1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите лични успеси...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 20 јануари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Во животот секогаш се бориме за нешто, и сакаме да изградиме нешто, да постигнеме соодветен ранк,позиција,цел... Но тоа не секогаш мора да биде диплома,признание,чин, некогаш е доволно тоа што не исполнува да претставува вистински успех за нас. Кои се вашите успеси во животот (немора да се признанија, може како што реков и работи кои ве исполнуваат)

    За мои успеси сметам две работи:
    Првата работа мојата врска. Јас мојата врска со дечко ми си ја сметам за успех, бидејќи да си со некого долго време и да градиш љубов е вистински успех.

    И второ,успехот што го постигнувам со спортот,5 години државен првак,30та на светско првенство од90, 18та на олимпијада, сметам дека е вистински успех(со оглед на годините кои ги имам)за понатаму со господ напред ќе видиме.
    Но тука не застанувам, се стремам кон нови цели и нови успеси.


    Кои се вашите успеси во животот со кои се гордеете? :)
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Их бре девојче ме стави во мисла :)
    Ако кажам успешна мајка, ќе се преценам затоа што сеуште е мал и додека не го изведам на прав пат и се гордеам со него има уште многу време.
    Ако кажам сопруга, ќе биде себично од моја страна а сакам да кажам кога ќе славам 50год. од брак, е тоа е веќе успех.
    Ако кажам работа, знам дека можам уште повеќе иако ме задоволува и сегашната.
    Или сум многу самокритична и гледам реално на работите,а и млада сум :P има време кога успесите сами ќе испливаат на површина како резултат на мој вложен труд кон нешто.
    Топла вода за жал не ја измислив јас и не патентирав некој мој изум, бар до сега
     
    На Lovely93 и Lux им се допаѓа ова.
  3. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Од признатите, ете да ги набројам натпреварите преку школо за почеток, имам две државни први места, уште неколку каде што сум помеѓу првите 7 од можни дури до 250. (не ме пуштаа да се натпреварувам за повеќе, не било фер за другите -.-)
    Вистински успех ми претставува тоа што научив да свирам гитара и да пеам. Бев позната како ќерка на музичар но вистински антиталент, ни татко ми немаше желба да седне и да ме учи :D Ама се решив, чим сакам ќе постигнам и точка! И така на 13год. почнав и ден денес ме фалат како убаво свирам и пеам... Многу и не ми веруваат дека сум научила сама, но не ми е битно, јас важно си знам за себе. Ми помогнаа и помагаат секојдневните критики на татко ми иако често се караме поради нив.
    Познавањето на англискиот јазик ме запозна и со светската литература (одбивав да читам преведени книги). Од многу читање дури и се решив да пишувам и книги, првата ја напишав на 13 и се срамам од глупостите кои сум ги напишала, хаха, но на англиски е и е преку 500стр па така да сепак ми претставува како допар предуслов да ја напишам втората (таа има 877стр) и со оваа се гордеам. Имам пофалби и за граматиката на англиски, од ретките на кои што им дозволив да ја прочитаат.. :) Ама сепак сега пишувам нешто пооригинално и работам на подобрување на вокабуларот на македонски за да напишам и таква книга пошто имам бујна фантазија и само нови и нови идеи ми излегуваат.
    Успех... цртањето, од негде-никаде ме замоли еден писател (Стојмир Симјаноски, незнам дали го знаете, пишува научна фантастика, бил човек на годината во САД порано) да му нацртам насловна за новиот роман. Не дека ми е најдобро дело (искрено, лично не ми се ни допаѓа толку) но и такво требаше да биде, едноставно, па се гордеам што сега моја слика ќе ја краси насловната на многу добра книга! Сепак повеќе си ги сакам цртежите со молив.. :)
    Успех - стипендијата државна (која неправедно ми ја прекинаа!) и стипендиите за приватните школи кои за жал не успеав да ги употребам, но успеав да ги постигнам, тоа ми претставуваше голема цел пред да се запишам средно.

