Најдобар текст - Тема: Нови почетоци

Дискусија во 'Канта' започната од Florenсе, 16 август 2016.

  1. Florenсе

    Florenсе Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Ова е првата тема што ја создавам на форумов, па се извинувам доколку не ви се допаѓа или наидете на некаква неправилност.

    Значи, темава би требало да е нешто слично на Фото натпреварот и Фемина готвач. Според зададената тема, смислувате некаква приказна и ја пишувате. При тоа, доколку сакате, додавате фотографии на некоја од сцените од самиот текст со цел да биде поинтересно и покреативно.

    Правила:

    1. Текстовите што ги објавувате задолжително треба да бидат ваши лични творби.

    2. Фотографиите можат да бидат ваше лично дело, но и не мора.

    3. Можете да учествувате со само една приказна.

    4. Ликовите во вашата приказна треба да бидат измислени, но може за лик да земете некој член од форумот што ви се допаѓа (секако, со негова согласност).

    5. Приказните не смеат да бидат премногу долги.

    6. Пријавувањето трае 4 дена од објавувањето на темата, а до следната недела се избира победник.

    7. Победникот ја избира новата тема.

    8. Темите не треба да се повторуваат.

    9. На победникот не му следува никаква награда.



    [​IMG]
    Како и многупати досега, Поли седна во мрачниот ходник од својот единствен дом и заплака. Нејзината постара сестра Ана не беше дома. Како и секогаш. Ана ја нема.
    Ана ја немаше и кога нивните родители погинаа во сообраќајната несреќа тој врнежлив ден. Ана не беше тука ни кога Поли се задушуваше во солзи, таму на студените гробишта, сама. Ана беше отсутна и кога група тинејџери од улица се обидеа да ја претепаат нејзината единствена сестра, зашто таа не беше една од нив. Ана често ја немаше. Па, Поли се навикна да плаче без неа.
    И тогаш, заврна.
    [​IMG]
    Поли можеше да се соочи со дождот, како што досега се соочи со многу работи во животот. Студената вода плискаше по нејзиното тело, а таа несвесно ја наведнуваше главата се повеќе и повеќе.
    Никој немаше наоколу. И одеднаж, како од никаде, Поли слушна глас. Придушено смеење. Застрашувачка среќа. Се исплаши и влезе дома.
    Не можеше да остане спокојна. Гласот се приближуваше до нивната куќа. Се слушаше плискање со вода и чекори. Дождот не престануваше. Поли набљудуваше од прозорецот и истовремено си го слушаше исплашеното срце.
    [​IMG]
    Помисли на своите родители. Ако тие беа тука, немаше да се плаши. Ако тие беа тука, ни таа немаше да биде овде сама. Барем Ана да беше тука..Каде си Ана, дојди те молам..
    Препозна глас на жена. Одекнуваше гласно ехо на сите страни. Зарем е возможно да е толку блиску а да не е видливо?
    Само што го помисли тоа, две силуети на маж и жена се појавија од далечината.
    [​IMG]
    Танцувајќи на дождот, оваа весела двојка се повеќе се приближуваше до прозорецот на Поли. Таа веќе не чувствуваше страв. Ја обзеде одвратно чувство дека полудела, дека телото и трепери и умира самото од себе. Тие погледи во мракот, тие движења и чекори, тие раце, тој глас..Ги загуби кога имаше само 12 години, ги паметеше добро. Тие беа нејзините родители.
    Жената беше преубава. Поубава од што ја паметеше. Поли сакаше да излезе надвор и да им се фрли во прегратка, но беше закована за местото.
    Жената се доближи до прозорецот и смеата стивна.
    [​IMG]
    Поли не можеше да ги запре солзите. Го допре студеното стакло и по неколку секунди и се чинеше топло. Очите на жената ја истурија сета љубов на овој свет врз главата на Поли. Мажот стоеше понастрана и кога Поли го погледна тој се насмевна. Жива насмевка. Спокојна.
    Поли не кажа ништо. Не можеше. А и не требаше да каже. Доволен беше погледот и се беше јасно. Тие дојдоа за да кажат дека сеуште се тука.
    Смеата пак се засили. Мажот извади чадор и ја прегрна својата сакана под него. Се оддалечија. Ама нивните погледи останаа тука.
    [​IMG]
    Колку ли часови стоеше на прозорецот како скаменета? Два, три, пет? Дождот престана. Се стемни. Поли беше заспала. Изгледа спиеше спокојно како никогаш претходно.
    Утрото огреа сонце. Поли се разбуди и се сети на минатиот ден. Развлече насмевка на лицето. Беше среќна. Повторно подготвена да живее.
    Се слушна звук од дневната соба. Веројатно Ана дошла доцна во ноќта.
    "Па девојче? Се наспа ли конечно? Гладна си?" -прозборe Ана со онаа нејзина вообичаена ведрина во гласот.
    Поли ја прегрна. Побара од неа да и ја сплете косата. Исто како што мајка и го правеше тоа на првиот училишен ден.
    [​IMG]

    Се надевам дека темата ви се допаѓа!
     
    На ♡BuBaLe♡, buba4e89, КикиМаус и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    37.530
    @Florenсе, многу креативно од твоја страна. Приказнава е одлична, се надевам дека темава ќе биде доста активна. :inlove:
     
    На PrettyDramaQueen, boomsleng и Florenсе им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.707
    Допаѓања:
    4.142
    На PrettyDramaQueen и Florenсе им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.061
    Допаѓања:
    160.692
    Пол:
    Женски
    @Florenсе мила, алал да ти е значи - немам соодветни зборови за пофалба на твојата креативност! :bow::hug:
    Темата е прекрасна, се надевам ќе има убави дела за читање. :inlove:
     
    На PrettyDramaQueen, Ane-Goki1, Florenсе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, дали мора да биде конкретно приказна со ликови и настани или може да биде само уметнички текст? Ми се допаѓа идејата :)
     
    На Bitter-Sweet и PrettyDramaQueen им се допаѓа ова.
  6. Florenсе

    Florenсе Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Може да биде и само уметнички текст, а сликите само го дооформуваат она што го замислуваш.
     
    На Dabria му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.058
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Од кога сакам да пишам во темава да се обнови, зашто е доста интересна и треба малку внимание да и посветиме.
    Можеш @Florenсе да дадеш нова тема да се размрда малку главнава тема. И за сликите дополнив кој сака горе во правилата, не сметам дека треба да е обврзно. И мене лично не ми се допаѓа нешто текстот кога го попречува, па нека остане на избор на членовите. :)
     
    На Florenсе, ♡BuBaLe♡, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.303
    Допаѓања:
    109.815
    Пол:
    Женски
    Одлична тема. Ајде ставете тема и да пишуваме.
     
  9. Florenсе

    Florenсе Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што доаѓа 2017 и сите имаат шанса да изменат нешто во животот и да ја направат година за паметење, темата нека биде: Нови почетоци.
    Мислам дека нема ограничувања кога се работи за нашите мечти, желби и планови за иднината. Дали вие би оставиле нешто зад вас и би почнале од почеток, ако секако е тоа можно за вас? Дали можете да замислите дека се раѓате одново, дека е нов живот, нов ден, нова шанса?
    Користете ја вашата имагинација, пуштете ги зборовите нека излетаат сами и создадете нешто ново. Би била среќна доколку темата се активира @RainBow :)
     
    На Ketchup и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.