Кои според вас се најдобрите компании во Македонија за работа, во поглед на плати, услови и генерално земено се најстабилни компании за работа?
Оддамна не е Мислам дека Ендава , Мусала се ок. 1500 земаат ) Сивус на времето си избегаа сите , по 500 евра им даваа плата. Сега може се подобриле. Ова ми е од другари што работат таму, јас не сум од таа фела.
Да бидам искрена , не зборев за овој период . Повеќе као добро сеќавање од пред годинки...и тоа не мое. Искусните земаа 1000+ уште одамна . За 500 не верувам дека некој би се будел наутро освен ако не е почетник.
Тоа беше пред едно 10 тина години. Другарка ми на 2000 земаше. После незнам што се смени , им ги намалија , сите избегаа по други и потоа почетниците земаа по 500. Сега незнам
A Allocate Software, InPlayer, Inscale.... Имам слушнато за Allocate дека се добри, и со организација и хиерархија. За Inscale и InPlayer немам инфо...Некој ако има нека сподели
Пред се знаење. Зависи за која позиција аплицираш ама во појјаките компании треба да пројдеш на неколку типа различни интервјуа. Дали прават разлика со факултетска диплома или курс , мислам дека не ама сепак едно од овие треба да поседуваш.
Тоа ме интересираше, дали е задолжителна факултетска диплома или се признава и знаење стекнато од курсеви. Фала ти .
Во големите компании кај нас и те како прават разлика помеѓу факултет и курс, факултетот секогаш има предност. Нека не ве лаже маркетингот на школиве што нудат курсеви со реклами колку од нивните членови се вработени, има полно што после курс како почетник тешко наогаат работа додека со диплома од финки секоја врата ти е отворена а и курсистите претежно во помали фирми се вработуваат, доста од нив македонски, у стан неколку луге, што не се споредува со условите што ги нудат големите странски фирми
Воопшто не е точно ова. Не бараат ниту факултет, нити курс. Бараат знаење и не им е битно од каде го имаш стекнато. Е сега за почетници е малку потешко бидејќи сите бараат искуство, па веројатно треба да се помачиш по мали фирми да стекнеш некое знаење пред добро да се продадеш во поголема компанија
Искрено се согласувам со ова, порано мислев и јас така дека факт. диплома има предност, но деф. искуството по фирмиве ми покажа сосема друга слика
Имаат програми и за почетници само што треба стварно да се покажеш, да се издвоиш со знаењето од останатите. Јас сум била на едно вакво интервју и ме прашуваа од основни работи до математика и логика.
Како бе вака од ракав бројки, 1500 земаат, мислиш во фабрика на лента се, па сите толку земаат. Знам и од двете фирми и со 600 евра плата луѓе, и со 2500. Си зависи и од искуство, и од знаење, и од колку добро знаеш да се продадеш на интервју. Инаку да, од поголемите Ендава, Алокејт, Инскејл, па да речеме и Мусала се океј. Исто некоја нова бугарска влегла на пазарот скоро, ама ич не ми текнува како се викаше, ќе ги размрда платите и таа. Има и куп помали компании со солидни услови, ама во тие почесто е како ќе ти се потрефи. Ако наидеш на солиден проект, и во тие може добро да се напредува.