Епа девојки ме интересира според вас кој е најдобар град од Македонија за живеење (само не Скопје)? Знам дека се глупости,ама ме интересира според вас во кој град има најповолни услови за живеење? Спојлер Ако е дупла или глупа темава слободно клуч
Битола. Има ВЕРО, има Пелистер и минерална вода, чупковци и чупиња, има неколку конзулата а Преспа и Охрид се на дофат рака.
Скопје е добар за живот, за заработка, но од друга страна е лош заради воздухот и горештините. Охрид и Струга се добри заради климата, но нема некои добри услови за работа. На секој град нешто му фали, никој не е потполно добар.
Скопје е перспективен град, метропола и најразвиен во државава, се’ е ок, освен загадувањето на воздухот. Не дека и други градови не се загадени, го придружуваат уште барем неколку со висок степен на загаденост. Сепак би го издвоила Охрид како град кој поседува многу убавини, како езерото, многу цркви и манастири, добра клима, чист воздух и значајна културно-историска вредност, но за живот и перспектива, не отвора многу хоризонти.