1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Начинот на сфаќање на психолошките состојби во нашето поднебје

Дискусија во 'Психологија' започната од Purplelilac, 8 јули 2018.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Ја отварам темава пред сѐ поттикната од многуте видливи негативни исходи (себеповредување или самоубиство) од психолошките нарушувања и начинот на кој тие се сфатени на нашето поднебје.

    Верувам дека во последниве година-две имате слушнато или прочитано за многу млади особено популарни личности кои решаваат да го завршат својот живот, најчесто како последица на долготрајна борба со некаква психолошка состојба како депресија, анксиозност, панични напади.
    Барајќи решение за состојбата во која се наоѓаат посегнуваат по сопствениот живот како единствен излез за кој имаат сила да го побараат. Иако ваквата одлука верувам дека сите сме свесни дека не е никогаш добро решение, сепак откако некој ќе го избере овој пат останува да се одговори на прашањето:
    Дали можело да му се помогне?.

    Тука веќе се појавува поделба на ставовите дали и колку може да му се помогне на една личност која избира да го изоди тој пат и уште повеќе Дали ваквата состојба е избор кој единката го прави сама или пак сепак станува збор за болест кон која треба да се пристапи еднакво сериозно од опкружувањето за да може да биде надмината?. Колку сме свесни за сериозноста на овие болести? Дали правиме доволно за намалување на негативните последици од истите? Верувате ли дека може на личност која е во депресија да ѝ се помогне?


    Се надевам на дискусија без непотребни навредувања и препукувања, бидејќи темава пред сѐ ја отворив затоа што сметам дека секој мал чекор кој го правиме може да биде значаен во подигнување на свесноста за сфаќање на ваквите состојби и нивната сериозност. Со оглед на тоа што форумов е јавен, се надевам дека на некој би помогнале со вашите мислења и кога ќе ги пишувате водете се од тоа дека целта на мислењето е да му помогнете на некој, а не да се расправате со некој.
     
    На zhap4e, Milobebence, Mari* и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е, колку и да се трудиш да помогнеш на човек што има такви проблеми, бадијала е ако сам не сака да се врати во колосек, ако сам не сака да се потруди да му биде подобро. Сум видела вакви примери во срединава, колку повеќе се трудат да му укажат на нешто и да му помогнат оние околу него, толку повеќе се однесува деструктивно, нема никаква надеж ниту волја, со себе ги влече надолу оние што сакале да му помогнат.


    Друга работа, мислам имам пишувано веќе за ова, е тоа што мислам дека повеќето луѓе не обрнуваат толку внимание на психичката состојба на луѓето. Ако забележат нешто, често се случува да речат ,,Ајде, ништо не ти е" или почнуваат да раскажуваат како тоа нив нешто бетер им се случило, а сметам дека има дури и такви случаи кога личност после долго двоумење и собирање храброст да се отвори и да поразговара за она што го мачи, едноставно не ни помислуваат дека позади тоа би можел да се крие посериозен психички проблем кој може да води и до самоубиство/себеповредување. Најверојатно не ги гледаат оние знаци што покажуваат дека навистина нешто не е во ред и дека треба да се преземе нешто. Не знам дали е таков менталитетот, ама многу расипани и игнорантни луѓе има.
    Сум видела такви примери за кои не сакам да споделувам многу детали, ама олкави зинати во устите се за јадење бурек. ,,Леле оваа ненормална е/болна е, на психијатар одела велат", ,,Овој па измислува нешто дека го мачи само за внимание да привлече" и сѐ е кажано. За сеир фаќање- први, за пружање помош кога е потребно- последни.
     
    Последна измена: 8 јули 2018
    На WarriorAngel, Milobebence, IronLady и 15 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Човек треба да сака сам да си помогне. НО, тоа не значи дека нема да има лоши денови кога ќе се врати на старото, заради тоа е најважна поддршка од блиските.

    Ама од „остај ја бе, има психички проблеми“, „пушти го, ненормален е“ и „не е мој проблем“, знаат да ескалираат овие ситуации и да дојде до нешто што можеби и би се избегнало.

    Баш заради „има луѓе со посериозни проблеми“ муабетот, депресивни личности не споделуваат за својата болка.
     