    Би набројала уште неколку работи, но мислам доволно се. Не се некои големи успеси, но ова се работи со кои што моите родители се гордеат со мене, а и јас самата сум се задоволила. Сепак, само што наполнив 16 и ме радува што го имам цел живот пред себе да постигнувам, па да се навратам по неколку години на темава и да пишувам за вистински успеси :D Фала што читавте!
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Па ти си мултиталент мори :x на 13 години си напишала книга од 500стр, а на 16 книга од 877 :x Плус, те бива и за јазици, за пеење, за свирење, за цртање... Абе мултиталент, браво :)
     
    На LittlePinky и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  5. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Фала INSIDIOUS! Сега уште што ми фали е да престанам да се срамам од јавноста и да го покажам тоа што сум го постигнала... ама потешко тоа :D
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Aкo неможеш,МОРАШ,а ако мораш, тоа значи дека МОЖЕШ ;)
    Верувај во себе и ќе успееш, секоја вечер пред да си легнеш вели си јас ќе успеам ќе го направам тоа(си го кажуваш тоа), сабајле кога ќе станеш си велиш чекор сум поблиску до тоа.
    И ќе видиш како се ќе биде полесно. ;)
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Фала многу за поддршката, еве ми мотивација тоа да го применувам... Фала уште еднаш! :)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Да не бидам многу офф топик, само уште една важна работа, тоа не треба ради реда да го кажуваш, туку од срце да ја црпиш енергијата,вистински да го посакуваш и чувствуваш кога ќе го кажуваш тоа.Твоајата сила,твојот центар за се е во срцето ;)
    само напред и ќе успееш
     
  9. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Snow-Queen ми ја разуваби оваа пеколна недела!
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За да пишете во темава,со сигурност сте морале овие скали да ги надминете (метафорично кажано), само напред феминки кон вашите цели и успеси
     

    Прикачени фајлови:

    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Темава ме потсети на преѓешниот пост што го напишав во СДК.
    За моите лични успеси, си викам некаков успех е што завршив основно и сум на крајот на средно образование? Можеби за некого, ама мојава амбициозност не завршува тука.

    Мислам дека моите успеси се пред мене, а јас се движам кон нив како на сликата од погоре.
    Да се разбереме, нема успех без претходно потење и вложување.
     
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Успех,за еден ден успеав да напишам повеќе од 50 мислења овде на форумот :D Друг успех,мојата фотоколекција :D Нема кај мене такви успеси:натпревари и слично :(
     
  13. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Моите испеси,па да почнам со тоа дека од 1во одд сум скрос одлична(до 4то немаше оценски ама се делев од др),просекот секогаш 5,00.Лани само јас од генерацијата двете екстерни 5ки ги извадив.Потоа ногу пати имам земано 1 место во проза,на сообраќај имам земано 1 и 3 место.Хемија бев 48 од 210,математика секогаш си идам со дипломи и пофалници :rock: Друго за успех го сметам тоа шо кај луѓето имам изградено убава слика.Ме сметаат за лојална и добра личност.Успех ми е тоа шо научив да свирам на гитара.Не сум нарцис па сега да помислите дека се фалам :emo: Напротив сите овие работи ме мотивираат повеќе :)
     
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Единствен успех на кој во моментот се сеќавам е дека пред некое време ги победив другарка ми, дечко и и некоја си албанец кој заборавив за името да го прашам на страната играјмо.се во нелути се човече.
     
  15. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    најголемиот успех до сега е дека на 13 год. дојдов овде во америка
    и сама почнав нашколо никој не ми помогна истерав сама 1-2 години кои исто така можам да речам дека беа најтешките години до сега
    полагав тест одма кога дојдов на јазик што уште не го знев потполно
    и на тестот многу бев добра и прескокнав едно одделение ..
    го научив цел јазик , се трудев, требаше други деца да ми покажат и да ми помогнат ама никој од нив ништо не ми помогна и не ни зборуваа со мене , цела година САМА пробував да научам , да прифатам друга култура и друг начин на живеење додека не се вклопив.. некогаш многу ми беше тешко да се вклопам во потполно различна средина ама ете се снајдов некако
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Моето образование, работата, имиџот и др.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  17. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    118.143
    Пол:
    Женски
    И покрај се, си останав своја на своето. Не се променив-тоа ми е најголемиот успех