Ако има ваква тема - канта, ме мрзеше да барам од очај. Значи почнавме во градинка и за две недели настина син ми кој инаку има 3 години. Не се изнервирав што настина туку ме фати страв како ќе давам лекови. Цела недела кашла, а не сака да пие сируп. Самиот збор сируп му е страшен. Пробав во омилениот сок, сега нејќе сокот да го пие пошто ме провали. Пробав со овошен пудинг - исто како со сокот. Капки за нос не сака да види. Ај во спиење почнав да му ги ставам. И на крај ни дадоа антибиотик. Прво пробување и го исповрати. Значи веќе не знам што се не пробав. Го фаќа страв од не знам кои причини. Само со инхалатор немаме проблем. И понекогаш ако дојде чичко му, некако има страв од него Има ли други вакви дечиња што одбиваат се? Како вие се справувате? Ми викаат давај ова, давај она, секој ден плачам и се нервирам што не можам да се справам со едно 3 годишно дете, до толку ли сум неспособна, не знам..
Исто буквално исто! Моето има 2 год и месец , дп кај година некако и дава пиеше, сега нема шанса значи буквално легнувам врз неа и и давам со шприц а таа вришти па од што вришти ќе се задави шприцај ќи го сирупот. Плус носот и го затнувам да голтне инаку се плука. Пола ќе истече насекаде пола ќе го испие и не знам колку ќе испие. Тешко е, многу тешко. Првата ќерка не правеше вака си пиеше најнормално. Се си е до карактер За парацетамол можам и чепчиња да и земам, ама до сега нема пиено антибиотик, е тогаш што правиме?
Нас вака ни успеа. Ја качвав на столче покрај лавабо во вц, и пуштав чешмата. Таа се занесуваше и играше со водата јас за тоа време со шрицот в уста полека полека. Сега веќе сама си го зема шрицот и си пие.
Ич немам совети, оти големиот и ден денес е многу тежок за пиење било какви лекови, од сите добива нагон за повраќање, па и знае да поврати. Како мал, сирупот му го стававме во чашки за ракија и правевме живели, да му биде интересно некако. Така проаѓаше, ама после одма мораше да касне нешто или да се напие вода, за да не поврати. Иста бев и јас ко мала, ама па затоа колку инекции сум примила оти ги повраќав сирупите.... Не знаеш што е полошо, сируп или игла, брррр.... Со малово немам проблеми, пие, знае и да побара уште ако му се бендиса.
Истото. Ми имаат кажано не требало во ништо да се раствора, ама помеѓу или во сок, или никако, ја бирав првата опција. Што вика во прасето Пепа- сирупот има вкус на теписон и малинов јогурт
Додека беше помала не пиеше никако сируп, повраќаше одма. И капка по капка и секако, една капка и одма повраќање. Ама, немаше потреба од антибиотик среќа, а за температура со чепчиња само успевав, никако поинаку. Нос даваше да и чистам, имаше само периоди кога не даваше и бегаше мислиш трчам по нејзе носот да и го исечам. Ама, за носот ја држев на сила, ептен ми беше жал, ама тоа е, пребрзо спушташе на гради и нос мораше да се чисти. Постојано и зборував дека за здравје мора, кога е за здравје мора да правиме што ќе ни кажат докторите и тоа е. Ако не сакаме после уште погрозни сирупи да пиеме. Па, после веќе се навикна и не правеше за ништо проблеми. Пие сега, нема гајле од ништо. За Аква марис и давам она да шприцне над глава, како да прави дожд, па после може и во нос. За сирупи пие одма вода откако ќе го голтне сирупот. Пробиотик само линекс пие зашто нема ни вкус ни мирис, ништо друго не сака. Најмачна работа се лековиве.
Баш минатата недела требаше да пие сируп антибиотик за прв пат. Првиот пат кога се доближив со лажичето отвори уста и го испи, а потоа направи фаца.Ај си реков добро поминавме.Кога веќе другиот ден почна да одбива,да се трга, знаеше дека е сируп. Што се не пробав.За џабе се израдував претходниот ден. За парацетамол немам мака, му ставам чњпчиња ама сируп никако не сака.Морав со мм заедно да му го давам тој да го држи а јас да давам. Електролити во чај ставам и ги пие.
