Најдобар начин да се инвестираат пари?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Zverot, 3 мај 2020.

  1. Zverot

    Zverot Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Значи да претпоставиме , имате 70.000 евра кој е најдобриот начин според вас да се инвестираат , дали штедна , некретнини за кирии , акции , отварање бизнис?

    Кој би бил вашиот совет ?
     
  2. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    3.491
    акции
     
    На Zverot му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.348
    Допаѓања:
    4.894
    Пол:
    Женски
    дефинитивно бизнис ама разумно да се размисли од кој бизнис ке има профит и после 4 5 години парите ке се дуплираат ако е профитабилен бизнисот.
     
    На blady и Zverot им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.073
    Комбинирано, па нешто од тоа ќе успее.
     
    На faye и Zverot им се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    148.534
    Штом немаш идеја, подобро не дирај ништо ...стави у банки на 7 места по 10.000е или у сеф на купче и размислувај си натенане што со нив ... ваљда ќе им најдеш чаре,не е некоја богзна каква сума ,па да незнаеш што со нив
     
    На Regina.Phalange, Dust и Zverot им се допаѓа ова.
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    4.804
    Пол:
    Женски
    Во недвижнина.
    Би купила стан или дуќан и ќе ги издавам под кирија
     
    На fana, lovemme, elenaxbbg и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    За сопствен бизнис само ако имаш големи шанси дека ќе ти успее.Инаку за недвижнини би купила на место каде лесно ќе можеш да го издаваш на пр.Охрид.
     
    На Zverot му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zverot

    Zverot Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Ви благодарам на советите. Млад сум и не сакам да избрзам со одлуките па да згрешам. Идеја навистина немам, имав идеја за сервис за поправка на телефони и компјутери но голема е конкуренцијата.
    Втора опција ми е стан па да го издавам.

    @stetoskop На 7 посебни сметки или 7 различни банки? Иначе да, не е некоја голема сума но тешко е спечалена од моите родители па и од мене, и не би сакал да згрешам со нив.
     
    На elenaxbbg, CarrieBradshow, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Zverot

    Zverot Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Исто, знае ли некој која банка дава најголема камата доколку би ги орочил?
     
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    100.156
    Пол:
    Женски
    @Zverot најубаво би било да инвестираш во инвестициски фонд, така добиваш животно осигурување и плус штедиш, добиваш камата и добивка од акциите
     
    На g8lQQk, Regina.Phalange, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    4.377
    Информирај се колкава сума можеш одеднаш да орочиш. Ако немаш потекло на парите, чисто се сомневам дека можеш да им однесеш толкава сума кеш и да ти ја прифатат.
     
    На Zverot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zverot

    Zverot Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Во врска со инвестициски фондови воопшто не сум запознаен, но ќе се распрашам :)

    Ете околу потеклото е целиот проблем. Грешка е што имотот ми е оставен во тестамент а парите не. Татко ми е починат. Знам дека до 10.000 еу не бараат потекло повеќе да..
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    18.804
    Пол:
    Женски
    Ако има човек желба и идеа за сопствен бизнис јас би рекла прво во тоа.
    Ама со добра математика само.
    На второ место би ги ставила некретнините, татко ми ми има кажано дека пари инвестирани во некретнини дека не се пропаднати пари.
    На акции не би ги ставила сите пари бидејќи може да падне вредноста и да останам на 0.
    Пре би со помалце да ризикувам на почеток.
     
    На CarrieBradshow, cresa-jagoda и Zverot им се допаѓа ова.
  14. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.398
    Пол:
    Женски
    Kupi 2 3 pomali stana i izdavaj gi.
    Sekogas ke imas pari i koga nestata ne odat kako sto treba,primer vo Skopje toa bi ti bile 600evra sekoj mesec da gi imas dopolnitelno od zarobenoto..realno ni edna banka na oroceni nema da ti dade tolkava kamata!
    Nekretninite nikogas ne gubat vrednost i nikogas nema da zazalis.
    Parite ke gi dupliras 100pati pobrzo od bilo sto da napravis so segasnata suma.
    Koga ke bides siguren deka go sakas toj i toj biznis povtorno imas sansa da go otvoris zasto imas prihodi dopolnitelni i plus nedviznosti so koi mozes da garantiras vo biznisot toa e mn bitno!
    Se nadevam ke uspees!
     
