Инспирирана сум од еден тикток кој го видов, па додека сме уште во духот на Евровизија, постирајте ги тука песните за кои не ви е јасно зошто победиле во минатото и евентуално која песна според вас требала да победи таа определена година. Ќе почнам јас: Никогаш не сфатив зошто победи песнава кога Soldi беше right there. Тапа победник. ... Не сакам да бидам контроверзна, преубава порака, ама... не сфаќам. Обожавам луди песни, обожавам глупости на Евровизија, ама Fuego изгуби ради ова. Не ми е најлоша песна на свет. Само имаше боља.
Јас оваа од Данска 2013 би ја издвоил. Се сеќавам, страшно бев разочаран шо победи и направив една подолга пауза од гледање евровизија после неа. Ден денес не можам да ја поднесам песната.
Најомразена евровизија 2018, се сеќавам колку бев нервозна кога водеше и на крај победи Израел, пејачката крајно антипатична со чудни фасциални експресии, песната крш невиден, музиката исто така, цел пакет катастрофа, се на се иритирачко песниште и изведувач Од истата година најубави ми беа Кипар Шведска, ахх и пејачот лепота, цело време насмеан, многу убаво танцуваше исто и Украина редовно си праќа убави песни, овај настап исто беше впечатлив
Таа од Израел што кокодакаше. Одвратна песна, антипатична пеачка. Наредната година не гледав, уште ме држеше одвратноста од оваа.
Би се сложил за Lena со Satellite. Ептен mediocre песна. Ден денес не ми е јасно како победи Германија таа година. Toy исто не ми е омилена, ама го сфаќам хајпот. @Waverly Raven, Emmelie De Forest ја имаше моќта да направи првпат да гласам на Евровизија. Дека во Шведска, со ддв една порака беше скоро 100 денари. Ама битно Македонија 12ка ѝ даде тогаш. Во несвест паѓав.
Пред да почне финалето завчера даваа еден инсерт со ретроспектива на сите досегашни победници и баш беше интересно да се слушнат сите рефрени. Се потсетив на многу песни. Инаку и мене најнеомилена ми е Toy. Не ми ни текнува на друга, прва ми паѓа на памет кога помислувам на најнеомилени евровизиски песни.
Мене Lena-Sitellite и Холандија, Loving you is a loosing game ми беа предобри. Не ми текнува во моментов, ама овогодинешнава ми е многу лоша, ама многу. Да, ме посетивте и на Дима Билан победничката ми беше безвезе, претходниот настап му беше подобар, тука ко насилена победа.
Џамала по мене дефинитивно најлоша песна што победила на Евровизија на сите времиња. Следна на Кончита, ја сфаќам пораката и се тоа, ама песната како песна и мелодија не ми се допаѓаат, искрено мислам дека победи ради хајп. Апсолутно ништо посебно не беше песната. Трета таа израелката што кокодакаше. Дајте направете тема за непребол песни од Евровизија што не победиле да си ја ставам Солди одма
Мислев дека Fairytale и Zitti e buoni се единствените победници за кои баш сите можеме да се согласиме. Јас почнав да свирам виолина ради Rybak толку многу ја сакав песната.
Гледам дека ќе се скарам и со двајцата Јас на прво место би ја ставила - Скроз ми е антипатична песнава. И овие две не ми беа нешто посебно
Како не ви е убава од Португалија, мене ми е уметност песната. Може дека ми е омилен јазик, ја научив цела од често слушање. Друго ниво ми е од сите победнички песни. Најлоша би ја ставила и јас Toy, иритантна песна.
Освен лани, никогаш нема победено песна за која навивам. Ама сепак биле доволно впечатливи песните за да се запамтат вака ко ќе ти текне која победила. Према тоа мене најнеомилени ми се тие што да ме утепаш сега нема да се сетам кои биле. Такви ми се Азербејџан 2011, Украина 2016 и Португалија 2017. Иначе некои како Израел или Русија кои лично не ми се допаѓаат ич и не сфаќам што им се свиѓа на луѓето кај нив, барем сепак се сеќавам кои биле и како иделе од прилика песните.
Норвешка 2009. Не ги можам ни виолината, ни осмехот, ни вокалниот дел И ретко кога победувал мој фаворит, победниците 2013, 2014, 2015, 2016, 2018, 2019, сите овие се песни кои не сум ги преслушувала воопшто. Најомилени од дете па до денес: Финска 2006, Турција 2003, годинешнава Стефанија и ланската на Монескин, ама ланската ми се одмили малку кога видов дека е плагијат, но добро, нема везе.