1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство над жената

Дискусија во 'Психологија' започната од pupi.girl, 9 август 2013.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Иако ова е една почувствителна тема, јас би сакала со вас да споделам една случка, нешто што ми се случи и предизвика кај мене тотално да го променам мислењето за една личност. Најлошото што може да и се случи на една девојка, мајка, жена, сопруга е да биде удрена. Мислам дека нема ништо полошо од тоа, посебно ако такво морбидно нешто е направено од лице од спротивниот пол ( би требало да размисли дали припаѓа во спротивниот кога кренал рака на женско).
    Јас сум била удрена и имам модрица на ногата, од лице од спротивниот пол. Му кажав дома, татко ми збесна... Другиот ден се јави детето да се извини... ама не е тоа тоа. Татко ми вика колку и да провоцира женско, колку и да е крива, машко не смее да се осуди да ја допре со рака... Што мислите вие...
    Јас сум до некаде крива, ама и тој е. Очекував дека ќе ме удри... Прв пат како му се случило тоа, ама еј за се има прв пат... Ми рече дека многу се каел, ама залудно е... По лошо ќе си се паметиме и тоа е тоа.
    Има и полоши случаеви, ова моето е можеби ништо во споредба со тоа што му се има случено на некоја друга, но ве молам бидете внимателни, не сакам никоја да доживее вакво нешто, зошто модринката не боли колку што боли помислата дека ТОЈ можел такво нешто да направи. Ако почувствувате било каков обид за удар, неконтролиран бес, многу викање... бегајте... спасете се пред да биде доцна.
    Ако има ваква тема, се извинувам, избришете ја :)
     
    На Lolo5 и Emily Dora им се допаѓа ова.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Насилство над жене за мене е најниското нешто што може да излезе од машко.Шамар залепен од машко за мене е повеќе како морална девалвација отколку физичка болка.

    Досега никој не ме удрил,но и не би издржала да ме удри.Тој удар за мене би бил како да ме срамнил со земја,од болката која би ми ја нанела постапката,физичката болка не би ја ни почуствувала.

    Е сега знаејќи што замене значи удар од спротивнит пол, можам да претпоставам што за нив значи удар од женско.
    Еднаш дури и разговарав со еден другар на оваа тема и тој велеше- колку е за тебе ниско да те удре машко, толку би се чуствувал и јас безвредно и девалвирано да примам удар од женско.

    Затоа јас иако сум таква импулсивна,избувлива, често знам и да испровоцирам некого,да навредам,се трудам никогаш да не кренам рака, но доколку при расправија во која јас не бирам зборови,поточно ги бирам точно оние кои знам дека ќе го повредат, добијам удар-би го сватила машкото иако не би му простила ни себе си ни нему
     
    На Lolo5, Someonespecial и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  3. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Според мене насилставото не е ништо друго освен искажување на немоќност, кога мажот е немоќен да направи нешто друго. Тоа е толку ниско, толку кукавично, затоа што вистинскиот маж не би кренал рака на жена ! Се повеќе има случаеви на семејно насилство, а се помалку се пријавени и обелоденети.Жените се плашат да го пријават насилството те поради децата, те поради општеството, но кога ќе размислат подобро ќе сватат дека и децата не се среќни кога го гледат тоа, а народот секако ќе си најде тема за зборување. (малку забегав од темава) Како и да е што и да направи една жена не е доволно цврста причина за мажот да крене рака на неа !
     
    На Lolo5 и Emily Dora им се допаѓа ова.
  4. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    Мене ми се има случено, не еднаш туку сто пати и тоа од бившиот, ќе речете што уште првиот пат не сум му раскинала. Да, му раскинав ама не траеше повеќе од 2 дена. Веќе месец дена не сме заедно, а јас уште го сакам. Ќе речете дека сум глупа, како можам? Незнам ни јас како. Секако дека ме боли, ме болат спомените. Ме боли се кога ќе се сетам на тие моменти. Плачам како мало дете, 3-4 пати запаѓав во сериозна депресија. Бев целата модринки, по лице, тело. Душата ми е разболена од некоја тешка болест. Неможам да најдам мир во ништо. Ретки се моментите кога ќе се опуштам до крај.Почнав да пушам и пијам. Не гледам дали е викенд или не, се опивам, легнувам и заспивам, сама. Тоа ми е единствениот начин, да избегам од овој свет. Колкав гад е, неможете ни да замислите. Неможете да го препознаете што и каков е, никогаш неможете да знаете со кого си имате работа. Ништо не ми преостанува освен да се држам силно и исправено.Главата горе, девојки.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    ^ Јас само еднаш бев удрена, над коленото и уште ми се знае модринката, му кажав дома иако детето другиот ден се извини, не е тоа тоа, јас никогаш нема да го гледам со истите очи како порано, татко ми ми рече да стојам понастрана од него и да не разговарам со него. Кога ми се јави на телефон почувствував како тој многу се кае и како му е жал, ме праша дали ме боли, ама залудно... провоцирав и јас, не знам можеби си заслужив.
    Не почнав да пушам, си пијам така за викенд колку да се речи. Не сакам да паднам под дејство на никотинот и алкохолот. Јас мислам дека треба да разговараш со психолог, така ќе ти биде полесно :*
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kameron21

