Ваква тема колку што знам нема. Што мислите, имаат ли Македонците национална свест?Јас мислам дека имаат многу ниска национална свест, за разлика од сите други балкански народи.
Никој ништо не коментирал. Деновиве запознав Македонка која вели дека се осеќа само како граѓанин и не му се радува на македонското знаме, нема некои емоции и чувство на припадност кон државава и градот каде е родена. Кое е вашето мислење?
Мислам дека се работи за многу позтивина особа. Една од ретките која успеала да го надмине чувството на лажна идентифицирање (во смисла поистоветување) на себе си со нешто кое е минливо. И во другите балкански народи има такви напредни, попродуховени слободни личности. Од нив, останатите балкански народи имаат многу да учат и да научат. Сите народи треба да ја развиваат и прошируваат својата спиритуална, духовна свест, а не да седат во оковите на тесноградата национална свест. Тоа е еден од предусловите за траен мир и просперитет на планетарно ниво.
Мислам дека една држава која е сиромашна, во која граѓаните немаат некоја перспектива,држава во која име невработени,сиромашни и гладни не може да очекува од таков свој понизен народ да развива национална свест.Македончето е многу лесно за да му се пере мозокот но знае и те како да изненади и да се вжешти ако почнеш да му рчкаш во националноста....поентата ми е дека имаме национална свест но ни покриена со товарот на егзистенцијалните проблеми, лоши закони и реформи,лоша власт и опозиција.....
Си ми ги земала зборовите од уста. Не може да се очекува национална свест ако стомакот е гладен. Германците ја имаат таа национална свест и тоа на многу високо ниво, но тие со право ја сакаат и се гордеат со својата земја и нација. Успешни се во сите полиња. Не јас денес нема да ја пуштам химната од сабајле и да стојан исправено, ако немам што да јадам или со што сметки да платам.
Незнам што Македонка ти била таа што се срами од своите корени,од такви сељанки што се родени у којзнае која дупка во некое свирипичино селце..таа се срами сама од себе ,затоа така ти кажала.Колку и да не ми се допаѓаа животот тука неможам да не си го сакам знамето, колку и ја ја вреѓаме власта тоа не значи дека не си ја сакаме државата и нацијата.Јас сум си Македонка и имам емоции кон мојава каква таква никаква државичка која пати од народот.
Девојката е родена во град, студентка и ќерка на просветни работници. Се осеќала само како граѓанин на светот и ми стана чудно.
Сите сме граѓани и го составуваме светот но сите имаме корени, потекло, минато и историја по која сме единствени и препознатливи.
Донекаде ја разбирам, но не се пронаоѓам целосно во ова. Имам национална свест и чувство, иако ги почитувам истите кај другите народи. Кога ќе подразмислиш, освен војни и намалена слобода на движење, што друго донеле тие граници пак.... И не, не верувам дека сите катастрофи и војни биле поради национална свест и чувство. Верувам дека биле поради наметната искривена перцепција за истите. Перцепција според којашто некој нѝ е душман само затоа што се наоѓа отаде границата и дека ќе нè убие ако ние први не го убиеме. Додека големите сили не ги валкаат директно рацете во крв, туку ги тријат од придобивките на пролевањето на истата и за нив сме како мали човечиња во кутија од „Ризик“. На пример, некој ги спомна Германците. Денес што не практикуваат мачење на луѓе по логори не ги спречува во тоа да имаат национална свест. Треба да си ја сакаш и да си ја браниш татковината и народот и токму поради тоа што ти е познато тоа чувство, да ги почитуваш и другите. Да си го чуваш и вреднуваш своето, без да имаш аспирации кон ширење низ туѓо.
Мене па од секогаш ми биле чудни патриотскиве фанатици. Толку врзани за едно парче земјичка, небаре е светиња. Иако оваа држава ни дала идентитет, забораваме дека Планетата е наш дом! Колку и да звучи клише, тоа е големата слика која ние ја пропуштаме. Освен тоа, познато е дека луѓето кои ги одбираме да не претставуваат, се клучните репери, односно поттикнувачи на конфликтите. Главно преку поставување граници, замрсување процедури за влез, и разни други заврзланти. На тој начин се ствара хаос, а продлабочувањето на колективната свест е оневозможено. На ова, само имам да додадам дека патриотизмот како поим според мене не е ништо повеќе од една чиста илузија всадена во плитките ограничени умови.
