Не видов ваква тема,ако има се извинувам.Темава е слична како темата најдобра песна од евровизија.Мене најдобра песна од детска евровизија ми е оваа
Сега ми дојде една идеја,дали ке може @Dream-Girl да направи анкета во темава. Сите песни на детска евровизија годинава па да гласаме и да видиме која песна е фаворит на фемина.
Мислам дека нема потреба од таква анкета, подобро е ова да е општа тема, најдобра песна од сите досегашни песни кои настапувале на сите години кои се одржувала детска евровизија, а не само за 2021ва година, бидејќи и така изборот е поминат. Но, идејата е добра, за 2022 година, пред финалето на детска евровизија, може да направиме таква анкета со финалистите во тема која ќе е наменета посебно за детска евровизија 2022.
Убава беше стварно нашата песна ама ептен потфрлија со гласовите, не звучеа воопшто добро, никакви вокални способности
Знам дека изборот за 2021 помина,но јас ќе ги напишам така наречено моите топ 19 19.Португалија 18.Ирска 17.Холандија 16.Малта 15.Бугарија 14.Азербејџан 13.Албанија 12.Казакстан 11.Германија 10.Грузија 9.Италија 8.Шпанија 7.Франција 6.Ерменија 5.Русија 4.Украина 3.Полска 2.Македонија 1.Србија
Моите топ 3: Спојлер: 1 место – Шпанија 2004 Спојлер: 2 Место – Белорусија 2007 Спојлер: 3 место – Ерменија 2010
Има многу убави песни, ќе кажам само кој ми е омилен победник: Ерменија 2021. А од 2000-тите омилен победник ми е Шпанија 2004. Наша најдобра: „Роденденски бакнеж“ на Денис Димоски од 2005.
ОК, излажав. Сепак имам омилена детскоевровизиска песна. Украина 2018: Неприкосновена. Уште еден фантастичен победник од поново време, покрај Ерменија 2021, е и Полска 2019 (настапот во живо подобар од ерменскиот): А ова девојче, од Белгија 2009, ми беше првата celebrity crush во животот. Исто така преубава песничка.