Најдобрата книга што ја прочитавте изминатата година

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Dream-Girl, 7 декември 2021.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Која е книгата која што ја прочитавте оваа година и најмногу ви остави впечаток? Зошто баш неа и по што се издвои таа книга од останатите кои ги прочитавте оваа година?

    Темава ја создавам со цел да споделиме рецензија од најдобрата книга што сме ја прочитале годинава.
    Да напоменам само дека не е важно од која година е издадена книгата (не е темава за најдобри издадени книги во 2021), туку за книга која што нас лично ни била најдобра прочитана книга годинава.

    За мене најдобрата книга што ја прочитав годинава е дефинитивно Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер.

    Си го цитирам мислењево од друга тема, бидејќи тогаш ептен свежо споделив импресии додека бев воодушевена од книгата.
    Тоа што ја издвои од останатите книги што ги прочитав годинава е што беше по вистински настан и што денови откако ја прочитав гуглав информации за книгата и за ликовите.
    Таа сила на една мајка што е спремна да направи се за детето, а згора дека се било вистина и навистина поминале низ нешто толку тешко, остави голем впечаток на мене што и месеци подоцна откако ја прочитав мислам на книгава.
     
    На Val-Dim, Guns N` Roses, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.163
    Допаѓања:
    32.466
    Пол:
    Женски
    Мора ли само една? :(
    Стварно не можам да се одлучам, ќе ставам две.

    Првата е The Radium Girls - Kate Moore.
    Книга напишана според вистинска приказна. Морничава, трогателна, но пред сè книга која прави да се чувствуваш горда што си жена.
    Зошто баш оваа?
    Додека ја читав, а и неколку дена откако ја завршив бев overwhelmed со измешани емоции. Ме распарчи на милион делови, ми требаше време да си ги соберам мислите, да го смирам бесот кој го чувствував кон одредени несовесни и алчни личности, а и кон целото капиталистичко општество. Таков хаос направи со моите чувства што никогаш нема да ја заборавам оваа приказна. Предобра книга, никого нема да остави рамнодушен.

    Втората е од Sagan. Тој ми е еден од омилените автори и негова книга мора да се најде во моите фаворити. Се двоумев меѓу The Demon Haunted World и The Varieties of Scientific Experience, но се решив за втората.
    Зошто?
    Без да навлегувам во детали ќе кажам дека книгава е задолжителна за сите кои обожаваат да го читаат. Покрај вообичаените теми за универзумот и слично, во оваа книга првпат имав можност за closer look at Sagan's personality, односно да го увидам односот на авторот при дебати со оние кои не се согласуваат со него. Во еден здив ја прочитав и во неа само се докажа неговата големина како човек и зошто е почитуван и до ден денес.
     
    На GirlRose, Lella, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    „Снег“ од Орхан Памук беше најквалитетната книга која ја прочитав годинава. Обемна е, ама вредеше и ниту за миг не сакав да ја оставам, како што ми се случувало со други книги. Авторот прави убаво поврзување помеѓу значењето на зборот снег или кар на турски, градот Карс каде се случува дејството и поемата „Снег“ која главниот лик ја пишува, а воедно и додека дејството тече, во градот паѓа снег.
     
    На en5, Skyfall, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Последната желба од полскиот автор Анджеј Сапковски (орг. Ostatnie życzenie)


    31RRNC3n6-L._BO1,204,203,200_.jpg


    Шареноликите компјутерски игри Witcher се темелат на неа, како и преглупавата истоимена серија со дебилен избор на актери во продукција на њетфљикс (кој ли им даде дозвола за снимање само!).

    Книгата е прва од повеќеделната збирка раскази за авантурите на Гералт од Ривија (од жанрот на епска фантастика), a авторот инспирацијата ја зема воглавно од старословенската, келтската и нордијската митологија. Ми се допадна, возбудлива беше, ми одговори на прашањата кои ми се појавиа додека го гледав воведното видео за првиот дел на играта некоја година пред да ја прочитам книгата. Интересна и вредна за читање доколку сакате да се запознаете подетално со светот на Вештерот Гералт од Ривија. Сепак не би ја ставил како некое ремек дело а ла Достоевски или Кочо Рацин.
    Долго ја барав и се подготвував да ја читам па бидејќи ми се допадна, еве ја ставам сепак во темава.
     
    Последна измена: 8 декември 2021
    На sweet-cherry и Skyfall им се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.420
    Допаѓања:
    12.002
    Пол:
    Женски
    Personality isn't permanent, Benjamin Hardy.. Ја видов кај една блогерка, имаше кратка рецензија за неа и решив да ја купам.. Арно ама не ми се даваше 1500 денари за неа, па решив да ја најдам на некој од сајтовите за онлајн книги и ја симнав, иако лаптопот ми се наполни со вируси..
    Нејсе, да кажам за книгата, не е од оние книги од типот "Мисли и збогати се", "Како да се збогатиш", итн. туку е обработена главната тематика според мене, а тоа е моментот.. Дека она што сме, она што сме биле и она што ќе бидеме, зависи од околностите.. Нашиот карактер, нашите размислувања, сето тоа зависи од околината во која по некој сплет на околности сме се нашле.. Не е дека не можеш да смениш нешто, не е дека не можеш да смениш нешто, можеш, ама во тој случај ќе се сменат и твоите ставови, а твојот мајндсет ќе зависи повторно од твојата перцепција на работите.. Топло ја препорачувам на луѓе кој се чувствуваат како да се наоѓаат In the middle of nowhere.. 815Kq7t8TwL.jpg
     
    На Lella и Skyfall им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.826
    Maybe You Should Talk to Someone: A Therapist, Her Therapist, and Our Lives Revealed - Lori Gottlieb

    [​IMG]

    Најдобра за мене годинава, подарок од драга личност што ме пронајде во прав момент.