    На PaLaVa, Milobebence, Mari* и 22 други им се допаѓа ова.
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Малку не ми е јасно на што се мисли под психолошки состојби. Доколку се мисли на депресијата како состојба која сама по себе може да биде болна за понатамошното функционирање на личноста или психолошкиот притисок со кој секојдневно се соочуваме дури понекогаш и самите си го создаваме. Според мене најмногу на психолошките состојби влијае првин семејството. Доколку атмосферата во семејството е напната и хаотична многу поголеми се шансите личноста која е уште на почетокот на својот живот односно е неизградена личност да страда од депресија. Исто така освен семејството влијае и самото опкружување. Според мене сензитивни фази кај личноста се делот кога за прв пат таа треба да се социјализира односно кај децата тоа е градинката и училиштето. Дали потоа ќе страдаме од депресија или ќе имаме одреден психолошки притисок зависи како ние ќе успееме да се соочиме со овие фази. Исто така многу зависи како гледаме на работите односно дали сме песимисти или оптимисти. Како што има една реплика од еден познат филм која вели: Што е разлика помеѓу оптимиста и песимиста? Песимистот кажува дека не можело да биде полошо од ова што се случило. Додека оптимистот вели добро е можеше да биде уште полошо од ова што се случи. Затоа не треба да судиме на никого поради неговата психолошка состојба бидејќи не знаеме поради која причина се соочува со психолошки притисок или страда од депресија. Секој различно се носи и се справува со секојдневните предизвици. Понатаму сето тоа влијае на самодовербата на личноста, а недостатокот на самодоверба доведува до тоа личноста да стане асоцијална.
     
    На WarriorAngel, Milobebence, КикиМаус и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.903
    Допаѓања:
    54.529
    Пол:
    Женски
    Психолошките состојби воопшто не се сфаќаат сериозно. Повеќето луѓе велат дека "се е во нашата глава" како размислуваме и ги сфаќаме работите. Но не е така. Овие состојби не можат да ги контролираат личностите кои ги имаат, едноставно ги имаат. Не може некој сам да си помогне, ако постојано ги слуша муабетите: "Постојано се жалиш", "Премногу драматизираш, си земаш при срце", "Сите имаат проблеми, па не се жалат", и на крајот муабетот што под кожа ми влегува и многу ме нервира "Има луѓе со поголеми проблеми, деца гладуваат, се водат уште војни, луѓе без покрив над глава а ти се жалиш дека не ти било океј". Демек не смееш да бидеш тажен бидејќи има потажни луѓе од тебе. По таа логика не смееш да бидеш ни среќен јер има луѓе што се посреќни. Баш заради овој муабет овие личности се затвораат, страдаат во тишина, не веруваат никому. И на крајот тоа може да доведе до фатален исход. Луѓето со некоја ментална состојба неретко знаат да бидат многу тешки за помагање, но тоа не значи дека треба да се откажиме од нив, бидејќи последното нешто што го сакаат е да останат сосема сами како никој да не ги разбира. Поддршката од пријатели е многу битна. Одењето на психолог или психијатар може да има доста бенефити, ама не, во нашава држава тоа се исмева и ги прават личностите изроди, болни во главата, пореметени. Многу, многу се нервирам кога некој исмева ваква состојба од некого, а пред некој ден видов такво нешто на форумов упатено кон личност што многу ја почитувам.

    И за крај, ако физичките болести беа третирани како менталните:
    mental_health_0.jpg
     
    На Lady Phoenix, lovestoneddd, КикиМаус и 16 други им се допаѓа ова.
  6. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    50.317
    Пол:
    Женски
    За да сакаш на некој да помогнеш прво треба личноста да сака да си помогне себеси. Колку и да сакаш да помогнеш бадијала ќе е ако самата личност не сака да си помогне.
    Но и личноста да се реши да си помогне себеси треба да има најголема поддршка од најблиските, да ја разбираат личноста и да му помогнат.

    Во нашата средина воопшто не се сваќа сериозно психичката болка само мислат дека физичката болка највеќе боли и затоа не обрнуваат внимание на психичката болка, мислат дека се само во главата се врти и најлесно е да не мислеш на тоа и ќе ти помине, но тоа не е така.
    Или пак да отидеш на психолог или психијатар веднаш ќе помислат дека си луд, дека нешто ти фали во главата. Многу се нервирам кога така расмислуваат, но заради тоа и заради други причини многу луѓе си посегнуваат по својот живот со цел да се спасат од болката.
     
    На КикиМаус, Rama, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @RAF Camora

    На овие психолошки состојби мислев :) Најглавно секако за депресијата.