    kameron21 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    никако тоа е одлика само на невоспитани мажи
     
    На Lolo5 и pupi.girl им се допаѓа ова.
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Како што кажа feminium исто така и машките се чувствуваат безвредни кога некој им залепи шамар, па 21 век е мислам дека веќе живееме во цивилизирано време без тепање ни жените машките ни обратно. За жените колку сите ги бранат кога некој ќе удри женско а за машките никој ништо. Сите се еднакви нема никаква разлика колку жената не треба да трпи насилство толку и мажот.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам никаков вид на насилство. Ни маж врз жена, ни жена врз маж, ни родители над деца итн. А ако не дај боже ми се случи такво нешто понатака, мислам на тоа мене некој да ме удри, во никој случај нема да седам мирна. Ќе вратам и јас, како што си знам, може и до тепачка да дојде, сигурно јас ќе извлечам подебел крај ама и јас ќе го истепам, не дека ќе сакам туку дека ќе морам. Мораш во таков момент да се браниш ништо друго не ти преостанува. И одма после ќе кажам на татко ми, па после нека фаќа некоја подалечна земја, некаде... накај Антартикот на пример.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Никако не ми е јасно зошто некои жени упорно трпат физичко малтретирање и не бараат помош да се спасат од таа состојба. Стварно, не ми е јасно. И на медиумите се зборува за оваа појава, а и од секојдневниот живот знам за такви случаи. Си молчат, како тоа да е неизбежен дел од животот. како да не можат без шамарче.Е јас не би трпела таков ниту еден ден, па макар да ми е последниот ден од животот.Без секого се може, а најмногу без тепачот. Да не се лажат жените: кај што има насилство, секогаш ќе го има, и треба да имаат ХРАБРОСТ да завртат нов лист во животот.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека не се осудуваат заради страв од сопругот, да не ја истепа уште толку ако дознае дека го пријавила . Се однесуваат како се да е тоа нормална појава, ама воопшто не е. :)
     
    На Anonymous996 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Исто пред некој ден гледав на тв за ова. И јас се прашував што е тоа што ги спречува да го пријават или да си заминат. Имаше жена што е физички малтретирана од мажот. И вели немам кај да одам. Ете тоа е проблемот. Проблемот е што немаат заштита од никој. Денеска ќе го пријави, ќе го викнат институцииве, демек на разговор заедно со неа, он ќе клима со главата демек "да во право сте" и на крај ќе ги пуштат дома и се знае што ќе се случи со жената. И како да го пријави? Ете немаат можеби никој ни од потесното семејство што може да ги заштити. Не знам, јас проблемот го гледам во психичката немоќ. Барем оваа жена што ја гледав на тв беше толку психички изнемоштена, толку изгледаше потчинета.. што се гледа дека во неа има неверојатен страв, не само од мажот туку и од околината.

    Џабе вели државата пријави, да треба не дека не треба ама никој не им гарантира доживотна заштита, а тука проблемот. А сите тие жени имаат и деца, па се плашат и за нив итн. Ова е како и се друго во државава наша, половично функционира, дали и половично.. за жал. А го има ова многу повеќе отколку можеме да замислиме, секаде во светот не само кај нас.
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    И двете сте во право, физичката немоќ се рефлектира и на психичка немоќ, често се поврзани една со друга. Стравот да не стане полошо ги блокира жените жртви на насилство да преземат порадикални чекори за нивен спас.

    Од друга страна тоа би значело дека ако му се одземе физичката надмоќ на насилникот најголем дел од физичкото насилство (или барем заканата со него) ќе престанат, ќе остане само психичкото насилство но тоа полесно се решава ако не постои стравот од тепање односно ќотек.

