По еден неодамнашен разговор со неколку членки љубители на секаков вид цвеќиња за одгледување се решив да ја отворам темава. На темава ќе се прикачуваат персонални цвеќиња со исклучиво персонални фотографии. Прикачување на фотографии од интрнет се забранети. Се надевам дека темава за прикачување на фотографии ќе биде од полза за корисни информации околу истата и ние љубителите на цвеќиња ќе уживаме во секоја фотографија и секој детаљ на разнобојноста и природата. Да скршам мраз како домаќин на темава :
[ATTAОCH=full]264504[/ATTACH] Ова се моите кали Инаку цвекињата ми се најомилени , а најмногу најомилени ми се кактусите ,и имам многу , коишто ке постирам слики наредниве денови
Ние сме многу љубители на цвеќиња, посебно мајка ми многу ги сака и ги имаме во целиот двор. Еве неколку од нив
Моето единствено цвеќе. Дрвото на животот. Го добив на почетокот на бракот, беше ептен малечко, сега е пораснато, значи веќе со години го имам. Не бара никаква посебна нега, го пресадував само неколку пати во поголема саксија за сето ова време. Не сум баш по цвеќиња. Барем не сега за сега. До скоро воопшто не ги ни сакав. За ово сум емотивно врзана. Имав и уште некои ама ми се исушија Малата му се пуштила деновиве, се надевам ќе ја преживее и оваа бура
Дел oд цвеќетo вo двoрoт. Имaм сaрдели,и ниски трендaфилчињa,кaктуси,и дрвo нa живoтoт нaдвoр ќе сликaм дoмa кoгa ќе oдaм,А вaнтре сoбни имaм пoвеќе,oд кoи пoгoлем дел се кaктуси,и aлoе верa.
Преубави природни шаренила. Сите посебни на свој начин. @Ketchup домаќин човек си ти се гледа браво. И домашните ми се допаѓаат многу оние зелените како налик дрвја, се надеваме дека ќе ве има сите почесто да се изнагледаме на сета убавина.
Ова е Драцена, не е дрво на животот. Дрво на животот е Јука. Ова е сликано лани, не се пресни сликите
Се важат со малку ефекти? Оти само од инста имам слики. Немам многу цвеќиња повеќе се билки и зачини, ама овие многу си ги сакам.
Секако дека важат и ефектите важно е сликите да се лично наши. За подобра фотографија може и ефект и бјути и се. Важно е да доловиме убава фотографија од наши раце. @1209 и сите останати. Патем 1209 многу убави фотографии посебно првата. Алал.