Најдобриот комплимент кој сте го добиле или дале

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Idonea, 17 август 2012.

  1. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Видов дека има тема за комплименти, но беше нешто општо...
    Ме интересира, кој е најубавиот (или кои се најубавите) комплимент кој сте го добиле?

    Меѓу моите омилени е еден кој го добив пред скоро: "имаш многу убави очи. некако се губам кога ги гледам, ме збунуваат".
    Најдрагиот ми е од една многу драга личност. Ми рече дека сум посебна, многу поинаква од сите кои ги запознал и дека тоа најмногу му се допаѓа кај мене.
    Меѓу оние кои сум ги поделила, ќе го издвојам најискрениот:"Совршен си"
    Вие сте на ред :) Очекувам страни испишани со убави комплименти
    :hai:
     
  2. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    66
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Мама - секогаш ми вика дека сум најубава :lol:
    Шала на страна,ги сакам искрените и мали комплименти а не од типот на ЛЕЛЕ НЕ ПОСТОИ СОВРШЕНА ДЕВОЈКА КАКО ТЕБЕ - си мислам, ок човеку знам дека не сум совршена.
    Нешто што највеќе го сакам и го памтам беше ->
    Не си најубава,нити си најдобра но верувај дека за мене секогаш ќе бидеш посебна.Нека има и 100 поубави за мене само ти постоиш.
    Јас наместо да го прифатам (дете,пред 2 години беше) изреагирав - ДА БЕ ДА,ПОУБАВИ ИМА А?! :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: ден денес се смееме за тоа и сега го научив значењето..
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    За давање, му давам комплименти на дечко ми постојано, знаете лигавешки работи... :tmi: А за комплименти кои ги добивам... да не се фалам добивам секојдневно но не сум обрнала некое посебно внимание на нив, комплименти како комплименти за физички изглед, синока за парфемот ме пофалија итн. Но повеке кеф ми прави кога ке ме пофали некој за моја постапка, или нешто слично... комплиментите за физичкиот изглед ке ми значат само кога ке имам 45 години :wasntme: ипак добри се и сега, дигаат самодоверба. :D
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    7.038
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Хм најубавиот комплимент од мајками се разбира најубава ми си од цело друштво хаха -.-
    од мувачот летово лежиме и ми вика лелее имаш преубави нозе и јас ДА ? фала се вика ми вели :/
    Сум добивала многу комплименти за очите
    и од најдобриот другар
    секогаш ми вика и дебела да бидиш ке ми бидиш најубава :)
     
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    314
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Комплиментите за изгледот ми се здосадени веќе. Со нив машките се расфрлаат, изгледа им е тоа најлесен начин за пуштање. |(
    Дури досадно ми е кога ќе добијам комплимент за нешто што знам дека ми е убаво.
    Интересно ми е кога добивам комплимент поразличен, нов, кога некој ќе забележи нешто на мене, или пак кога нешто што јас не си го сакам многу некој ќе ми каже колку му се допаѓа.
    А најмногу се радувам кога добивам комплименти за моето однесување, изведби итн... :lol:
     
    На crazylady и slavica999 им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.290
    Допаѓања:
    5.183
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Ме нервираат комплиментите упатени кон мојата ,,убавина,, :geek: раце, нозе, коса, очи , фустан, ципела....итд знам дека се е убаво на мене :D , се трудам колку можам и стигнам да посветам внимание. На таквите комплименти од куторазија кажам ,,фалаааааа,, и покажам насмевка од 6-ка до 6-ка заб.
    Повеќе ме палат и им верувам на комплиментите упатени кон некоја си моја карактерна особина како истрајност, упорност....дека некој проблем фантастично решен, добро завршена некоја задача (па дури и ми ласка кога газдата ќе ме пофали за некој проект/задача), .....