    Јас сум поборник секоја жена и дете да поминат обука за самоодбрана за самите да можат да ги разрешат најголем дел од проблемите од тој вид, впрочем полесно се бара решение кога немаш страв секој момент некој да не ти удри шамар или нешто уште полошо. Генерација одбрамбено спремни и физички тренирани жени ќе направат физичкото насилство во денешен обем да стане работа на минатото, треба само малку труд и знаење дека решение има и решението е во нив самите инаку цел живот ќе се чека помош од страна а таа не секогаш е брза и ефикасна.
     
    На 1209 и Daydream им се допаѓа ова.
  13. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Според мене во повеќето случаи нешто друго е во прашање. Види, не на сите им биле овозможени условите за живот што на пример јас и ти ги имаме уште од мали. Можеби и самата потекнува од дисфункционално семејство, живеела во немаштија, нема пари, нема услови да најде работно место со примања кои ќе ги задоволат основните потреби. Ако го напушти домот на мажот нема каде да оди. Не е лесно ни по шелтер центри, а пак уште и мало дете да води со неа.. Плус и таму е ограничен рокот на престој. Таа може и да е свесна дека не е нормално, ама едноставно нема излез или пак излезот и се гледа премногу тежок што и навистина е. Многу фактори се во игра и не е едноставно. Ете и во 21. век се случуваат вакви работи дури и на развиениот Запад. А не знам која жена со доволен степен на самодоверба, која има солидна позадина и способна сама да си овозможи примања доволни за живот ќе му седи на некој токмак да се изживува врз неа.
    Главниот проблем е во тоа што насилниците не добиваат соодветни казни и ограничувања од надлежните органи.
    Тоа за физичка обука.. таа што може финансиски да си дозволи ќе ти дојде на обука.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    А што е со жените кои се финансиски моќни и во секој момент можат да го остават мажот кој ги малтретира и да живеат лагодно ? Верувајте многу такви примери има .
    Проблемот е во менталитетот , за да не ја етикираат како разведена ...
    Тренинг и физичка обука е добро за кондиција и како жена да можеш да се одбраниш ако се најдеш во лоша ситуација , но зарем треба да се браниме од човекот кој би требало да не чува и штити :^) решението е во умствено ослободување од предрасуди и стереотипи , секоја жена треба да се бори за својата среќа и да има црвена линија до каде ќе прави компромиси само за да биде во брак :worried:
     
    На ♡BuBaLe♡ и kukla21 им се допаѓа ова.
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Точно е дека има и такви, знам и случај од поодамна за кој не би навлегувала, ама далеку од тоа дека се работи за менталитетот, туку за поимањето на личноста. Ако сам не сакаш да си помогнеш, тука веќе кого да обвинуваме? Пожално е за оној кој не може сам да најде решение и не добива внимание од никого, отколку за оној кому се му било на дофат на рацете, а одбил.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Многу жени кои немаат средства за живот и се малтретирани , и да имаат средства пак ќе останат оти нели ќе биде распуштеница со дете :drunk:
    Па влегува во филм дека е добра сопруга и жртва во име на децата а впрочем со таа нејзина жртва никому не прави услуга ...
    Криви се и родителите со назадни сваќања дека дома може да се врати само во ковчег :puke: дури и сум запрепастена кога ќерка ќе се пожали дека маж и ја удрил , мајка и ја бодри да го омекне со милост маж и дека не е тоа ништо страшно ..
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    A постојат и вакви примери: жена, поранешна жртва на физичко насилство од сопругот. На крај и таа станува како нејзиниот силеџија и сега сложно и среќно си се изживуваат врз децата...

    Модриците на таквите жените се најбледите лузни што ваквата појава ги оставила.
    Некои жени толку психички пропаѓаат што мислат дека ако го прифатат и применат однесувањето на мажот врз послаб од нив дека полесно ќе преживеат. Потоа, големи се шансите истото да го прифатат и децата ... и нивните деца и се` така во еден пеколен синџир.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RobertGj

    RobertGj Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    da im se isusat racete i nozete na tie so tepaat i maltretiraat zeni
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Ех Теси само да знаеш колку си во право :x
    менталитетот ни е повеке од разочарувачки во државава :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Жените жртви на физичко насилство (а и сите други) треба да поминат психофизички тренинг, затоа и се вика психо-физички, се зајакнува и психата и зголемува самодовербата за самата да се поттикне да бара решение и да ја согледа сопствената состојба во реална светлина, нема правилен тренинг без вклучена психичка компонента. Жена со исправна психа која поминала и соодветна физичка обука нема никогаш да дозволи да биде физички малтретирана од никого.
     
    На 1mama му/ѝ се допаѓа ова.