Цел живот сите правиме грешки . Понекогаш големи понекогаш мали , за да се намалат или одбегнат во најразлични ситуцаии ни се потребни совети . Некогаш ќе ги добиете без да ги побарате и ќе ви бидат од огромно значење можеби и пресудни за одлука , потег или постапка . Некогаш ќе го побарате и добивате неупотребливо филозофирање и солење памет . Па ... Кој е најдобриот совет што досега сте го добиле , од кого , зошто ? ! Ќе почнам од мене , ги има повеќе но никогаш нема да го заборавам советот на Татко ми кој еднаш ми рече во неврзан муабет ... Денес луѓето ни Здраво нема да ти кажат ако немаат некоја корист од тоа ... Лошата вест е што има право , нажалост така се функционира денес .
Советот од тато: Промени се ќерко.Се дури мислиш дека сите ти мислат добро како ти што им мислиш се до тогаш ќе страдаш, и потполно е во право
Доделен од другарка, со која можеби поретко се гледаме ама сеуште си ја чувствувам многу блиска.. Остави спонтано да тече се.. Во тоа време и таа ситуација многу ми помогна..
Кога ќе отидеш во некоја нова средина, ново место, првите неколку дена повеќе молчи него што зборувај, повеќе набљудувај и анализирај. Зборувај малку, но зборувај јасно и со сигурност, суштествено.. Не им верувај на празните зборови и на луѓе кои многу зборуваат а ништо не кажуваат, луѓе кои зборат само за себе а не слушаат што има да кажат другите. Тие се како куче што лае-не каса.
Во еден разговор една другарка во средно додека зборувавме за пријателството и за тоа кој колку и со кои се дружи ми рече: - Нема вечни пријатества, има вечни интереси и да за жал од ден на ден се повеќе се уверувам во тоа...
Не се нервирај за глупости, уживај си во животот мисли на љубов и на училиште Од мајка ми, и секогаш кога сум нервозна се присетувам на ова и веднаш ми е подобро
-Пријателот во невоља се познава. -Не се секирај многу за другите, утре никој нема да дојде и да ти каже фала. -Помалку зборувај, а повеќе слушај.
* Немој да се разочараш од себе кога ќе те разочараат луѓето што ги сакаш!! Head Up, Glass Up, Cheers!!! * Нема потреба да се истакнуваш за да те забележат. Ако си посебен, ќе те приметат и во темнина... * Голема е силата на човекот кој умее да премолчи и тогаш кога е во право !! * Ако сакаш да ти се исполнат соништата, НЕ СПИЈ!
Кога му се пофалив на тренерот дека сум положила за кола,ми рече: -Со среќа,но никогаш побрзо од животот
Ужасни личности се оние личности кои се трудат да ги направат среќни сите околу себе, и забораваат на себеси. цимерка ми