     
    На КикиМаус, Rama, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Извини моја грешка не го прочитав воведот, само насловот го видов и веднаш го изнесов своето мислење. :x (facepalm)
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  9. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Ретко кој ги разбира овие состојби во нашето поднебје.
    Обично се карактеризираат како мрзи,ненормални,вакви,такви,абе ништо не му/и е збеснал малку.
    За на крај кога ќе дојде до трагедија сите да плачат.
    Се согласувам со членот погоре, дека влијае семејтвото и после исто така околината,градинка,школо.
    Потиснување на емоции е нешто најлошо.Особено кај машките.БАр според мене.
    Човек треба да се исплаче,да се искаже.
    И да,кај нас уште е срамота да кажеш дека одиш на психијатар/психолог.
     
    На КикиМаус, Rama, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Па и не баш.
    Понекогаш личноста која што има психички проблеми стигнува до еден степен во кој што не сака помош, само сака да заврши маката. Е тогаш, ако доволно ја познаваш таа личност, можеш да забележиш дека нешто не е во ред и ако треба со сила ќе и помогнеш додека не застане пак, колку-толку, на нозе.
    Не секогаш повикот за помош е гласен и видлив.
     
    На Lady Phoenix, lovestoneddd, КикиМаус и 12 други им се допаѓа ова.
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Психичките болести се сфатени како нешто мнооогу лошо. Како да си скренал со умот, а од таквите бегаат како ѓавол од темјан. И ајде после имај храброст, па сподели што ти се случува. Како да најдеш човек кој ќе те разбере. Па и да најдеш некаква поддршка тој што не поминал никако не може да знае што значи да си во депресија, или анксиозност.
    Одма ќе ти речат и јас имав таков период плачев, се затворав, ама помина. Ќе помине и твоето. А ти знаеш дека нема.
    Се согласувам и ако сам не сакаш да си помогнеш никој нема да може.
    Тоа е пресудно за излез од таа состојба. Од блиските може да добиеш само сожалување или осудување ,почесто за жал.
    Од нозете до вратот сите ќе то дадат совет, а од вратот нагоре може да добиеш само поглед накриво.
     
    На WildMk, КикиМаус, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.033
    Допаѓања:
    225.104
    Пол:
    Женски
    За да си помогнеш себеси треба да си ментално зрел пред се. Нема човек на кој не му се случило барем еднаш во животот некој психички дисбаланс, состојба или сл. Тоа само може да лаже некој.
    Се имам фатено себеси во таква ситуација каде нешто ме фрустрира и ми тежи а не доаѓа од надвор директно. Аха ок седни размисли што ти е. Најди решение најди чаре па ако немаш доволно сила за сам онда бараш и помош за да се вратиш пак на нозе. Другарка моја кога пред да добие дијагноза анксиозност испаничи ненормално. 2 недели на работа и дома ми доаѓаше зашто не можеше сама да се носи со тоа. На крај нормално психијатар доза лек доза јога и се е во ред.
    Човек пред се мора да рече јас сакам помош. Јас не сакам ова да е вака. Не смее да си дозволи да го повлече надолу. А потоа помошта настапува. Луѓето не се ванѓи за да знаат што во умот ти се случува. Секој се снаоѓа во суровиот свет денес и ретко кога приметува ако не му се каже.
     
    На КикиМаус, Rama, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.927
    Допаѓања:
    12.422
    Пол:
    Машки
    Мое мислење на прашањата:
    1. Дали ваквата состојба е избор кој единката го прави сама или пак сепак станува збор за болест кон која треба да се пристапи еднакво сериозно од опкружувањето за да може да биде надмината?
    2. Колку сме свесни за сериозноста на овие болести?
    3. Дали правиме доволно за намалување на негативните последици од истите?
    4. Верувате ли дека може на личност која е во депресија да ѝ се помогне?
    1. Има доста варијации на депресија така да може единката и сама да прави погрешен избор се додека не се чувствува многу лошо, а има и луѓе кои не одбрале со мислите да влезат во некој циклус кој ги прави депресивни, туку станува збор за други извори на депресијата.

    2. Недоволно информирани, треба да се подигне јавната свест, да се намали стигмата, сепак станува збор за човечки суштества на кои им треба помош да си помогнат себе си, со осудување и предрасуди ништо не правиме и нигде не стигнуваме.

    3. Зависи, има случаи кај кои мора медикација и посета на психолог, има случаи кај што и повеќе вежбање и шетање ќе помогне, мислам дека и за ова треба информираност, има многу работи што може да превземеме во наши раце за да се чувствуваме подобро.

