Здраво Долго време барам и не наоѓам слична тема за малку поголемкиве деца. Верувам и гледам дека многу мајки ке ми пишат и ке ме разберат и мислан дека е потррбна темава па и совети. Јас не сум мајка, сестра сум на 18 годишно момче.. во страшна секирација сум нити е грд ни болен ни глупав. Заврши средно запиша факултет со сите 5ки вози кола не е сиромашен све што му е потребно има. Нема друштво нема девојка, немал школски дружења не го викале и не одел на кафе со школските другари го фати корона онлајн за прва година средно и не се ни запознаа. Не да е воспитан златно дете е секој да го посака, глас не повишува се што сакаш ке ти даде душа дава за се. Почитува љубезен е јас не знам веке што со него понатака. Нема ни 10% изживеано од детството. За девојка не сака да зборам не ми збори ни он не е како другиве на 18 години женските дома што ги носат многу има почит ама јас не знам како да му помогнам. Осеќам дека и он не го сака ова ама машкп па неќе да плаче и не можеме да излеземе од ситуацијава
Нека се запише на некоја активност, теретана, спорт некој, на факултет редовно на предавања и да почне комуникација со луѓе. Ако има потешкотии да почне комуникација, советувате се со психолог. Ќе се среди, само мора да излезе од комфор зона.
Одеше во тератана џабее на факултет ги викаат по саат два сите од сабајле фо пладне само он по три саати А за психолог аум помислила ама ми е страв да му кажам да не се осекја како да е за на психолог
Колку си постара од него? Викни го во твое друштво. Повеќе активности надвор од дома. Почнете од најмали работи он во продавница нека оди, да фрли ѓубре, било што што може да поминува време надвор од дома. Било какви активности со луѓе.
Мажена сум веке не живееме заедно но не сака не сака да се спојува го викавме на шетање на утакмици џабе со сила влечам
Ако си е океј детето со ваквиот начин на живот што има веза дали има девојка и дали излегува на кафиња. Мислам да се пожали он дека му е тешко да најде пријатели, девојка па да се загрижиш, ама ако он си е океј со тоа не гледам проблем искрено.
Ако осеќа фрустрација, како шо викаш, значи има некаков проблем. Најидеална ситуција би било разговор со психолог. Ти имаш разговарано со него, отворено, без предрасуди и критика, да добиеш барем малку претстава за шо би можело да се работи? Бидејќи од твоето објаснување добивам впечаток дека ти повеќе си загрижена за него, отколку тој за себе, освен како шо викаш дека “се осеќа фрустрација”.
@Аничкаa ако можиш да осетиш дека има проблем - разговарај со него. Година постар е брат ми, короната дефинитивно имаше огромен удел во социјализацијата во средно, односно недостатокот на социјализација. Дома женски не носи, зато му е колата ваљда. Ни во мое време не се одеше по дома ако некој има кола. Така да само оти не гледаш дека дејта не значи дека не дејта. Јас пример знам дека мојов дејта оти имаме таков однос шо ми кажва. Моите абер немат и си носат заклучоци дека не можел женска да фати, па го притискат и то го трга него поќе и поќе се затвора кон нив. Размисли дали и кај вас можи ова да се случва. Ако седи дома и кажва дека нема доволно контакти, предложете да се приклучи на академија некоја или курс. Разговор со психолог за работа на снагите и социјалните вештини е исто опција. Иако ако оди на факултет има добра шанса да се социјализира доволно, т.е. колку шо сака (ова во случај да е се твое набљудување, а не негов став). Не сме сите екстровертни и одење до факултет секој ден ми било доволно да ми исцица социјалната енергија на негова возраст. Башка сите имаме различен поим за забава. Така да шо и да имаш како прашање околу него, прашај го т.е. разговарај со него на пријателско ниво и полека ќе се отвори кон тебе. Ко ќе почни да се отвора кон тебе и можиш да идентификуваш конкретни проблеми ќе можиш и конкретно да пристапиш кон решавање.