    На Cherry333, Gosh, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Женски
    nedviznosti no kupuvanje renoviranje i prodazba, ne izdavanje
     
    На Avery и Zverot им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    58.654
    Парите не се многу, ама не се ни малку.

    Ако сакаш да инвестираш, прво правило за инвестирање - не се ставаат сите јајца во иста кошничка. :) Инвестициските фондови се добар совет, плаќаш одредена сума и друг ти ја брка работата. Имаш низок, среден и висок ризик, па можеш да се расчиташ што точно се подразбира.

    Ако сакаш да имаш бизнис, треба да знаеш што правиш, како правиш и зошто правиш + македонскиот менталитет во предвид, инаку се впушташ во една многу луда и незаборавна авантура, од којашто е веројатно да излезеш без парите. :D

    Недвижнина и потоа огласување на станот на Аирбнб или Букинг ти е добра опција, мислам дека во Мк ова е еден од најбрзите начини да ги свртиш парите, а потоа и да ги дуплираш, без големо предзнаење за бизнис и инвестиции.

    И на крај, ваков совет ти е најдобро да побараш од финансиски советник. Овде сите ќе ти пишат за тоа што им фали или би сакале да го имаат врз основа на нив/нивното искуство. Пример, јас ако ти речам огласувај го станот на Аирбнб, мене можеби не би ми било проблем да трчкам 2 пати неделно во станот да чистам и да мењам крпи, а тебе ќе ти биде. Истото важи за секој даден совет на листава.

    Финансискиот советник ќе ги земе предвид не само сумата, туку и твојот живот, навики на штедење, трошење, планови за иднината, што сакаш да работиш, што ти лежи и ќе ти даде најконкретен совет.

    п.с. Во 2020 е греота да орочиш пари и да ти седат така во банка пошто каматите се мизерни. Правец кај некој што знае како се diversify (не знам ова на мкд како е) инвестицијата, а потоа како да ја дуплираш. Со среќа!
     
    На pianogirl, Ivan4e04, lovemme и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    5.445
    Недвижнини на атрактивно место. Охрид, Крушево, Берово...Дури можеш да купиш стан во некој од овие градови, и да ти останат пари за да грицкаш од нив. Ако немаш искуство со бизнис, не почнувај, може да отиде се во ветер. Казните се високи, давачките исто, а профитот како ќе се снајдеш.

    Не брзај, размисли добро, и извлечи максимум за твоите пари.

    Ако издаваш стан во Орхид, цела година можеш да има гости.

    И Крушево мислам дека не е за потценување.
     
    На Zverot му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    За орочување не би ти препорачала бидејќи ниски се каматните стапки во МК. Иако е голема сумата и не знам дали би ја прифатиле сепак оваа опција би била ако не знаеш што да правиш во следните 2 или 4 години па да ги оставиш да тече каматата.
    И јас ќе се согласам дека можеби најдобра опција би ти било да изнајмуваш стан, дали во Скопје или Охрид нема да згрешиш бидејќи во сезона сите одат а и студентите бараат сместување.
     
    На Zverot му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    23.479
    Пол:
    Женски
    Најмалку ризична опција според мене е недвижнина. Можеш да купиш на пример стан, да го издадеш под кирија и да си заработуваш секој месец без многу труд. Во секое време станот може да се продаде, под предпоставка да е добар и на фина локација. Бизнис пак ако ти тргне може да ти донесе многу повеќе ама за тоа реално си треба добра идеја, работа, залагање и посветеност. Не е така едноставно. А што се однесува до орочување на парите во банка и земање на камата, тоа е најлесна опција но лошо е што каматите не се воопшто добри. Ама пак, колку-толку па ќе паѓа по нешто плус во месецот. Обично помалите банки нудат подобри камати.
     
  20. Ahoy

    Ahoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    10.501
    Пол:
    Машки
    Според мене најдобро 2 станови, секако ако средсвата дозволуваат, и тоа еден во Грција (во Переа (многу е блиску до аеродромот во Солун, а има и плажа) или Олимписка Регија, во овие региони се (по)ефтини) и еден во Скопје/ Охрид.