На кавадаречки ценцери-кајсии паднав се отепав-е*ба се срина станец во ноќта-јабанџија у никое време Еминем и Ријана - Ефремчо и Рајна
Ѕенѕери за кајсии со Ѕ не со Ц. Џикетка- универзално име за наметка, јакна и се шо се облекува врз блуза Скали - лисвици Дасниа - девојка (воа повеце ромите го користат) Еве бе браат со дасниата че шетаме..
Чарпак ми беше многу смешен збор и кога прв пат го слушнав незнев што е А инаку одпасел си се е саркастичен израз и се однесува на пример на нешто за кое што ти се виличиш дека добро си го направил, а другите не го мислат истото. Или па еве пример: - Од дома ми дадеа 300 денара за излавање одпасеа се. Или па кога тврдиш дека многу си учела пример - Абе за испитот 4 дена учев и одговор Епа отпасела си се А некој го имаше спомнато ама и јас ќе го повторам радовишкото ЧИНАМ Унервезален збор, го заменува секој друг збор
JuLleE,сигурно мислиш два без петнајсе опасни сме ние Ппилепчани со бројкиве,Идинајсе,петнајсе...итн а нај многу шо ми се имаат смеено е за зборот СПЕЦИЈАЛКА во превод БУДАЛА,НЕНОРМАЛЕН...или за зборот КРКУШ,кркуш е да му се качис на некој на рамена и да те носи,на ПР.ај да ти се качам кркуш,или ај носи ме кркуш а јас се имам газено од смеење на детенцето од другарками,од К Паланка е,ми кажува малиот тето,тето тато со Факот фана Поганец,хаха..демек таткому со стапица фатил глушец
Не знам дали некој има пишано погоре може ќе се повторам , ама имав една колешка од факултет која наместо пенкало викаше стило.
На радовишки дијалект: башак = пченка мердевени = скали На малешевски дијалект: пипон = диња царевица = пченка клиса = месо пржено паница = чинија папуци = чевли клепаци = влечки (ако е влечки литературен не сум сигурна )
Пужаљка. Ако не се лажам, значи полжав на кумановски. Кумановци се закон, омилен дијалект ми е кумановскиот, на времето и тетратки правев со изменувани глаголи во сегашно и минато време за да му ја сфатам граматиката зашто на вокабулар не сум лоша, малце послабо контам граматика. Озбилна сум за ова со тетратката, уште ја чувам - страшен фрик бев на времето, знам и без да ми кажете.
фачирка - кутрата Царевица - пченка Балтија- секира (зборовиве ги користавт во Берово, Пехчево, претежно во тие краишта- малешевијата)
постарите скопјани користат жута - за жолта рукомет - секако, за ракомет ф’стан слнце фнук ( како Шахнур што вика фнук за внук) неисе - како и да е бендер - демек средба, состанок (јас до скоро мислев смендер дека е ) цирка - околу ( заокружување на број) Читајќи ве се сетив на еден настан. Јас прва година на факултет. Професорот од Кавадарци. Предаваше механизација и нормално на дијалект. Тешко го разбирав ама ќе се сконцентрирав и се снаоѓав некако. Ама тој ден или него му беше денот (верглаше ко наивен) или мене не ми беше (ништо не разбирав) И зборува он сае40, дрн дрн , сае 20 дрн дрн сае 90 .... Јасно??? И климаме сите со главите. Е ај Сања кажи што научи... Епа ништо, како професоре да научам кога еднаш е 40 друг пат 20 трет пат 90. Човекот се преврте од смеење. Тоа САЕ не било СЕГА Е како што јас го врзав туку било уље некое, а 40/20/90 типот на уљето.
Јас се отепав од смеа, баш денес го слушнав Мерцедески така нешто беше мислам, Танга гаќи биле на Прилепски. Се изнасмеав , а исто така за, Специјалкава , Легнав за ова.
ха,ха..џишпиче ти е друг збор за ку*виче ,орос*иче ,хахаха,ама колку ''наивно'' звучи,да си помислиш станува збор за нешто ''мило''