Се срамам од срамежливи девојки,од невоспитани луѓе,од сиромаштија,да не се смејте денес е срам да си сиромашен,да си никој и ништо и тоа е срам,да бидам невработен,да зависам од моите родители би се срамел и многу други работи.
Мили мои, не срамете се од нешта врз кои не можете да влијаете... барем не директно и не во краток временски период. Само ќе се измачувате и ќе си ја уривате самодовербата и самопочитта. Срамете се од постапки/дела/однесување/изречени зборови, од нешта врз коишто имате влијание, за коишто само вие можете да бидете одговорни и само вие можете да ги исправите. Со други зборови, срамете се од она што го правите (а не би требало), а не од она што сте. За се` останато, прифатете се онакви какви што сте или стремете се кон подобро дококу мислите дека можете да смените нешто. Јас никогаш, дури и кога сум се наоѓала во ситуации благо да бидам дискриминирана од средината поради тоа, не сум се засрамила од фактот што имаше период кога немав ни 100денари в џеб и за основни работи се снаоѓав ко Робинзон Крусо на пуст остров, што камуфлирав оштетена гардероба и не одев по кафиња туку со тие пари ќе направев ручек дома, напротив се гордеам со тоа. Се гордеам што тоа малку ме научило мене да растам и ме подготвило за многу предизвици кои несомнено ги носи животот. Од денешна перспектива, таа горчлива стартна позиција ми покажала што се` можам но и ме поттикнала да го направам истото во што веројатно не би успеала (барем не за овој краток период) доколку имав поудобна почетна позиција и не сметам дека треба да се срамам пред некој кој цел живот бил хранет со златно лажиче. Особено ако тој некој ништо не постигнал сам. Напротив, на негово место, јас би била засрамената, би се срамела од скапите и модерни алишта и др материјални привилегии добиени на таков начин, живеејќи на туѓ грб, било да се родители, спонзор, сеедно.
Токму така нетреба да се срамиме од од она на што неможеме да влијаеме но јас се срамам од една ситуација која се случи однеодамна а на која можев да влијаам. Тоа е ситуацијата која што ја опишав и на форумов само во една друга тема, а тоа е што имав односи со 2 одеднаш илити таканаречена тројка тоа не ми требаше во животот бидејќи доаѓам од семејство каде ваквите работи се незамисливи со ѓенерации наназад. Но ете едно мое мало невнимание или момент на слабост се засрамив себеси пред се а потоа и моето семејство. Немора да значи дека сум се засрамла во туѓите очи уште полошо се засрамив во сопствените очи. Сама на себе станав одвратна , затоа ви препорачувам на сите вас да не дозволите секогаш да ве води страста, туку пред се размислувајте со сопствената глава за последиците кои може да ѓи има некоја непромислена ваша активност да не се каете подоцна како мене.
се срамам од тоа што карактеров ми е за никаде,се срамам од сиромаштија бидејќи на сиромашни луѓето се потсмеваат,наместо да помогнат,се срамам од тоа кога некогаш кажувам неразмислувајќи некои работи кои не ги мислам и со тоа ги повредувам луѓето околу мене,се срамам кога нема да научам се што бараат професорите хаха...
Се срамам од тоа каков народ станавме.. ги изгубивме вистинските вредности на животот.. Не критикувам никого,ниту себеси,зш јас како единка не можам да влијаам светот да го направам подобро место за живеење.. Животот ни се сведи на партиска книшка - работно место..Срамота
се срамам за тоа што животот ми е за нигде... се срамам зошто незнам како да го направам подобар.... се срамам од тоа што морам да лажам...
Se sramam od nekoj sto ke pocne da zboruva zeleni a misli deka e smesno.....znaci mesto toj ili taa da se srami jas se sramam.
Се срамам од моите родители , што им сум на грб , не работам неколку месеци на назад , и со срам им барам пари за излегување, ајде се надевам ќе се промени тоа , работев подолго време и се навикнав да сум со сопствени пари во џеб , сега на овие години се осеќам незгодно да барам од дома , а семејството ми се прошири , така да некои работи и задоволства кои порано ми беа луксуз си ги скратив мам енд дад потрпете ме уште некое време , ќе најдам асална работа , ветувам .