    Јас сум скржава во давање комплименти. Ги давам кога навистина ги мислам дали од визуелна гледна точка како добра нога, очи, стил, хаљиница и сл. или симнувам капа :!: не звезди :D , одпозрдавувам и делам комплимент на некој што навистина заслужил во врска со нешто и обично со зборовите ,,,иии мозок си, браво,,.
    Битно да е искрен а не љигав и ради реда упатен.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    80.691
    Пол:
    Женски
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Дека сум позитивно блесава-од другарка ми. :D
    Па што знам за изглед и не сум добивала нешто посебно,за парфем да сум добивала и дека кога сум расположена зрачам.
    А за давање,хмм,па малку сум шкрта на зборови.Ама ако некој со нешто вреди навистина можам да го подигнам в небеса :angel:
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.620
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Jas sum dobil kompliment od bivsata deka sum najubav,najdobar,sve vo superlav znam deka laze ama mi godese :lol:
     
    На Liebe.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.525
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Постојано ми кажуваат дека имам убави очи :wasntme: , ама најубав комплимент досега е кога ми рекоа - М, многу си убаво воспитана. :$
    (Јаааа, тоа за пред народ, :wasntme: да ме видите како беснеам во 4 ѕида, ха!) ]:)
    :D

    Јас давам постојано комплименти ако ги мислам, од срце, ама воопшто не се штедам. :)
    Го мислам - го кажувам.
    Освен оние за физичкиот изглед, откако ги запознав блиските на дечко ми му реков - имаш прекрасно семејство.
    И го мислев, знам дека многу му значеше.
    Комплиментите не мора да бидат стриктно врзани само за надворешноста, напротив.
     
    На Skyfall, crazylady, babybelle и 2 други им се допаѓа ова.
  10. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Иако во овие години сум добила бројни комплименти од дечко ми, најубавиот е оној што го добив пред некој ден дека животот му се разубавил откога е со мене, дека овие последниве години му се најубави до сега! :$ Поубаво од ова не знам дали ќе слушнам :rofl:

    Инаку, исто така многу ми годеше кога работев на еден превод од македонски на странски јазик и обратно за една делегација од конкретната држава, видни луѓе на кои мајчин јазик им беше овој за мене странскиов, ме праша дали сум ХХХХХка?

    Постојано добивам комплименти за прафем, облека, изглед (како и сите останати девојки) кои може во моментот да ми ја кренат самодовербата, но комплиментите како во примерите ми се многу поважни!
     
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Освен оние комлименти нели дека сум најубава, дека имам најубави очи, коса итн,итн, кои што не дека не ги ценам, ама некако не ми се нешто посебно. Последен пат добив пофалба од професорот, Колешката Беладона има направено најдобра семинарска од сите семинарски кои до сега ги имам прочитано и дека ке добијам оцена плус (само јас од цела генерација) :lol: и тоа го кажа пред цел амфитеатар. Луѓе јас никогаш немав добиено пофалба од ниеден професор или асистент (на факултет мислам,во прво одд учителката ме фалеше), и навистина ми значеше, дури се засрамив :D
     
  12. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    19.261
    Пол:
    Женски
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    не давам комплименти многу често,али затоа кога дадам е искрен а не онака ради реда,или само да направам лице,тоа јас НЕ.добивам комплименти,нај често за моите убави очи :emo: ,насмевка,шминка,дотерана и така на така,па ми годат не дека не :$ ама пак јас ги ценам повеќе оние комплименти упатени кон мојата принцеза,како убаво сум ја дотерала или убаво косето сум и го врзала,е тоа е тоа што ме дирнува :D
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Имаш многу добра насмевка, сакам како ти се наредени забите, одлично се вклопуваат со твојата уста.
    Професорката по биологија секогаш ме фалеше дека јас станував усно и ги спасував сите. Викаше како можеше Пупи да научи можевте и вие. Браво Пупи ете 5ка седи.
    Секоја жена сака да слуша комплименти за својот изглед и за облеката и мислам дека тие комплименти најмногу се застапени, како на пример... Од кога не сум те видел/а, совршено изгледаш, права манекенка си, овие фармерки како створени за тебе и сл.
    Овај не е баш најдобар ама јас најмногу си го сакам.... ЛИСИЦО ЕДНА! хахаах

