Форумџика на годината

Наследство без тестамент

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Belo krilo8, 22 јануари 2024.

  1. Belo krilo8

    Belo krilo8 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Еве ја отварам оваа тема ме интересира доколку некој е информиран или минал слични искуства да објасни, како и кои процедури се за добивање на наследство и доколку има повеќе наследници дали се можни спорни ситуаци од некој од членовите на семејството.
    Благодарам.
     
  2. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    12.163
    Пол:
    Женски
    Па сега општо е прашањето, после смрт се отвара оставинска постапка и се дели имотот онака како што сте се договориле, колку наследници толку делови, но тоа можи да биди и со претходен договор. Исто така доколку сака некој има можност да ти препиши нешто како поклон. Не знам што точно прашуваш
     
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Пример, ако таткото почине, наследството се дели една половина на жената, и другата половина на децата.
    И со тестамент може да се спори, ама тешко да се добие нешто, а без тестамент секако може да се спори, може и со години да се влечкате по нотари и судови.
     
    На SummerGirl, Kiko9 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  4. olly14

    olly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    550
    Vo Makedonija spored zakonot testamentot ne proizveduva nikako pravno dejstvo i nema nikakvo znacenje. Raspredelbata se vrshi vo ostavinska postapka spored zakon za nasleduvanje. Dokolku sakate da izbegnete spor, se reshava so dogovor za dar vo tekot na zivotot na liceto
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Има значење тестаментот. Доколку во тестаментот пише дека на пример се се остава на едното дете а на другото не, се оди на оставинска постапка и наследува тој шо е во тестаментот. Но, другата страна има право на спор, од кој нема да добие ништо туку само парите ќе си ги исфрла по судови со години. Таков случај е тежок и за наследникот, оти во тие години додека е спорот, тој ќе неможе да го префрли имотот на негово име и да располага со него.

    И нормално, во Мк ова важи за обичниот народ. А за тие со длабок џеб, друга песна се свири.
     
    На Belo krilo8 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    6.000
    Пол:
    Женски
    Ако оставината не е уредена со тестамент, се отвара остависка по стапка и се оди со законско наследување односно со соодветните наследни редови.

    Во зависност од тоа дали оставителот има деца, брачен другар и останато семеество разликуваме:
    1. Прв наследен ред:
    Оставината на умрениот ја наследуваат пред сите неговите деца и неговиот брачен другар. Тие наследуваат еднакви делови.

    2. Втор наследен ред:
    Оставината на умрениот кој не оставил потомци ја наследуваат неговите родители и неговиот брачен другар. Родителите на умрениот наследуваат една половина од оставината на еднакви делови, а втората половина ја наследува брачниот другар на умрениот. Ако по умрениот не останал брачен другар, родителите на умрениот ја наследуваат целата оставина на еднакви делови.
    Во случај еден или двајцата родители на оставителот да починале, тогаш имотот се распределува на неговите браќа и сестри.
    Ако обата родители на оставителот умреле пред оставителот, а не оставиле ниеден потомок, целата оставина ја наследува надживеаниот брачен другар на оставителот

    3. Трет наследен ред:
    Оставината на умрениот што не оставил ниту потомци, ниту родители, ниту овие оставиле некој потомок, ниту брачен другар, ја наследуваат неговите дедовци и баби. Едната половина од оставината ја наследуваат дедото и бабата по татко, а другата половина дедото и бабата по мајка (или нивните потомци).

    Сепак има многу ситуации кои можат да влијаат на распределувањето на наследството, доколку некој се откаже итн... има разни варијации трајна заедница, нужни наследници, разводи, подароци, исклучување од наследување итн. Се зависи од ситуција до ситуација.

    Во нашиот случај, во оставинската постапка за имотот на татко ми целиот имот го поделивме во согласност со одредбите за прв наследен ред.

    За имотот на прадедо ми:
    Тој имаше 7 деца, уште додека беше жив најголемиот дел од имотот го подели на синовите (секако по претходен договор).
     
    На Viveki и Belo krilo8 им се допаѓа ова.