Постојат голем број митови за овие домашни миленици во кои сопствениците навистина веруваат. Денес ние идвојуваме дел од нив и откриваме која е вистината што стои зад нив. 1. Кучињата не разликуваат бои Доколку мислите дека вашиот миленик го гледа овој свет во црно-бели тонови, тогаш се лажете. Кучињата ги разликуваат сите бои. Тие имаат проблем со нијасите што се наоѓаат помеѓу црвената и зелената боја, а сосема јасно ги гледаат сината и жолтата боја, како и сите нијанси што произлегуваат од овие две бои. 2. Сув и топол нос е знак на болест Мокриот, сувиот, топлиот или ладниот нос на вашето куче е резултат на временските услови и влагата во воздухот. Температурата на носот може да се промени и за време од неколку минути и не треба да биде знак за кревање паника. Сепак, во некои случаи може да укажува на грозница, дехидратација или други здравствени состојби. Доколку сувиот нос на вашето куче, го следат и други промени како повраќање, дијареа и намален апетит, тогаш треба да се обратите на ветеринар. 3. Сите кучиња се добри пливачи Доколку кучето го подигнете на површината на водата и го пуштите, тоа ќе почне да мрда со своите шепи со цел да се одржи на таа површина, но тоа не значи дека сите кучиња се добри пливачи од раѓање. Повеќето кучиња обожуваат да пливаат, но тоа не се однесува на сите. Кучињата кои имаат силна и тешки не се добри пливачи, како што се булдозите, боксерите и загарите. Со малите раси на кучиња исто треба да се биде многу вниматален кога станува збор за пливањето, бидејќи тие се подложни на хипотермија. 4. Кучињата мора да џвакаат коски Стотици години луѓето верувале дека кучињата мора да џвакаат коски, а овој мит живее и во литературата и уметноста. Речиси покрај секое куче на илустрациите стои коска. Но, треба да знаете дека коските се повеќе штетни отколку корисни. Тоа е така затоа што кучињата лесно можат да проголтаат остри делови од коските, кои можат да предизвикаат руптури, односно оштетување на меките ткива од органите за варење. Ветеринарите препорачуваат наместо вистински коски, на вашиот миленик да му давате различни замени за коски што се продаваат во продавниците за домашни миленици. Еден од најдобрите пет шопиви во Македонија moemilenice.mk ви ги нуди најдобрите брендови на храна за кучиња. Доколку сакате да ја видите нивната понуда на храна за кучиња кликнете тука. 5. Кучето што мавта со опашката е пријателски настроено Луѓето мислат дека мавтањето со опашката на кучето е сигурен знак за пријателство, но тоа не е секогаш така. Тоа може да значи дека кучето е несреќно. Доколку вашето куче не се движи додека мафта со опашката, тоа значи дека е исплашено или се чувствува загрозено. Според истражувањето на Дискавери кучињата мафтаат кон лево кога се исплашени, а кон десно кога се среќни. 6. Кучињата јадат трева кога се болни Доколку вашето куче јаде трева, тоа не значи дека е болно. Кучињата јадат трева бидејќи таа за нив претставува добар пробиотик и им помага во процесот на варење на храната, но и затоа што им е досадно или пак затоа што им се допаѓа мирисот и вкусот на тревата. 7. Малку чоколадо е во ред Немојте да го храните вашето куче со чоколадо бидејќи тоа може да биде навистина опасно. Чоколадите содржат супстанца наречена теобромин, која е отровна за кучињата. Белото чоколадо содржи помалку теобромин, млечното повеќе, а темното чоколадо највеќе. Затоа најдобро е да не ризикувате и да не му давате на вашиот миленик од своето чоколадо. Доколку вашето куче изеде поголема количина чоколадо кое го пронашло во домот, тогаш задолжителна е посетата на ветеринар.