1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најубавото писмо (Габриел Гарсија Маркез)

Дискусија во 'Книги' започната од Unfaithful18, 10 мај 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Кога барем само на момент, Бог би заборавил дека сум закрпена марионета и кога би ми подарил само уште едно крпче живот: ВРЕМЕТО би го искористил многу подобро и поинтензивно.

    Најверојатно не би кажал се' што мислам, но би размислил што зборувам. Би ги оценувал работите не според нивната вредност, туку според нивното значење.

    Помалку би спиел – повеќе би сонувал, затоа што во секоја минута во која затвораме очи, губиме 60 секунди светлина. Би продолжил кога другите ќе застанат, би бил буден кога другите спијат.

    Кога Бог би ми го подарил тоа парче живот, едноставно, би се сончал долго, не само моето тело, туку би ја отворил и мојата душа.

    На луѓето би им докажал дека се лажат кога мислат дека не можат да се заљубат кога ќе остарат. На едно дете би му подарил крила, но би му препуштил само да научи да лета. На старите би им порачал дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавот.

    Од вас драги мои научив многу работи. Научив дека целиот свет брза кон врвот на брдото за да живее од високо, без да знае дека вистинската среќа лежи во подножјето на брдото.

    Научив дека кога новороденче за прв пат ќе го допре палецот на татко си, дека го врзува за цела вечност, засекогаш.
    Научив дека човекот има право да гледа на другиот од високо само кога му помага да стане.

    Има толку многу работи кои ги научив од вас, но наученото нема да ми помогне многу кога ќе лежам во ковчегот – за жал веќе полека умирам.

    Кажи секогаш што чувствуваш и направи го она што го мислиш.

    Кога би знаел дека денес ова ми е последен оброк, силно би ве прегрнал и би го замолил Бога да ми дозволи да бидам ангел – чувар на вашата душа. Кога би знаел дека ова се последните минути во кои ве гледам би ви кажал “ве сакам!“.

    Секогаш постои едно утро и животот ни нуди една прилика за да направиме се' да биде подобро... но, што ако се лажам и ако Денес е се' она што ни останало.

    Утре не се знае дали ќе дојде. Денес може да биде последен пат да видиш некого кого сакаш. Заради тоа - не чекај! Направи го тоа сега, затоа што ако не дојде утре, ќе зажалиш за денот кога не си имал време за една насмевка, прегратка, бакнеж , само затоа што... затоа што си бил вработен!

    Побарај ги луѓето кои ги сакаш, шепни им колку ти се потребни, сакај ги и биди добар. Најди време да им кажеш “Жал ми е“; “фала“, “те сакам“ и сите останати нешта кои ги мислиш.

    Никој нема да те запомни по твоите скриени и тајни мисли. Замоли го Бога да ти даде сила и мудрост за да можеш да изговориш се.

    Кажи им на пријателите и на драгите луѓе колку ти се важни.
    Она што е вредно е ОВОЈ ЧАС И ОВОЈ МОМЕНТ!


    Го прочитав на интернет и сакав да го споделам со вас.Писмото е доста реално и поучно, што вреди малку да се запрашаме за сегашноста и деновите кои ги живееме :)
     
    На pink4ever, Danny.T, 09101986 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    27.299
    Пол:
    Женски
    Навистина убаво писмо, секоја чест. Ми се наежи кожава додека го читав.
     
    На Tina25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Браво за анфеитфул, прекрасно е ова :clap: :clap: :clap: :clap: ;) Ова треба да ни биде поука за деновите што следуват :)
     
  4. Marjanela

    Marjanela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ве молам може ли некој да ми даде пример барем две три реченици на кој ќе одговара насловот желбите го обележуват мојот пат
     
  5. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    prekrasnooooooo
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    се соочив со животот и нештата кои тој ги носи :^)
     
  7. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Прекрасно. Прекрасно, и поучно. Но ние луѓето ова го сфаќаме дури кога сме на работ на смртта, во тешки проблеми. Како и да е, сепак касно го сфаќаме. Ме воодушеви писмото, и извлеков многу корисни совети од него, не, не ми е прв пат читањето на истото, а и секојпат кога ќе имам можност со задоволство ќе го прочитам. Анфеитфул, колку пати ќе треба да ти кажам браво? :) :clap:
     
  8. Minniex3

    Minniex3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    12
    Предобро. Ме потресе ептен
     
  9. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Прекрасно е писмово аи е многу поучно .. браво бравоо :clap: :clap:
     
  10. DrBabl

    DrBabl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    9
    Ептен ептен убаво, ова сега ке го испринтам и ке го закачам во соба кај огледалото па секое утро кога ке се погледнам во огледало да го читам !! ова е нешто што многу ми треба за да зајакнам психички, многу често знам да се скршам и да го колнам животов, а после тоа сваќам дека грешам!! |(
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Навистина убаво писмо !
    Штета само што касно се свестиме за некои работи..
    Не треба да чекаме да дојде најлошото или најневозможното па да ни текне...
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Најубавото писмо - Габриел Гарсија Маркез

    знам дека сум нова, и можеби ќе си кажете дека не сум убаво запознаена со форумот, но можам да кажам дека сум, долго време го разгледувам форумот (но не бев регистрирана) така да забележив дека анфејтфул е присутна секаде, дава секакви совети :clap: браво за тебе .. продолжи така ;) позз и до сите форумџики .. супер сте ;)
     
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Најубавото писмо - Габриел Гарсија Маркез

    Се извинувам на оф-топик ама вака ако не се заблагодарам, не можам. Фала ти за убавото мислење што си го створила за мене. Поздрав
     
  14. Shilaa

    Shilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    9
    Најубавото писмо - Габриел Гарсија Маркез

    Целото писмо е прекрасно. Но сепак овој дел најмногу ми се свиѓаше: "Утре не се знае дали ќе дојде. Денес може да биде последен пат да видиш некого кого сакаш. Заради тоа - не чекај! Направи го тоа сега, затоа што ако не дојде утре, ќе зажалиш за денот кога не си имал време за една насмевка, прегратка, бакнеж ..". Многу поучен дел. :)
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    56.594
    Пол:
    Женски
    Ова е навистина прекрасно, но морам само да спомнам дека прочитав по интернетов дека Маркез не го напишал, туку на почетокот му се припишувало нему, а подоцна испаднало дека друг го напишал (не се сеќавам кој, некој непознат)... Маркез никогаш не го признал ова писмо за свое. И јас не знам што е точно, но доброто си е добро без разлика кој го напишал.
     
  16. sigoma

    sigoma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    STVARNO PEUBAVO,
    AJ KAZETEMI NEKOJA STRACINA ZA CITANE BESPLATNI KNIGI NA INTERNET
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Убаво е ...многу.


    Ех, да беше така лесно!
    За жал ова речиси никој не го прави, а до некаде не ни може!
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
  19. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Се наежив,стварно е поучно..
     
  20. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    И мене тој дел најмногу ми се допадна, ианку целото писмо е убаво.
    А дали тое е книга или само писмо?