1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најголеми муфтеџии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Y Grint, 9 ноември 2017.

  1. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Сметам дека нема ваква тема. Доколку темата е дупла-канта. Во текот на моите студии увидов дека токму универзитетските професори и докторите (најчесто лекари специјалисти) се најголемите муфтеџии. Низ текот на мојот студентски живот видов како професори на културен начин „изнудуваат“ дури и оние најситни услуги од своите студенти. Па добро бе, зарем со 40 000, 50 000 и плус можеби плата да чекаш од студенти и 100 денари, 150 денари муфте услуги, за најразлични да не наведувам работи кои можеш и сам да си ги платиш. Не е работата само за купување учебници и правење списоци кој купил/кој не купил, (и потоа паѓање и намалување на поени на оние кои не им ја купиле книгата) туку и ред други нешта кои ме ваделе од такт, а (ајде со продавање на учебници вадат уште една плата), но сум видел и работи кои секој кој има високи примања (и тоа е познато)би требало да се срами да ги побара од студент (студенти кои 90% се невработени и немаат скоро никакви примања). До преглед кај некои специјалисти не ни помислуваат некои луѓе да одат без најмалку 50 е поклон без разлика дали во пари или натура да го „почастат“ докторот. Имав слушано муабет каде некој доктор на пациент (на голема мака) му одговорил-Јас за (50, 100е) не памтам конзерва не отварам, а не човек.
    Дали единствениот проблем во барањето „муфте“ како што се вели народски лежи во платниот систем или сепак и народот е тој кој со своето однесување допринесол како „добро утро“ да им е на некои професии да сметаат дека треба да бидат освен со плати и со муфте наградувани без разлика дали е тоа со подароци или со причинување услуги?
     
    На Nigredo Odor и mamika им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    11.715
    Допаѓања:
    148.732
    Пол:
    Женски
    Ова е многу поврзано со алчност на личноста, помешана со наивност на луѓето. Пример доктор пораѓа жена, мажот е пресреќен и купува вино. Следниот маж купува торта со виски. Тортата со виски добро му легнува на стомакот, па сака повеќе од тоа. Значи, докторот и е алчен, но самите луѓе му го допуштаат тоа.
    Кога дедо ми се оперираше, знаејќи дека е од село, му бараше сирење и прасе. Ама не го бараше директно туку "не е лошо да донесеш да замезиме, сиренце, прасе, после операција". И дедо ми е посебен навистина, му вика добро и после операција му донесе онака во чинија. Се бунеше доктУрчево, ама нека му е.
    Со професори пак, навистина е тажно тоа со учебниците. И тие учеле, и сега ако и нив бараа учебници да купуваат, нели обзир треба да се имаат и да се свесни за можностите на еден студент. Не можам тука да го поврзам со самиот студент зошто има студенти кои не можат да најдат настаро или пак сакаат да учат од нови учебници па ќе го земат. Тоа не е удоволување на професор, па да условува студенти.
    И за крај муфтеџии имало, и ќе има. И секогаш убаво ќе си врват на сметка на некој друг.
     
    На +++, Nigredo Odor, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.673
    Пол:
    Женски
    Се извинувам ако сум off topic, ама бидејќи Македонскиот јазик не ми е мајчин, не ги разбирам овие нелитературни зборови од старо потекло.
    Може некој да ми објасни накратко што значи зборот Муфтеџии ? :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    79.346
    Пол:
    Женски
    Capture.PNG
     
    На +++, daylight, mamika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.673
    Пол:
    Женски
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.343
    Пол:
    Женски
    И јас оф топик, али ми смета што нема надреден знак на сè. Сепак ако е речник (и кој и да го ажурира, иако најчесто неплатени доброволци) мора да биде точен.
     
    На +++ и daylight им се допаѓа ова.
  7. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.768
    Пол:
    Женски
    Не се само докторите, професорите такви.
    Пред некое време ми кажуваше еден другар.
    Се сретнал со негов познаник и му рекол ајде ќе седнеме да пиеме кафе. И тој еее не, не можам немам пари. И другарот рекол ајде јас ќе дадам по едно кафе. Седеле пиеле кафе и никому ништо.
    После некој ден пак се сретнале и овој пак го викнал оди ќе пиеме кафе. Тој пак исто немам пари ако честиш.
    Седеле што седеле и ајде ќе си одат. И овој ајде до банкомат да си направи проверка на сметката. И без срам му велел види колку имам на сметка, јас платата не си ја вадам.
    А најжално е што мојот другар работи што стигне. Кај го викнат таму за да дојде до некој денар, а оној другиот е во фотеља.
    Ама тоа ти е.
    Ако може да зграбе ќе зграбе. Туѓите пари не му се битни како се спечалени и кај ќе одат, битно неговите си ги чува.
    И не за џабе е речено кај сиромашен да се најадеш, кај богат да се нагледаш.
    Богатите се најскржави, можеби и затоа имаат.
     
