент. Кој и гарантираше за исходот? Си донесе и адвокат. И добив совет за тужба за превара. Плус што се јави и уште еден на кој му должел. Сакам да кажам, си ги проверив фактите и прашав се каде како и што треба. Можда имав и среќа, не знам, ама пројде. Сепак не живееме во Тунгузија. На крајот од денот и да не ги наплатев и да не поминеше на овој суд тука - личниот суд и перницата на која ќе спие, мојот глас и револт ќе ја гонеа доживотно, тоа со сигурност. И не значи дека ако нешто не помине на суд и си свесен за тоа, а си свесен и дека си должник, не треба да го направиш. Тоа е свесност на ниво на амеба и нечовечност. Не треба да дојде суд и да ти каже што е исправно, ако сам не си свесен што е не си човек. Нејсе, нисам одавде не проаѓа. Си има начини. Ништо не мора да е на писмено за да се докаже, а и да не се докаже, како ќе го продолжат двете страни животот они си знаат. Не проаѓа моментот баш ќе им биде гајле, зошто сум видела и резултат на немање гајле како оди на друг левл. Балансот кога тогаш мора да се направи. А најмногу ме нервираше моментот, де бе за парите ли ти е? А тебе не ли ти е што не сакаш да ги дадеш? П.С. А ако не пројде по легален пат, има и уличен, кој не е многу пријатен, но ефикасен. И при тоа го прават луѓе од законот, јавна тајна е. Милом или силом.
Од една страна да, можеби татко ми ги земал парите да ме школува па треба да ги враќам. Од друга страна можеби човекот што ги зел парите не ги искористил за децата, децата не наследиле наследство и достате со срцепарателни причи дека треба да ги вратат парите по секоја цена. Не ја знаете приказната. Некогаш и покрај тоа што му се деца не значи дека треба долговите од родителот да ги расчиствуваат. Има ситуација и ситуација.
Ако не сакаш да ги враќаш долговите на родителите, ќе го отфрлиш наследството. Ама, во спротивно, чим си го прифатил наследството, мораш да ги вратиш долговите каква и да била причината заради која настанале.
Јас колку што гледам во коментарот напишав дека можеби децата не добиле наследство така да не знам зошто не читаш што пишувам. Милом или силом ќе ги земеле парите, а може детето не добило ни денар наследство. Сељачка македонска работа.