    Четири вистинити приказни на секојдневни луѓе со своите предизвици, проблеми и падови, и петтата, приказната на нивниот терапевт, испреплетени во една целина која не само што ја промовира грижата за менталното здравје, туку и ве тера на интроспекција и размислување, препознавајќи се во однесувањето или чувствата на овие 5 луѓе раскажани низ неа.

    Ова не е книга за самопомош, ова не е книга со заклучок или книга која ќе ве натера да одите на терапија, ама дефинитивно е книга кога ќе ве натера да размислите за некои длабоки аспекти на животот, човековите судбини и справувањето со истите.

    Нема начин да напишам кои заклучоци јас ги донесов во врска со себе и со животот од книгата без да пишам спојлери, ама дефинитивно ја препорачувам.
     
    На Skyfall и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @Dream-Girl и мене годинава Никаде без ќерка ми ми е најдобрата книга што сум ја прочитала. :)

    Убаво е опишано во книгата која сила ја има мајката да направи се да ги заштити своите деца.
    Цело време треперев додека ја читав книгата. Не би сакала да се најдам во ситуација како Бети и Махбут. И се восхитувам на храброста.
     
    На ane.bella, cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  8. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    766
    Пол:
    Машки
    Иако нема многумина да се сложат - 1984 ми е прејака! У секоја смисла!
     
    На Lella, etoile и elimkd им се допаѓа ова.
  9. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    2.981
    Пол:
    Женски
    Папата Јована, дефинитивно
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    The habit of breaking yourself.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.778
    Допаѓања:
    131.167
    Играј играј играј
     
  12. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Верити-Колин Хувер:inlove::inlove::inlove::inlove:
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.843
    Пол:
    Женски
    Зелената милја.

    Знам дека си загрижен, ама веќе немој така. Бидејќи јас сакам да си одам, шефе. Преку глава ми е од болката што ја слушам и ја чувствувам, шефе. Преку глава ми е од скитање сам како утка на дожд. Без да имам некого со кого да одам или да ми каже од каде доаѓаме или каде одиме или зошто. Преку глава ми е од омразата меѓу народот. Ја чувствувам како срчи во главата. Преку глава ми е од сите пригоди кога сум сакал да помогнам, ама не сум можел. Преку глава ми е од темнината што ме обвива. Најмногу ми е преку глава од болката. Ја има премногу. Да можам да и' ставам точка, ќе и' ставам. Ама не можам.

    Џон Кофи, лик кој останува во сеќавање.

     
    На cresa-jagoda и MeowMeow им се допаѓа ова.
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    844
    Ловец на змејови од Халед Хосеини :)
     
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Немам прочитано многу годинава, трилерите ми здосадија, се едно исто се врти. Страшно провидни.
    Најдобра не е, ама ми остави голем впечаток „Големиот Гетсби“. Многу поразлична од денешниве книги и интересна. Исто и „Го сокрив мојот глас“ од Паринуш Сание. Многу убави книги искрено.
     
    На poenta и Emotional123 им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    За мене „Птиците умираат пеејќи“ беше најдобрата книга што ја прочитав годинава.

    [​IMG]

    Прекрасна книга. Имаше толку многу ликови, но умешноста на авторката си го направила своето и воопшто не беше тешко да се следи сè што се случуваше. И не беше воопшто од тие сувопарни книги напишани без грам емоција - читаш и мислиш дека си во кожата на ликовите, ја чувствуваш нивната среќа, тага, разочараност, заљубеност, како да се пресликува во тебе секоја нивна емоција.

    Обожавам вакви книги кои се занимаваат со мултигенерациски приказни, камо повеќето книги да беа вакви. Следната година, ќе се фокусирам да си најдам повеќе книги слични на оваа, иако мислам дека тоа е невозможна мисија зашто ваква книга ретко се наоѓа.
     
    На RainBow и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Една од најдобрите книги на сите времиња, кој не ја прочитал обавезно да го направи тоа.

    Годинава не ми се погоди со книги, или нешто до мене е, не знам, ама никако нешто асално да погодам и што ќе го памтам долго. Би ја издвоила само Project Hail Mary од Andy Weir како нешто повпечатливо и интересно, меѓутоа не како фантастично.
    Се надевам следната година ќе е подобра.
     
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Годинава не ми остави ниедна книга некој толку посебен впечаток како минатата година.
    Можеби би ги издвоила на Раб на Лудило - Б.А Парис и Пациентот од Фицек како книги што ми држеа внимание до сам крај и ми беа така најинтересни од се што прочитав годинава, бидејќи сакам книги со таква содржина. Но, сепак не би рекла дека нема многу слични книги како нив, па да се до толку уау. Повеќе среќа со уникатни и впечатливи книги следната година. :D
     
    На Val-Dim и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ќерката на дрвосечачот - Наде Стоилковиќ ,се изненадив од наш автор толку добра книга...
     
    На Val-Dim и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.843
    Пол:
    Женски
    Книгата што ми остави најдобар впечаток годинава беше духовна книга, Луѓе божји и зли духови од игумен Марко Московски, книга која инспирира и мотивира еден православен верник да биде онаков каков што треба да биде. Сите духовни книги, всушност, ја имаат таа цел, ама оваа ми беше некако посебна. Освен неа, ќе ја издвојам и Тетовирачот од Аушвиц од Хедер Морис, книга во која се опишани животот и ужасите низ кои поминувале луѓето во Биркенау.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.