    На celineparis, Anacid и sorbet им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    29.170
    Пол:
    Женски
    Муфтеџии имало и ќе има на сите страни, независно од статус и професија.
    Конкретно за професорите, јас до сега не сум имала такво негативно искуство. Баш како за пофалба, имало професори кои ни подариле свој учебник по кој се изведува наставата а во најмала рака на никој не му пречело тоа да биде копија. Од друга страна според мене е ок да се плати книга но по разумна цена. Некој во таа книга вложил многу труд, време и финансиски средства. Јас сум од она време кога и во основно и средно сами си купувавме книги, сите тие имаа свои автори и никој не ни ги подари туку нашите родители имале или не, на почеток на учебна година морале да бидат финансиски потковани за да изнакупат куп книги, работни листови и не знам уште што не. Факултетите ниту се бесплатни, ниту се задолжителни и секој кој се запишува треба да има на ум дека ќе има потреба за дополнителни средства кои се однесуваат и на книги, потрошен материјал за вежби и сл.
    Обично муфтето произлегува од оние луѓе кои се доброволно научени да пикаат во џебот за да поминат полесно, поубаво и преку ред. Да добијат подобра и поквалитетна услуга пред тие кои немаат да почастат. А ако некој апла ти бара за да ти заврши работа, тогаш веќе станува збор за мито.
     
    На AURUA и filip4 им се допаѓа ова.
  9. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.994
    Пол:
    Женски
    Не станува збор само за доктори,професори,такви муфтеџии имам меѓу колегите на работа
    Просто да се чуди човек,си носиш за јадење,и од општа култура ќе понудиш,ете ги се нацртале да пробаат,секој ден,а при тоа не си носат за јадење.јас ова не го разбирам,се случува ајде еднаш два пати да пробаш ама секој ден??
    И ги гледаш одат од канцеларија во канцеларија и бараат нешто благо,нешто дали останало,не не е дека немаат,напротив со високи плати ама тоа е
     
    На AURUA и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    11.988
    Допаѓања:
    68.666
    Пол:
    Женски
    Здравството и болниците се полни со вакви луѓе... Токму тие што треба да покажат грижа, човечност, да пружат помош и внимание, не го прават тоа сѐ додека не добијат пари или подарок. Срамота и греота. Тешко на сиромав човек кој треба во болница да лежи. Божем згрижени, тие оставени на милост или немилост. Па луѓе, платени сте за тоа што го работите... И поштарите кои носат пензии или пари за туѓа нега си бараат неколку денарчиња да им бидат оставени за услугата, божем за кафе, ако така ги научи некој од тие на кои му носат. Инаку, меѓу луѓето околу мене, колеги, пријатели, нема такви. Напротив, воопшто не сакаат да земат туѓо, освен во случај нешто навистина да им треба во моментот а да немаат. А имав ваква пријателка, ама ја откачив. Користољубие...
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Ова Јовица Угриновски кога работеше на државна како неврохирург го има речено. Инаку да сведок сум на вакви ситуации. Ароганцијата и умисленоста дека е Господ на светов се намбр оне да си дозволуваш ваква дрскоча кон ранлива категорија-студенти кои се уште од примањата на родителите преживуваат во најголем број случаи.
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.836
    Пол:
    Женски
    Нема џабе ни код бабе, децо :rofl:
     
  13. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.770
    Пол:
    Машки
    Газлаци невидени само за ќотек. Ебате големината на човекот коа се цинцари за 50 денара а логиката на нив им е 5 * 5 / 25, капка по капка - поток ...
    Секој по еден шамар да им врзе контра на услугата , палачинки ќе се направат.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    2.511
    Користољубиви глумци и идиоти се докторите!!!
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.773
    Пол:
    Машки
    Ако се земе во предвид дека сме народ со пословици од типот „Кад је гага и киселина е блага“ и узречици како „Ааааа, треба да частиш!“ за каква било вест или новост што не е трагична, појавава ич не ме изненадува. :D

    Не би рекол дека докторите и професорите се најголеми „муфтеџии“ - едноставно, професии од типот на јавни службеници ги ставаат у уникатната положба да бидат надредени у однос на луѓето со кои комуницираат и истовремено, да доаѓаат у контакт со голем број на луѓе. И најголем дел од нив тоа го (зло)употребува.

    А иначе, муфтеџиите се меѓу нас :bandit: - ги има насекаде, во сите професии и бранши - само сиромашките немаат такви услови како професорите и докторите за да можат да блеснат во полн сјај. :worried: :D
     
    На Annath, PaLaVa, +++ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    132.575
    Менталитет прост, алчност, недостоинство во права смисла на зборот, а најбитно од се' чувството на моќ и посебност која ја има секој искомплексиран што допрел до некоја малку побитна функција или плата малку поголема од просек или од минимална за некои. Грабаат бонбониери, пијалоци, кафиња, пари под рака, софри, мезиња...под изговор дека заслужено им е и дека луѓето од милост и благодарност ги даваат. Врти како сакаш, простотилок е одговорот.
     
    На Someonespecial, PaLaVa, +++ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.055
    Допрва ќе стане уште полошо, а зборовите како „совест“, „чесност“, и „жал“ ќе изгубат уште повеќе на значење во општеството.
     
    На Briar Rose, Someonespecial, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.701
    Пол:
    Женски
    За жал, се’ уште постои овој синдром во нашето општество, каде и да се обратиш за нешто да завршиш или пак онака во дружба со “пријателите”, се наидува на исти вакви луѓе.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.