Верувам дека не секој/а од нас ги извршува домашните обврски со голем мерак но сепак има некои работи кои повеќе уживаме да ги правиме од други. Пример мене ми е мерак да џогирам, усисувам, бришам прашина и да готвам. А воопшто не сакам менување постелнини и миење садови. Кои се вашите? Спојлер Можда повеќето темава ќе ја сметаат за глупост, ама расположена и вредна сум денес после не знам колку време, така да имајте милост за да не ме читате во На срце ми лежи..
Па не верувам дека секој ги извршува обврските со толкав мерак, колку што мора. Е сега има некои работи што ги сакаме да ги правиме, некој не баш... Еве јас на пример обожавам да готвам. Цел ден да сум во кујна не ми е мака. Ручек, нешто благо, солени рецепти обожавам да правам. Садовите не ми се по кејф да ги мијам За чистење сакам, скоро на 2-3 дена правам генералка, само усисувањето ме нервира бидејќи имам такви теписи што трошка да падне се познава. И со правосмукалката сум постојано
Обожавам садови да мијам, да се шлапам со вода ама врати да бришам ич нејќам...за срамота сум, сите врати кај мене дома ми се со прсти...
Некогаш сум мотивирана и се ќе направам едно по едно: готвење, алишта пеглање, смукање, полирање ламинат, прашина чистење, садови миење и други ситници. Некогаш ме мрзи и едно да направам од сите наведените. Омилена обврска би ја издоила готвењето. И јадењето.
Обожавам да готвам, благо, солено, што и да е. Исто многу сакам да чистам, да го уредувам дворот.. Но ( секогаш има но) мразам да пеглам. Пегла во рака не ми се фаќа
Чистењето ме релаксира. Обожавам да си пуштам музика, да пеам и обврските една по една како сами да се извршиле . Ова можеби дека сѐ уште сум сама и нема нешто толку многу за средување. А можеби и дека во моментов па и немам некои други обврски освен домот. Нешто што најмногу мразам е миење садови. Го мразам дури повеќе и од бришење прозори и пеглање .
Во последно време многу ме фаќа мрза кога станува збор за домашните обврски, ама отсекогаш миење садови ми е најнеомилена.
Naj me mrzi sadovi od mashina da vadam i da gi redam koj za kade e.Sreka pak na malata i e ok ova,pa ona letovo ja prezede ,,mashinata" .
Јас сум перфекционист во секој поглед, па подреденоста на нештата не би била во контекст на потребите ако "се не е на свое место". Чистење и средување на плакари ми е омилена домашна обврска. Кујната е место каде што кулинарските вештини и садови одат во пар. Сакам да пробам нови рецепти и често знам да внесам нешто поразлично во дневното мени, а сепак својствено за нашето поднебје. Ако хигиената е половина здравје, домашно приготвената храна е другата половина. Пеглањето го сведувам на најнеопходни работи. Кога помислувам на обврска што помалку сакам да ја правам, тоа е бришење прозорци.
Најголем мерак имам за џогирање и спружување облека на жица. И готвење. А најкатастрофално го доживувам бришењето прашина затоа што кашлам, кивам и сѐ ме чеша.
Две работи се кои ми ја цицаат енергијата: миење садови и редење на плакар. Ништо друго не ми смета, ама овие две рабоги не ги можам. Ај за првото олеснато ми е со машина за садови, ама за второто морам бар еднаш месечно да средвам плакарот и смрт ми е. Како некој цела енергија да ми ја исцицал. А други работи не ми сметаат, не ги уживам, ама не ни ми пречат. Некогаш сакам повеќе да чисгам од други пати. И до расположение е.
Готвење, за жал... Тотален анти-талент за во кујна... Само кафе и макарони, јајца, супа знам да си направам... А, морам да научам ууфф... За чистење немам мука, уживам во тоа... Ич не ми е проблем, садови миење исто така, пеглање такоџе... Али, готвењето ми еб мамата
Мразам да готвам. Значи, готвам затоа што морам. Јас да се прашувам, би си купувала готови јадења. Единствено што сакам да правам се благи работи. Другото не ми е по ќеиф. Најомилен дел ми е миењето садови. Ако треба цел ден ќе го правам тоа, само да не работам ништо друго. Затоа и не купувам машина за садови. И прашината би ја додала овде. Ама кога доаѓа ред на правосмукалката, косата ми се крева на глава. Па и звукот што го испушта ме нервира. За диплење алишта не ми е проблем. Педантна сум за тоа. Во плакар се наредени под конец. Дури маж ми се чуди. И на тераса се пружени како што треба. Пеглањето не го сакам, па затоа пеглам кога морам. И бришењето прозори ми е кошмар. Ама кога ги бришам, светат. Секогаш кога треба да правам генералка, тоа го правам полека. Ич не сакам да брзам.
Можам да уживам, единствено во миење садови. Друго ништо не ме прави среќна од домашните обврски. Некогаш готвење... ако се заиграм, ама ретко и тоа.
Не постои домашна обврска во која уживам. Го одржувам домот затоа што морам, не затоа што ме релаксира или затоа што ептен ми е дојдено до бришење прашина или прозори. Не сакам да живеам во гнасотија, simple as that. А дека некогаш ќе уживам во работење низ домот...сигурно.