    Делам комплименти секогаш кога сум расположена.
    Ти си уникатна, паметна, амбициозна и нема да дозволиш некој мочко да те повреди. Погледни колку добро изгледаш вечерва, прекрасна си и знам дека секој од спротивниот пол ќе го забележи тоа. - на другарка
    :lol:
     
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.658
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Кога бев ова лето на пракса, сите жени таму ме пофалиле на мајка ми многу воспитана и тавки работи. Баш ми беше мило што сум оставила таков впечаток во место кое може да е мое идно работно. :)

    Инаку, најчесто добивам комплименти за очите, насмевката или газот. :D
    Нема никогаш да го заборавам еден тип, 2010, на Роџер Санчез беше, во Колосеум. И сега гужва тоа тушканици, и јас стоев на шанкот, тоа му доаѓа на влезот одма лево, и нели гужва и нон стоп излегуваа луѓе и од тука поминуваа. Е еден тип, го гледам доаѓа накај мене, го погледнав само секунда, али баш во тој момент светлото во лицето ми дојде и типот застана на лице место и се дере од таму од кај што застана, девојчеее девојчеее.. И сеа доаѓа и ми вика ти ги имаш најубавите очи кои некогаш сум ги видел. И јас му викам фала. И овој, блазе си му на оној кој ги има. И јас му велам а ако ги нема никој? Тогаш типот кажа нешто што нема да заборавам: Тогаш овие мажи се слепи, но не се секирај, таму надвор има некој кој ќе ги чува овие очи како неговите. Јас само се насмеав, но ете ми остана овој комплимент.

    А што сум дала, уопште не сум скржава на комплименти ако се заслужени. Било дали за кошула ако му стои убаво на некој другар, било за штикли на другарка, било за онака дали е убав или убава.. Многу често знам да дадам комплименти на другари за тоа дека се многу добри другари. И дека сум јас многу благодарна за тоа. И така, имаат некоја глупа среќна фаца тогаш. :D
    Имам еднаш на еден другар кажано, кој стварно е преубав, црн, висок, згоден, кошаркар, таков целиот да го грабнеш ... И сега, тој е моја генерација, `91, а нешто по седмооделенки, осмо, прва година ми се врти, ми ги манијачи. И еден ден мене ми пукнува филмот, пак нешто нив почна да ми ги зборува, и јас само му кажувам поточно му се раздрав: Аман сине (сине го викам) ти си се видел ли во огледало у последно време? Ти можеш да ја имаш која и да посакаш, шо си запнал по волку мали, што ќе праиш со нив, ќе берите праски заедно? Си заборавил колку си убав, и со таа косата кец пострижена, и кога ќе се насмеиш нема некоја шо не паѓа, ко пиче си убав, такво ко на некоја Јапонка, средено, чисто, не многу ебано ( за ова се пукна од смеа :rofl: ) па и висок, таков црн, згоден, и одот каков ти е, одма десет се влажни, а ти си запнал таму за некои пуфли врска шо си немаат од животот! И не си глуп уопште, не си селак тежок муабет шо не знае да направи, па ај да кажиш да одиш по волку мали .. Не се потценувај така себеси и биди си свесен за себеси и за тоа шо заслужуваш!

