Темава е за да споделуваме наши AI креации, независно од кој програм се. Темава не е за дебата дали е или не е легитимна уметност, за тоа има тема. Напишете кој софтвер, апликација сте го користеле
Real life мачката е со огромни шепи Прави секако, ама и јас тек еден ден се занимавам. Спојлер: мачка Еве уште нешто, инспирација секако Хари Потер и лила рамнонда
@CameliaMiller, а што внесувате во описот? Опширно пишуваш со реченици цели или клучни зборови само? Зашо толку време му треба за да ми изгенерира слика, споро некако? Мислев одма за секунда иде тоа. Жити АИ - то. Уште време му треба и да учи за памет да му дојде. Апликацијата има многу реклами па ме иритира и тоа. И не забележав, има опција да се сејвне у галерија или скриншот праиш за да ги зачуваш? Како и да, интересно е, не дека не.
Мене ми е брзо а и реклами немам, не знам зошто. Инаку ставаш клучни зборови ама подобро е како реченица цела да опишеш што сакаш да видиш, со тоа што најважното го ставаш прво па деталите по важност ги редиш после Јас и со мои лични слики од моиве мачки пробав, добар резултат добив, само се намачив дур објаснам дека ружата сакам да е во стаклена чаша Спојлер: Неуспешни обиди Спојлер: Моја почетна слика Финално одбрана Еве го другиот, почетната погоре ја имам прикачено И нешто рандом. За ја симнеш сликата кликаш на More и бираш Download, можеш да бираш со и без авторска лента да ти биде
Awww преубави се сликиве со мачињата. Може линк од апликацијата? Оваа ја што ја инсталирав ептен реклами има, не знам дали истата е. Иначе ептен заразно ова. И сеа идеи за аватари милион.
Мојата прва креација. Презаразно е ова. Фала за споделениот софтвер. Моето дело е ,,Црнокоса сирена лежи на рози во вселената". Предложете други апликации и софтвери доколку знаете.
NightCafe директно од нивниот сајт се симнува, повели реферал да ќарам на тебе (се зезам, не мораш да го користиш) Еве нешто ново.
Одиш на линкот, правиш акаунт, и после имаш повеќе опции, јас сега експериментирам со слики што сум ги фотографирала јас. Инаку имаш create, бираш модел и preset и во текстот пишуваш што сакаш да видиш, пример: fluffy bunnies jumping on meadow with spring daisies или floating tea candles in a bowl with fish Итн. Експериментираш со модели + пресети и зборови Hit&miss е секако, за забава е супер