Дузи патати е на гевгелиски. Кога ќе слушнам само се газам. Или един велат на еден, лаф е збор, а лафам е зборувам. Тешко се разбираат, и они и кумановчани . Мекици исто е и лангиди А пишии, знаете што е?
Дузи, БУВ на кумановски е БУЛУТИН! Мајка ми имала братучед кој се викал Драгутин и кога била малечка го викала Драгутин-Булутин
Ејјј Геа, цар! Ама сега барав историја на разговор, ПОЛИН за був сум се смеела. Или тоа некое друго пиле е? Пишии знаеме, ги прави мајка ми за појадок. Па литературно си е бе пишии, како инаку?
Јас пак знам дека Кавадарчани викаат лафам (зборувам). Инаку, интересно зборче што ми доаѓа прво на ум е френки. Имаше и уште некои, но сега никако да ми текнат.
Дузии многумина не го знаат значењето на зборот пишии, а и јас не знаев дека и на литературно е така . Френки, френки, а чушки или боб ќе јадеме
А што е всушност пишии ? Иначе еве јас ќе ви кажам неколку , баш ме интересира дали ги знаете Пештемал, фарош, пупиња , гага (овој е понов и попознат ама јас немав поим што е кога го слушнав ) силтар
Имам другрка од Неготино и ми вика Чекај да си га земам пначо да си га напнам телефоно че ми се исклуучи axaxaxaxax
Струмичани со ѕенѕерлии (точно ако го напишав) Имам една Струмичанка што многу си ја сакам, ја отекувам уште да ми го каже како е точно. Кајсии се иначе Охриѓани најмногу си ги сакам! Пљачки Баче (За братче) Биден/Бидена си таму? Карпус Пепун Синкир Не се шаштисви/шчаштиси/шчаштиствај или како и да е Битолчани со како ми седи алиштево Штипјани со шо ти биде ма? Ова другарка ми како го кажува смешно, не можам значи!
Пишии се прават од тесто кое е без квасец и се прави со сода па се пржат како мекици а гага ти е нешто без пари ...
Спаркс ѕ'нѕерлии е, без е , а не знам како точно би го напишала . А прилепчани, со нивниот израз кога ќе ги прашаш колку е часот и следува петнаес без два . На почетокот не ги разбирав никако, подоцна ги капирав
Абе ѕенѕерлии е, не ме зафркавај, 100 пати ја имам препрашано другаркава Мене многу ми се смеат за налив (пенкало), оломнани, анџак, дипле, фермеле, фанелче, џакетче, потро (за полека) чојме, чизлегуваме, ако ти ја акнам една, чупе, ексик, џенем... Еднаш Струмица бев, побрзо Кинески ќе разберам отколку Струмичанец кога зборува брзо. Среќа оваа мојава литературно се труди да зборува иначе кај ќе ми беше крајот
Бидејќи нагласивте дека најинтересен ви е кумановскиот дијалект, еве ви некои зборови кои не верувам дека досега сте ги слушнале: три ф‘ртаљке - 3/4 панталони ѓурунтија - галама буќкуруш - се измешано бутка- трафика или киоск скаперник- скржав човек чурило-свинска муцка калабал‘к-гужва ѕ‘мба - алатка за правење дупки на ремени спарушкано- исушено од ѓутуре - отприлика кљуса-стапица за глувци попке- бебешки кондурчиња чекмеже-ковчеже за чување пари кл‘цан - дрвена алатка за толчење каленица-глинен сад ушап‘ртља се- се збунив жмарци-морници чепла- шмизла муфте-бесплатно, гратис џадија-неморална жена јува-расолница котруљ-нечешлана, разбушавена коса распашана команда-безредие И за крај, вака изгледа кумановска Аладинова ламба
хахахаха како се насмеав и се сетив на нашиот диалект ...паланечкиот кој е 90 проценти исти со вашиот
Коој бе прилепчанец има употребено 15 наместо 3? Шанса нема. Барем јас и околинава моја нкогаш. Или ако веќе употребува, ќе рече: петнајсе (и двајсе, без петнајсе итн.).
Е да бе ние пишии (тие длгнавестите) си ѓи викме а тие друјсте ланѓиди Еве од мојот дијалект некои поспецифични зборови: с’-туле зат’нтан миндиљка мисур н’к’лк’н п’ндофла Чипижок џорке..... Кој ќе разбере барем 1/2 збора од овие кои ги напишав нека крене два прсти да му пишам петка Геа, Спракс ниту ѕенѕерлии е ниту ѕ'нѕерлии туку ѕ`нѕрлии
Во Штип ги викаме ѕерѕелии (барем баба ми така ги вика) Имаме кајсија во дворот,и таа само ќе каже скини си ѕерѕелиичка А многу ми се имаат смеано на тоа што викаме евааа (за леле) Од овие зборови што се напишани погоре разбрав само п'ндофла друго ништо