Да се создадени услови па ајде де, ама вака многу е нормално да нема, особено во држава која прво и основно егзистенцијалните дупки ги нема пополнето.
Многу млади Македонци деновиве им помагаа на мигрантите во џамијата во Куманово. Им носеа вода, јадење, а мигрантите ги видов дел од низ илегуваат од ресторан каде јаделе. Им носеа топла облека, а утрово еден во маркет ме праша каде може да купи блуза, каде има бутик. Имаат пари, штом не сакаат од Црвен Крст да земат вода затоа што била минерална, и ќе ја платат 4-5 евра. Сите имаат мобилни, таблети, знаат англиски, а наши девојчиња што не се вработени одат во џамија и седат до доцни часови со нив, да ги чуваат да не некој ги задева. На што личи тоа?Колку само се деградираме. На кого помагаме?Што ако тие се џихадисти?Нели муџахедини во 2001 се бореа на страна на албанските терористи. Ама ние сме со кратко памтење. Комшија да ни побара 100 дне на сите ќе го разнесеме, а на туѓинци леб им носиме иако имаат во себе по неколку илјади евра, пари кои нашиот работник само може да ги сонува.
Nobody expects the Spanish Inquisition. Ако треба некој да те нападне, ќе го направи така да ти не ни почувствуваш, нема да можеш ни да предвидиш, а не пак да имаш време да го чуваш и храниш. Не мора ни да премине граница за да го направи тоа. Го очекуваше ли некој 9-ти мај? Веќе мислам дека и со закон имаат статус на мигранти и додека се на ова тло државата треба да им понуди безбедно и достоинствено да ги поминат тие 24 саати. Не планираат да живеат тука. Ова им е попатна станица за подобар живот. Еве Унгарците ѕид ставиле. И што? Повеќе си ја сакаат земјата од нас? Поарно да си е регулирано кој како влегол. И побезбедно е. **** Неповрзано со претходниов муабет. Сум приметила, има луѓе коишто си ја сакаат земјата, а го напаѓаат народот. Ваков бил, таков бил, жените вакви онакви... Што ако ја сакаш земјата кога не си го сакаш народот... Ова на никого од темава не се однесува. Па како само на форумов фрчат навреди и омраза без да се познаваат луѓе. Прв чекор е да си го сакаш народот, сè друго е вештачко и потсетува на самобендисаност. Демек само од мене народов може да научи како треба. Сакајте се меѓу себе, луѓе. Па да видите како ќе има и помалку неправди и помала невработеност и поголем наталитет и све... лесно е после да се бараат дежурни виновници. Никој не може против народ којшто се сака меѓу себе.
Јас не би седела до 4 сабајле во џамија, за да чувам мигранти бидејќи не сум полиција. Нема што некој од мене да учи, или јас од него, си имам став по некои прашања и толку. Кој како сака нека го сфати. И лекарите кажаа дека мешање со тие луѓе може да доведе до болести кои тешко се дијагностицираат кај нас.
@Tanjamm, додека ги премотував ТВ каналите забележав како медиум го одбележува Илинден со целовечерна српска музика. Еееј, брука. Што да се каже повеќе, во 2015. година уште веруваш дека вреди да се зборува на ваква тема?
Lugeto se isti vo cel svet. Ne e ubavo nikoj da strada. I tebe da ti se slucuva toa sto na niv im se slucuva bi barala nacin, peski ako treba po bel svet ke trgnes. Lugeto ucat cel zivot, edni od drugi. Bezrazlika na vera i nacionalnost. Sum imala moznost da islusam zivotni prikaski od razni luge (bogati, siromasni, bolni, zdravi, patalci, gatalci....), samo taka se zree i se razviva. A toa deka vi rekle deka ako zavrsis fakultet ke stanes popameten, pogresna teorija. Mnogu i ponatamu otisle no popametni ne postanale. Bogatstvo e da gi razbiras lugeto i da ucis od niv.