    4. Тешкото прашање. Лично, морав сам да научам да прифатам некои работи, и да си помогнам себеси. Мое мислење е дека најголемиот процент на луѓе мораат самите да се рецептивни за помош, и да сакаат да си помогнат себе си, не правиш ништо помагајќи некому што не е заинтересиран да си помогне, трагично изгубено време е. Може да и се помогне ако бара помош.
     
    На WarriorAngel, senjorita-v, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Многу современи анализи утврдуваат дека денес барем 10% од населението пати од некој вид депресија или анксиозност. Тоа се сериозни бројки. Фактори како смрт на близок роднина, развод, раскинување на врска, намалена самодоверба можат да допринесат за депресија, но и многу луѓе со перфектен брак, семејство, работат патат од депресија. Дали може да се помогне? Да, но исклучиво со медикаменти и стручно лице, а не со прошетка, позитивни мисли, одредена исхрана, рибино масло или други глупости коишто се појавуваат секојдневно на дневните портали. Депресијата е хормонално пореметување и бара конзервативно лекување. Треба да се помират со фактот дека веројатно цел живот ќе земаат лекови за ублажување на последиците.
     
    На Lady Phoenix, WildMk, КикиМаус и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Да бе, не можеш да помогнеш ако личноста не сака сама да си помогне. Точно, ама мислите ли дека некој навистина не сака да си помогне? Во природата на овие болести е пасивноста и стравот од промени. Нормално дека нема да изгледаат како активно да пробуваат да се ослободат од ситуацијата. Затоа треба да се обидеме да погледнеме подлабоко, а не да чекаме да ни чукнат на врата за помош.

    А со тоа ,,секој поминува низ таква фаза" не сфаќам што сакате да кажете. Да, секој поминува, а треба ли да поминува? Сè додека не престанеме да ги нормализираме болестите како депресија и анксиозност ќе постојат и ќе уништуваат животи. И ќе викаме абе ништо не му беше, здрав прав.
     
    На Lady Phoenix, WildMk, КикиМаус и 16 други им се допаѓа ова.
  16. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Кај нас владее една тешка стигматизација кога се во прашање ваквите состојби, и затоа и самите луѓе кои боледуваат од истите, се плашат да побараат помош. Баш поради тоа да не бидат етикетирани и покажувани со прст. Па затоа мислам дека, доколку забележите варијации во однесувањето на некоја личност, нема да е на одмет доколку вие поттикнете дискусија, чисто да го скршите мразот, да покажете дека сте тука да исслушате и да помогнете. Просто прашање од типот: што се случува периодов, како се чувствуваш, да не те мачи нешто; е сосема доволно за почеток. Не секогаш разговорот ќе тече “како река“, може нема ништо да кажат, но сепак тоа е подобро отколку да не се превземе ништо. Барем ќе им ставите до значење, ќе имаат на ум, дека некој приметил дека нешто не е во ред.

    Друга работа кај нас е игнорантноста. Значи колку сме неуки во одредени сфери.... Ај што образовниот систем не функционира ко што треба, па и луѓево се толку незаинтересирани да дознаат нешто повеќе за некои теми. Значи тоа е неверојатно. Па има толку семинари, предавања на теми психолошки состојби, повеќето од нив се и бесплатни и не траат повеќе од 2ч, а сепак заинтересираноста е мала. Дали тоа се должи на недоброто промовирање на ваквите настани, или навистина луѓево не ги интересира тоа; не знам..

    Мислам дека кога ќе се надминат овие две пречки полесно би се “лекувале“ психолошкиве состојби, повеќе луѓе би побарале помош, без страв дека ќе бидат обележани.
     
    На lovestoneddd, КикиМаус, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Афродит. Во еден момент од борбата со депресија личноста стигнува до степен каде што не бара помош затоа што на се гледа како да е безнадежно. И токму тогаш ако не забележиме дека е стигната до тој степен, понатаму е се залудно.

    Инаку @Mamli, прошетката и позитивните мисли и опкружување се почетна точка за оттргнување на некој од самоубиствени мисли. Понатаму секако дека е потребна и медицинска помош.
     
    На Lady Phoenix, Rama, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  18. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Прихолошките проблеми и болести се премногу комплицирани и премногу варираат од човек до човек, да би можело да се генерализира за било која ситуација.

