1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Настинка кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Sofronko, 6 октомври 2017.

  1. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Не сретнав ваква тема низ форумов и затоа ја отворив а и поради периодов на настинки кој што доаѓа би сакала да знам што им давате на вашите бебиња во случај на настинка, дали поткашлувањето е знак за настинка, како најдобро да го заштитам своето бебе од настинки со оглед дека уште е мал и сеуште нема изградено доволно изграден одбранбен организам за заштита од настинки и вируси? Ваши совети и искуства
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.811
    Пол:
    Женски
    ако цица првенствено тоа е му најголема заштита,прима од тебе антитела.Кашлица може да е и знак на алергија,сув воздух,лачење на плунка итн.Едино да му даваш некои беби капки со витамин ц и тоа е тоа.Мал е за супи,чаеви,овошиа :)

    не го мешај во затворени простори мн(молови,кафичи,со пушачи).И шетајте на свеж воздух,проветрувај дома обавезно .
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    На ад е, но мм и јас сме поднастинати внимаваме да не го бацуваме, да не му дишеме во лице што се вика но како да ми поткашлува по малце, носето не му тече, нормална му е температурата, е сеа незнам дали кашла од што има повеќе плунка бидејќи почнува и забче да вади вчера на педијатар баш му ги видоа непцата и рече набабрени му се
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.811
    Пол:
    Женски
    можеш маска да носиш ако ти си настината.
     
    На Sofronko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. VeselaIva

    VeselaIva Нов член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво, што давате за настинки, од кои беби капки со Ц витамин?
     
  6. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    За имунитет на синчето му даваме PROBalans Baby од PharmaS, Д3 капки со пробиотик.
    Секој ден се даваат по 6 капки во зимскиов период сè до пролет.

    За имунитет за мамички препорачувам PROBalans IMUNO, бидејќи и погоре @Sofronko напиша дека е поднастината :)

    26030545_10155450370804585_237593987_n.jpg
    26105446_10155450370814585_2079592220_n.jpg
     
    На Sofronko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. VeselaIva

    VeselaIva Нов член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    За која возраст се капките? И за грчеви ги даваат.
     
  8. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Која цена се двете? Ние користиме д3 со омега
     
  9. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    PROBalans Baby може да се користат од нула до шест години. Повеќе инфо за капките:

    PROBalans Baby капките се додаток во исхраната наменети за деца до 6 години кои содржат пробиотици нормално присутни во здравата микрофлора кај доенчиња и деца (Lactobacillus rhamnosus – SP1) и витамин Д3 кој од најрана возраст се ординира кај децата како стандарден суплемент.


    Клучни предности на PROBalans Baby капките?

    • Иновативна формула: Пробиотик + витамин Д
    • Нема потреба од дополнителна суплементација со витамин Д
    • Превентивно и терапевтско дејство
    • Едноставно дозирање – 6 капки еднаш дневно независно од оброците
    • Без алергени, глутен, лактоза и млечни продукти
    • Без мирис и вкус

    Lactobacillus Rhamnosus – SP1– Природен и нормален жител на цревната микрофлора кај доенчиња и деца.

    Студиите покажуваат статистички значајно подобрување и позитивен клинички одговор при третман на:

    • Акутна инфективна дијареа предизвикана од rotavirusi
    • Пост антибиотска дијареа – после третман со антибиотици
    • Дијареа предизвикана од Clostiridium difficile
    • Атопичен дерматит
    • Грчеви (колики) кои најчесто се јавуваат во првите 4 месеци од животот
    Витамин Д е познат имуномодулатор:

    • Има антиинфламаторно дејство
    • Има заштитно влијание на цревниот зид и ја промовира неговата регенерација
    • Помага при Crohn-ова болест и улцеративен колит
    • Има значаен ефект во намалување на гастроинтестиналните инфекции
    • Помага во превенција и третман на атопичен дерматит


    Кога да се употребат PROBalans Baby капките?

    • За суплементација на витамин Д
    • За нормален раст и развој на коските
    • За одржување на здрава цревна микрофлора
    • За регулирање на дигестивните проблеми
    • При бактериски и вирусни дијареи
    • За дијареа предизвикана од антибиотици
    • За деца склони на алергии

    Во Виола PROBalans Baby се 435 денари, а PROBalans IMUNO се на акција, 2 кутии за 699 денари.
     
