Го гледав Вариола Вера , прв пат после 30 години... може и повеќе. Се сеќавам дека тогаш го доживеав како хорор филм и воедно се сеќавам дека моите го менуваа каналот на сцените со голотија и симулирање секс, затоа што се 'срамота'... но не сцените со луѓе кои вриштат во агонија. Тоа што после тоа не спиев со денови од што ми беше страв од филмот, никому-ништо. Не ми е јасно, како може некој да доживува бенигно насилството, крвотниците, смртта, а да е 'страшно' да се види ареола на екранот? И како стигнавме до тоа насилна смрт да е за над 16, исто како и водење љубов(не порно)? Зошто тие две ситуации се еднакво 'штетни' за малолетници? Имате ли некаква теорија за ова?