Да јас сум по загрижена одколку он сам за себе Се работи за срам и повлеченост и оноа "што е тоа е..." Академија курс било што барам цело време пратете линк од случувања настани групирања ја не знам што да барам Некни му викам еј ке те запознаам со една многу слатка девојка. Ме гледаше како да го издавам дека убил човек. Не ме праша ни која ни што е ни да ја види а не ми ни рече не само заплашено од мојата идеа
@Аничкаa и мене некој да ми речи да ме запознај со некој гледам под око. Брат ми исто. Башка на 18? Е-хе уште колку има пред него. Јас сум +10 години постара од него и можам да речам екстремно интересното ми почна покасно. He's still just a baby. Ако вршиме на некој притисок да исполнува некои цели во одредено време инаку да носиме заклучок дека нешто не е во ред - е нахнаден притисок шо ќе напрај нешто да стани не во ред. Башка короната беше точка на социјална стагнација кај многу од тие генерации и некои едноставно имаат потреба од поќе време да стекнат социјални вештини. Имаш здруженија невладини особено младински центри шо работат со Еразмус. Еднаш да оди негде една недела ептен опушта. VCS Скопје често поставуваат огласи, на скоро неделно ниво, за размени и волонтерски проекти. Има и факултети шо соработват и пред трета година (тогаш можи и цел семестар да смени, пред трета година одат обично на 7-14 дена). Ама шо пробвам да кажам не е name dropping да прам на организации туку академија, волонтерска работа, курс, многу има шо одат Црвен Крст, помагаат социјално оти те носат во ситуација кај шо мора да комуницираш со други и колку поќе прајш нешто - се навикнуваш и учиш како да го прајш подобро. Јас можам да ти пуштам пример академија за програмирање. Ама ако нема интерес за то, која е целта? Треба да го интересира за 1) да сака да се инволвира во нештото и 2) да има причина + за комуникација со врсници од тие програми, оти ако не го интересира и е позатворено дете пак нема зошто да комуницира. Исто ако гејма, за машки деца (и за многу женски, но ова е покарактеристично за машките од набљудување) е често извор на здружвање. Така да видете кои се интересите и експлорирајте на нив. Мора да го интересира и конкретното нешто, ама и да е отворен да проба пример дополнителна работа како волонтерство или курс итн. Ама на крај на ден мора него да му е добро. Ако му е добро како шо му е, и ти му вршиш притисок за поинаку можиш само да ставиш бариера меѓу вас. Ти ако и натаму мислиш дека има проблем најдобро ти е да почниш да имаш попријателски однос за да видиш шо уствари го мачи и дали нешто го мачи па да тргните со решавање на шо и да е проблемот, ако го има. Ако веќе имате доста пријателски однос и не споделва проблем - можи нема? И како rule of thumb кога се приближваш на млади луѓе пријателски и за поддршка/решавање проблем - н и ш т о не смеј на сила, и се гледај да прајш да е како предлог или да го стимулираш сам да стигни до заклучокот шо го имаш. Се друго има ризик за контра ефект, иако зависи нели и од карактерот.
'Детето' ако е возрасно само треба да си бара партнерство или друштво. Ако не чувствува потреба, во него е проблемот бидејќи сите сме социјални суштества. Во спротивно неопходна е психолошка евалуација. As simple as that.
Мислам дека штом оди на факултет, се меша со врсниците и ќе си најде свое друштво. Прва година е сепак транзиција и се менуваат пријателите. Некогаш и помалку се дружат а повеќе учат во прва година, додека да се адаптираат на темпото. Така што не мора да значи дека е алармантна состојбата. Второ, можеби не ги имаш сите информации за него, што прави, со кого се дружи и дали има или не некоја. Можеби зошто не живеете повеќе заедно, не излегувате заедно во исти кругови или едноставно зошто не сака да ти се доверува. Ако те перцепира како некој што е поблиску до родителите отколку до него, нема да ти се доверува. Имам впечаток дека машките на таа возраст 15-18, па и постари, некако се срамат да зборуваат со родителите за тие теми, ама зборуваат со брат/сестра, со пријатели. Но тоа што не кажуваат, не значи дека ништо не им се случува, дека немаат другари, симпатии или девојки. Мојот син е 16 годишен и ништо не ни кажува на нас, ама сестра му е во тек со се многу пред нас. Неа и се доверувал, а ние никако не можевме да му извлечеме информација. Дури еднаш ми рече дека не сака да зборува за тоа со нас, дека тоа си е негова приватност и не му е пријатно да зборува со нас за тие теми. Ама си кажа дека ако има потреба дека ќе ни се обрати . Ќерка ми ни кажа некои основни работи дури кога виде дека сме навистина загрижени дали е тој во ред и дали не е премногу изолиран за својата возраст, а тој не ни даваше никакви информации. На само ми кажа дека син ми имал свој љубовен живот и социјален живот кој е побогат од она што ни го претставува, само си го чува приватен. Често си разговарале со неа и со нејзиниот дечко за девојки и симпатии. Постојано го следам кај се движи, барам да ми каже каде и со кого е, но не сум душкало. Му ставам до знаење дека за се може да ми се обрати и знае дека немаме табу тема. Разговараме за потенцијалните опасности и за тоа и сам ми се доверува кога се осеќа несигурен во некои ситуации, така да створил доверба, да речам во тој поглед, дека е внимателен. Некако правиме баланс помеѓу премногу контрола и мешање во неговиот живот и тоа да биде пуштен без надзор зошто не е возрасен се уште.