    Последна измена од модератор: 26 декември 2017
  10. december

    december Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Дали може да се даваат на 4 месечно бебе за имунитет зимава?
     
  11. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Да секако дека може да даваш PROBalans baby , има исто и Провен за бебиња во аптека земи си , јас сум презадоволна на сите три дечиња Провен им давав.
     
  12. december

    december Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Го прашав педијатарот ми рече не не му треба ништо оваа зима ама јас сакам да му давам бидејќи еве со првиот вирус настинавме што велите вие,и дали ќе има ефект да му давам нешто и што е подобро ви благодарам
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    Моево е 14 мес па педијатарот рече нема да му правиме вештачки имунитет со сирупи, па ми дозволи само пробиотик(користам биогаја) вит ц и маџун). Твоето ептен е малечко давај пробиотик и прашај мислам да смееш вит ц во капки:)
     
  14. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    За настинк се рачуна малку затнато носе и течни мрсулчиња?
    Инаку пред една недела имасе тт 38. 2 дена. Па осип. Е сега затнато вака. Уште тогаш дк рече настинка, ама можно е уште да трае?
    И давам вит Ц капки
    А др што можам да направам, освен да ја држам добро облечена?
     
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    103.856
    Пол:
    Женски
    Можно е.
    Инхалации со физиолошки, со кромид до глава да спие, топла бања.
     
    На Jana2770 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    @Jana2770 немој да ја преоблекуваш. Веќе е настината, па нема дополнително да ти настине. Облекувај си ја како и нормално, остави телото да дише.

    Топла бања, вит. Ц обавезно продолжи да даваш деновиве и влечи мрсули секојдневно (прво стави обичен спреј, Синомарин или било кој што е солена вода, па влечи). За навечер за да спие полесно и да не се затнува можеш и Септоназал спреј, ама не повеќе од 2-3 дена и не ако нема ептен потреба. Сепак за ова консултирај се со педијатар, не на своја рака. Солен спреј можеш колку сакаш пати на ден.

    И ние сме исти со носето, малку тече, ама вади заби мојава, па паднат и е имунитетот. Тоа е, сезоната е таква, ќе пројде :)
     
    На Jana2770 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Еве два дена како има кашлица. Се плашевме од грип. На доктор ни рекоа од мрсулите била кашлицата, на заден зид се лепеле.
    Сега и ги варам со пумпица ама изгледа касно е не течат така како претходно а тогаш не и ги вадев затоа што плачеше.. многу згрешив!!!
    Дали има опасност на плуќата да и слезат? Тт нема се си е друго во ред.

    И ни рече да испитаме брис за бактерии да не била бактерија закачена... :(
     
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Како ја чистите пумпицата? Може ли во стерилизатор да ја оставам?
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Оние на НасеФрида сум ги ставала во стерилизаторот.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Не сум медицинско лице, но ќе ти одговорам од наше искуство. Исти бевме пред месец дена, прво носот и течеше, па почна и да кашла, и тоа баш сочно, влажна кашлица. Исто ни рекоа на лекар дека кашла од мрсулите и ни дадоа само АЦЦ сируп против кашлица и рекоа чистење на носето со пумпица. Ставаш ли пред чистењето спреј? Мора спреј прво да се разводнат мрсулите. Ние стававме Синомарин, прскав и чекав 2-3 мин па влечев. Мора да и ги влечеш ако и тече носот, за да не се слева во грло и да ја тера на кашлица. И мојата плачеше, врескаше, ама влечев и потоа и олеснуваше. Кога ќе почнат да се сушат само спреј прскај, па влечи само ако има секрет. Ако нема не, оти може да и го разраниш носето. Прво носот тече како вода, па потоа се формираат суви мрсули, зелени најчесто, тоа е нормален процес.
    Инаку, исто и ние немавме тт, само носето течеше и кашлица, и не спушти на плуќа. Ако ве советувале за брис, направи за да бидеш мирна. Ако се влоши ситуацијата, ќе приметиш одма. За кашлицата даваш нешто?
     
    На Coco31, Broken♡ и Ano им се допаѓа ова.