И керка ми исто 3 години не сака сируп никако но и го давам и го испива без да поврати. Ја легнувам на кревет, без перница, со левата рака ја факаш станично на вилиците за да не може да ја затвори устата, со десната држам шприцот а со надлактицата и ги притискам рацете за да не ми мрда и по малку и ставам во уста на 4-5 пати ја испива дозата и тоа за околу 20 секунди. Е сега тие шприцеви што одат со сирупите воопшто не се практични бидејки се многу широки, си купив шприц како за инекции бидејки има многу тенок завршеток. Малку си поплачува но и правам муабет додека да се смири за да не ми поврати, па дури тогаш ја станувам.
Јас кога бев мала многу се гадев од сируп и го плукав. Реално стварно е гаден. Мајка ми веднаш откако ќе ми го стави шприцот во уста ми даваше сок и само така го голтав не го осеќав дека е гаден.
Најстресно ми е ставање капки и влечење со аспиратор. Штом гп види почнува: мама мама мама и прави "не" со главата. На сила му ставам капки и на сила влечам со такво плачење мислам полиција ќе ми викнат комшииве, мислат којзнае колку го малтретирам. Мене срце ме боли кога ми вика мама мама ама за негово добро. само нека не се разболуваат најдобро
Кога беше помала,до пред короната никаков проблем, ајде мама сируп, ајде и тоа е тоа. Ајде да прснеме у носе, ајде, ајде да вадиме со пумпа нема проблем трча. Е сега, ако е во добрите се ќе и дадеш, ако неќе, неќе и нема шанса и начин да ја убедиш. Некад успева пример ја викам у кујна и и шепкам, ајде мама ние да се напиеме сируп, дур никој не видел, и они ќе мислат не си пиела и ќе ги зезнеме и ќе се сложи и после трча и одма кажува дека пиела. Еве сега и се затна нос не дава ништо ни да ја избришам, и сируп неќе не и бил убав.
Пред некој месец купив да и давам и сируп за да и се олеснува какањето, викам вака нема шанси да и дадам, пишуваше дека може да се меша во др течности, и направив житарки со млеко што си јаде , несквик се и ставив да не осети ама не бе џабе, како го осети јас не знам. Сега за овој проблем и давам пробиотик во капки и го ставам во вода и го пие, среќа немаат вкус капките. Сокови не пие. Само вода, јогурт и млеко.
Во шприц, со сила сируп. Еден му ја држи устата отворена и го држи за да не прета, другиот му истура сируп. Со сила и капки во нос. Моево дете нема шанса да се залаже. И со капки д3 мака мачам секој ден како да ги испие. Ќе му ги ставам во сок, кога ќе ми замавне со рачето дека не сака ... Затоа све со сила, најбрзо и најбезболно. Плаче 10 секунди и после е како нов. После водичка му давам за да не му стои гадно во устата. Зошто имам обиди по 3 пати неуспешни за лажење и фрлам сирупи, капки итн..
Околу 4 години беше исто не сакаше никаков сируп да се напие. Сабота навечер качува температура 39, нејке уста да отвори да го испие парацетамолот,се молевме цел саат температурата се качува нагоре не не и не. Му викам ако не пиеш сируп одиме на лекар да ти стават инекција, он уште се инати мисли дека блефирам ми вика важи. Ни две ни три го спремив го ставив во кола и во козле. Го прегледува докторката, и кажувам дека сме дошле за инекција дека не сака да пие сируп, она свати што е работата и вади шприц. Е тука кога врисна сакам сируп не ме боцкај, испивме сирупот уште таму, вети дека кога ќе каже мама ќе пие сируп и си отидовме дома. Среќа ова се случуваше пред кораната и среќа што се погоди добра докторката што не ни се испоразвика за глупости што сме дошле. Малку хардкор начинов ама не можев да најдам друго решение тогаш. Од тогаш пие сируп без збор да каже
Спремав вода или сок, а сирупот во шприц. Секундарно директ во грло го шприцнував сирупот, па пиење од сокот или водата отпосле... Така правев и со двајцата кога беа мали. Малава скоро пиеше антибиотик 4 дена после долг период непиење, не дека не сакаше ама од навика пак и го давав така со шприцот набрзинка. И јас дури ако треба да пијам нешто грозно така на екс гледам да биде и после тоа сокче пијам. Мешано во сок ми е погрозно и повеќе се осеќа..
Здраво феминки,пред неколку дена детево почна да кашла и му дадоа сируп за кашлица,но неќе да види сируп пробувам со сок или вода,но пак неќе