    Не се согласувам со тоа дека секогаш ако човек не сака да си помогне сам на себе, му нема помош. Во одредени психолошки состојби, потребно е многу трпение, разбирање и поддршка од блиските, без откажување, и уште трпение, за некој само да сфати, односно да прифати дека му е потребна помош. Не мислам дека треба да се откажуваме од луѓето, а зборувам од мое искуство.
    Навистина е тешко е на тие што немаат кој за помош.
    За ова зборувам, прекрасно доловено, co мал trigger warning за луѓе што оделе на терапија, може да се расплачете :):

    А има луѓе што не сакаат помош. Или што сакаат, ама не можат да го најдат тоа што им треба на овој свет. Не значи дека никој не се обидел никој да им помогне. И не значи дека треба да се вперуваат прсти кон блиските, ако ги има. Има луѓе што се толку многу истрауматизирани, посебно од детството, да не можат никогаш во животот да заздрават.

    А најмногу од се, апсолутно ме иритира муабетот на: сите имаме проблеми, сите сме имале лош ден, некој нема што да јаде а ти имаш депресија/земаш дрога/имаш било какво психичко пореметување.

    Значи не.

    Не знам како може луѓе да се дрзнуваат и да споредуваат една состојба со друга, посебно кога веројатно не знаат ни 1% од позадината. Гадно ми е, зашто постојат страшни животни приказни и ситуации што ни еден човек не би смеело да ги проживее.
    Никако, никако не е наше да судиме.
     
    На Lady Phoenix, lovestoneddd, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Имаш леб и кров над глава додека милиони деца низ светот гладуваат, не биди мрзлив и себичен, излези прошетај и вмешај се во луѓе и работи нешто“. Е на ова ниво е свеста на просечниот Македонец за психичките состојби и пореметувања. Многу застарени предрасуди, бесчувствителност, мерење на кантар и површни споредби со полошо и најлошо, барање потенцијално решение во бајачи, гатачи, цркви, манастири.
    Интернационалниот сајт The Artidote и нашиот Моџо (Павле Трајанов) ми се нешто највредно по фејсбуков во врска со ова. Читајте луѓе, читајте и пробајте да го промените мајндсетот и да научите нешто за емпатија.
     
    На lovestoneddd, IronLady, Stephen Amell и 18 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.809
    Пол:
    Женски
    @mazikeen , е ова јас истово сакав да го кажам, си ме претркала. Стигматизација и игнорантност се две работи кои одат под рака со депресијата и покажуваат колку само не е едуциран нашиов народ за ваква сериозна проблематика. Мене отсекогаш ме интересирала депресија како болест, имам правено и семинарски каде истражував за неа и како е поврзана со мојата струка.

    Во глобала, мора најпрвин да се разграничи депресија од лош период или тага. Нормалната тага најчесто не е толку сериозна и ретко се случува да го попречи нашето секојдневно функционирање, а нејзиното времетраење е ограничено на еден пократок период. Сите сме ја имале, сите сме ја осетиле на наша кожа. Но, по некое време, по долготрајно размислување, луѓето успеваат да се вратат на својот дневен ритам. Од друга страна пак, клиничката депресија ги нема овие исцелувачки дејства. Депресијата претставува психичка болка, која ако не се третира многу лошо може да заврши. Најстрашно од се е што депресијата може да е присутна кај некој човек, а воопшто да нема никакви знаци, ене Робин Вилијамс беше најдобар комичар на цел свет, па човекот бил изеден одвнатре.

    Како и секоја болест и ова мора да се лекува. Како што рана мора да се зашие, тумор да се отстрани, така и депресијата мора да се лекува. Доколку се примети кај некој најлошо нешто што може да се направи е да му се каже на тој човек ај бе ништо не ти е, оправи се сите сме депресивни, што мислиш само ти имаш проблеми. Тоа е исто како да му кажеш на некој ај бе ништо не ти е, секој втор денес дијабет има, немаш гајле. Најдобро е при први знаци на депресија (промена во однесување, повлеченост, затвореност, оддеднаш појава на гнев, очај, чувство на безвредност, промена во говор на тело, начин на комуникација) да се проба да се открие дали има некој проблем и тој проблем да се валидира. Откако ќе се валидира дека постои проблем, многу е подобро. Следува долготрпен процес, тежок, ама со многу љубов и професионална и домашна грижа и тој се решава.

    Најбитно од се е кај нас да се смени малку мислењето дека посетата на психијатар е нешто срамно или страшно, да не се осудува и да не се покажува со прст и малку од малку да се едуцира населението дека депресијата не е измислица, дека не е лош ден, туку дека е клинички синдром и дека нелекувана може до фатални последици да замине.
     
    На WildMk, Stephen Amell, Rama и 7 други им се допаѓа ова.