    Вака остана пет минути :o и само ми кажа одамна го немам ова слушнато, а изгледа баш ова ми требаше. И така. Комплиментите нас ништо не не чинат, а на некои може денот да им го подобрат. :)
     
    На mims-89, mamma-mia, Neytiri и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    9.933
    Пол:
    Женски
    Најдобриот комлимент кој сте го добиле или дале

    Сум добивала комплименти,многу пати ќе ги соберев колешките па им готвев и ме фалеа дека било ко во ресторан :D Една колешка дури ја научив ориз да јади :D
    Друг кога доцентката ми кажа дека има потенцијал во мене и дека верува во мене :)
    Ама најдраг ми е тој,кога му се жалев на мојот,а тој ми рече Ако си таква дебелка,јас и таква те сакам,секаква те сакам! (ако тоа можам да го земам како комплимент :) )
    А и скоро ми кажаа дека сум била убава и тоа ме израдува :) Можеби пошто скоро немав добиено комплимент.

    А јас па делам и јас комплименти,него му кажував дека е најубав,дека убаво му стои пример нешто,дека му ги сакам очите најубави,често му велев да ј да ти ги видам очињата....на сестра ми дека е супер што навреме си завршува се,мајка ми ја бранам така пред татко ми,ааа работна беше денес,цела куќа ја суреди :D Па и на другарките им кажувам,сега не се сеќавама на некој пример,ама се случува :)

    Патем ви фали една буква во насловот,во зборчето комПлимент :D
     
  16. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.790
    Сношти во Црвен Крст, се распределувавме во групи па јас не знаев во која да се запишам, дали X или Y да ги наречеме. Го прашав еден од десеминаторите ама не ме чу, па ајде другаркава.
    И вика: Лена е многу темелна и коректна, па зато мислам дека требит во Y да се запишит. Најмногу ќе помогнит таму, знам дека и лежет тие работи.

    Да продолжеше со уш некој збор-два ќе требаше со лопатче да ме збирет по паркетон. :$
     
  17. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    па сосем вообичаен комплимент,го сметам за најдобар кој што ми го дале,можеби затоа што беше во момент кога бев скршена,разочарана од типот што сметав дека е последен кој би ме повредил..и си стоам јас така настрана ,главата наведната надоле..коа ми приоѓа деечкото,познаник од школо,иако не се знаевме лично,онака ми ја крена со рака главата ,и ми рече: сум ти кажувал дека ги имаш најубавите очи на светот?? и ја онака збунета : Не. и тој: епа,ги имаш најубавите очи на светот и дефинитивно се такви кои не заслужуваат да бидат исполнети со солзи за некој кој сигурно не заслужува..И јас онака останав :o 5 мин..мн добро ми дојде,тоа беше шо ми требаше во тој момент,поддршка.....

    а за комплименти кои јас ги давам? секојдневно,знам дека тоа може некому да му го разубави денот,и уживам правејќи го тоа,особено на најблиски.
     
  18. ana005

    ana005 Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    da sekogas mi vika deka sum najubava.....ali sekoas ima ama....samo stomakot da go smalis.....
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VanillaSky

    VanillaSky Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    За комплименти не се штедам без разлика дали се работи за машко или женско ако навистина го мислам тоа го кажувам. А последниот комплимент што го добив,а на кој слатко се изнасмеавме потоа и јас и тој беше : Еј каде ке одиш ваква ,јас немам толку мускули за да те бранам од секој што ке сака да ми те грабне....(мал молк) леле срце ептен си убава..... :$ :inlove: :inlove: :inlove: :$
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Ги давам ретко, но искрени и реални се. Не знам и не сакам да глумам и некого лажно да исполнам. А ги добивам често ... Многу често од женскиот род, од најмали дечиња до највозрасни жени. Од мажите веќе константно, така да и понекогаш не ги ни слушам ни ти паѓам на истите. Нема најдобар ... Ама добивам од тоа убава, згодна, секси ... девојка и пол, пред некој ден и рибетина кој одамна не го слушнав ... до фина, добра, опасна, посебна, тоа дека поседувам харизма и голем шарм стандардно ...
    Мене комплиментите моментално може да ме освојат но никако и да ги земам здраво за готово. Дури и ми сметаат често.