1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашта чудесна земја Македонија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Snow-Queen, 7 ноември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Слики, видеа, импресии...секакви легенди и убавини поврзани со нашата татковина нека овдека бидат тема на муабет.
    http://www.youtube.com/watch?v=Goj8XNygZlw
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.655
    Допаѓања:
    12.106
    Има убави места, ама ние не можеме да се споредуваме со други земји каде треба месец дена да седиш во еден град за да го видиш. Кај нас е обратно за месец цела држава ќе ја видиш. Добра работа е што за западњаци, странци сме ефтина дестинација. А за спотовите мислам дека не ја отсликуваат реалноста, некако се филмски направени. Едно Кратово кога ќе го видиш на спорот, па во живо друго е. Нашминкани се работите за да изгледа поубаво. Дојран го гледша убав на реклама, ама македонска работа кога отидов ѓубре на плажа имаше купишта. За туризам , љубезност треба многу да учиме. Една Англичанка сакала од Скопје до Охрид да оди автостоп , и братучед ми случајно ја сретнал и објаснил, што како, а таа со куфери.Се чудел колку е слободна. Ако се качи кај некој шиптар накај Тетово, тешко дека до Охрид ќе стигне. Таа сакала луѓето да ги запознае, ама по пат може и да ја ограбат.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.013
    Допаѓања:
    136.146
    Го сакам секој милиметар од Македонија.
    Секој дел од денот, сите годишни времиња.

    Без разлика дали ги гледам прекрасните бои на есента, изораните ниви покрај патот, планините на кои вее снег, езерата, иглолисните шуми, сончогледите покрај патот, полското цвеќе и уште милион други нешта кои ги среќавам - сликите секогаш ме воодушевуваат.

    Јас не можам да ја споредувам Македонија со ниту една друга земја. Не можам да бидам објективна, и нема ни потреба. Ја сакам затоа што е моја. И никаде не се чувствувам така како што се чувствувам тука. Тука сум дома.
     
    На Tanjamm, Foreveryoungiwannabe, wolf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Здогледуваш сладолед во фрижидер... отвараш-сарма :D Ахх таа чудесна земја Македонија :lol: :lol:
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Девојки, ајде препорачајте некои манастири и интересни места за посета покрај Демир Капија и Валандово.
     
  6. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Каренин,

    Успение на Пресвета Богородица - Демир Капија
    Централна парохиска црква „Успение на Пресвета Богородица”. Изградена е во 1937 година.
    [​IMG]
    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=uMsqViQWOPE

    Сосема неврзано:

    Сепак,каква и да е,сепак е таа,една и едниствена Македонија.Полна со природни убавини,меѓу кои и единственото пронаоѓалиште на Рубин во Европа,кое се наоѓа во Прилеп.Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
    Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско.
    [​IMG]

    Дали знаете дека најквалитетниот опиум на светот е македонскиот?

    Или дека во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

    Како и дека според НАСА, Кокино е четврти на листата најстари опсерватории во светот.Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

    Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа Охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кои се со светска важност.

    Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

    Секој крал во картите претставува по еден голем крал:
    Баклава - Крал Давид,
    Срце - Карло Велики,
    Детелина - Александар Македонски, Лист - Јулие Цезар.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Имаме прекрасни убавини, ама незнаеме да ги рекламираме. Фали туризам! :!: :!: :!:
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    А и доста не се средени местата. На пример Кокино...чист пример ти е тоа. Ништо не чепкаат и после сакаат туристи да чекаат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Македонија има прекрасни места кои може да привлечат туристи, но потребна е инвестиција, а кај нас ништо не се прави на тој план. Инаку, најрепрезентативен за туризам е дефинитивно Охрид, а и најпосетен, зрачи со сите свои убавини и најубавиот бисер-езерото, цркви и манастири со огромна верска и значајна историска вредност, калето и многу други знаменитости, како и националниот парк Галичица. Посебно би го издвоила манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски со комплетната своја убавина и вредност. Понатаму Битола, со Хераклеа и старата чаршија, саат кулата и Пелистер. Скопје, кое веќе има лик на метропола, со сите нови градби, Водно со Крстот, жичара, природа..., кањонот Матка, Марков манастир, Скопска Црна Гора со сите цркви и манастири, калето со црквата Свети Спас и многу други свои вредности и убавини. Археолошкото пронаоѓалиште Кокино, на кое му треба сериозна инвестиција и добар маркетинг. Преспа и Дојран, прекрасни две езера, на кои многу малку им е посветено внимание, реализирана е недоволна инвестиција со средување на една-две релативно мали плажи, а толку многу може да се направи. Преубавото Маврово, плени со својата посебност, недопрената природа, ски центар, цркви, манастирот Свети Јован Бигорски кај Дебар, велелепен Божји храм, кој секогаш остава незаборавни импресии и повикува повторно да го посетиш. Преубавиот ресторан во склоп на манастирот, Куќата на мијаците, понатаму Галичник, Лазарополе, манастирот Света Пречиста во околината на Кичево, Лешочкиот манастир во Лешок, Тетово, манастирот Свети Јоаким Осоговски во кривопаланечкиот регион, Куклица Кратово, Лесновскиот манастир кај Пробиштип, Струмица со многуте манастири и цркви, Крушево како зимско-рекреативен центар со познатото Црешово топче, музејот на револуционерите, Мечкин камен и уште многу други културно-историски споменици и природни убавини кои ја красат нашата земја, за кои е потребно да се одржуваат, реставрираат, унапредуваат и надградуваат. Неопходно е да се поработи и на добар маркетинг и реклама, развој на туризмот, угостителството и хотелиерството.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 5 други им се допаѓа ова.