1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На гости кај форумџика

Дискусија во 'Канта' започната од Nana19, 31 март 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.751
    Не сретнав ваква тема и ја отворив...
    Размислував за ова и мислам дека навистина би било интересно кога би се договориле и организирале да си идеме на гости...
    На пример секој ке си одбере по некоја форумџика ке се договориме и ке си отидеме на гости , да се запознаеме , да разговараме, секогаш е полесно да си кажеш за тебе на некој кој што прв пат го видуваш одколку со некој кој што секојдневно се гледаш.Мислам дека така навистина би склопиле пријателства. Јас имав една пријателка која што се запознавме преко нет и често си идевме на гости некој викенд таа дојдеше кај мене , некој јас кај неа и навистина станавме најдобри другарки се знаевме една за себе. И мислам дека ова ке биде некое ново искуство да запознаеш нови луѓе , други граови ....Што мислите за идејата и дали некој би сакал
     
    На hermosa и curious-doll им се допаѓа ова.
  2. femina2014

    femina2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    66
    можам да кажам дека и јас имав таква слична ситуација.. и јас се запознав со една другарка преку нет.. и моментот кога за прв пат требаше да се видиме се чувствував како мало дете кое со нетрпение чека за својата нова играчка... така и јас во тој момент со нетрпение чекав да ја запознаам :)
    јас мислам дека ова е супер идеа :)
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    60.365
    Незнам дали е добра идејата за идење на гости, зошто сепак на форумов има и повозрасни членки кои што имаат поголеми обврски кон семејствата и работните места, па идењето на гости би им претставувало проблем (поготово идење во друг град!). :)
    Но, сепак мислам дека идејата за дружење е СУПЕР и дека треба да се договориме за дружење на кафе, дружење во дискотека или пак организирање на ФЕМИНА вечер во некој ресторан... :inlove:
     
    На hermosa и curious-doll им се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.751
    Па добро би можеле ние кои што сме слободни...и јас така се запознав на фб со една друарка почнавме да си пишуваме и да си идеме на гости еден викенд таа кај мене еден јас кај неа, тоа прерасна во едно најголемо пријателство едвај чекавме да завршиме со школо во петок за да можеме да се видеме и да си идеме на гости да излегуваме заедно и да се дружиме. навистина е прекрасно би сакала што поскоро д се организираме и да се дружиме
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.336
    Ја мислам и на свадби, веридби и слични прослави треба да почнеме да одиме.
    Духовно ќе се запознаеме, ќе се зближиме...мх мх
    Едвај чекам, како наркоман што чека дилерот да му ја достави дрогата... :) :) :) :) :) :) :) :) :)
     
    На Jenniffer, MacenceEna, bubamara12345 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.751

    Ако не ти се допаѓа немораш да коментираш...Едноставно игнорирај ја темава јас не реков стрикно ти , реков кој сака дадов идеја , ако не ти се допаѓа те молам задржи си ги коментарите за себе. никого не присиливме дадовме идеја девојче
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.336
    ДЕВОЈЧЕ, ако сакаш да се запознаваш оди на сајт за запознавање, не на форум.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.751

    јас само дадов идеја и на кого му се допаѓа идејата нека коментира, а на кого не немора.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.060
    Мислам дека нема поглупава идеја од ова. Друго е да се запознаеш со некој прво преку фејсбук да речеме, па да излезете на кафе или слично одколку веднаш по дома да си доаѓате. Прво незнаеш кој е и што е па да го пуштиш дома, второ зошто тотален странец кој може да си се претставува тука како сака би го викнале дома? Не ви е малку језиво тоа? :^)
    Знаете како, на почеток ви е интересно на форумов, ги сакате сите, се соживувате со сите, сите ги читате, па после почнуваат восхитувањата по лп, па добивате желба да ја запознаете личноста, размена на фб, скајп... па тука следат милионите проздравувања во сп, па после тоа договарате групна средба и на групната среда оние што ќе си се допаднат едни на други договараат понатамошни приватни средби и започнуваат да се дружат. Арно ама на некоја особа од тие ќе почне да го споделува тоа и со другите личности кои ги запознала на форумов на сличен начин, а на другата може да и пречи тоа, или пак едната ќе продолжи да се запознава со уште 10 личности од форумов, па почнуваат оговарањата и рекла казала муабети и на крај сите ќе се испокараат па ќе читаме тука постови од изреволтирани феминки, како на никој неможе да му се верува, како немало другарство и слични срцепарателни текстови. А ти што очекуваше?
    Мене ова ми е тотално без врска, ниту сакам некој да ми дојде дома ниту пак да одам кај некој. А ќе сфатите и вие со тек на време или евентуално кога ќе се изгорите.
    Многу луѓе се зачлениле тука чекајќи токму на ваква прилика, некој да ги викне дома. Абе чисто од радозналост ќе ти дојде некој дома да ти види какво ти е, што имаш што немаш, може е потенцијален лопов или убиец, силувач кој демне млади девојчиња по форуми, може некоја психопатка ќе ти дојде дома.... Многу површно гледате на ова запознавање и не размислувате ни малку за последиците, а конкретно ти Нана19 приметивме дека немаш што да праиш па на секоја минута објавуваш некакво мислење, па сеа ти текна и на ваква идеја за да си го пополниш времето, подобро земи читај книги па може ќе смислиш и нешто попаметно.
     
    На Someonespecial, girl.9, LilBaby и 28 други им се допаѓа ова.
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.357
    Допаѓања:
    9.971
    Глупости, одење по гости, запознавање на нови градови.
    Според мене многу глупава идеја, доколку сакате да се запознавате си има посебни сајтови за таа намена, но ова е форум кој служи за разни дискусии, а не агенција за запознавање на сродни души.
     
  11. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.186
    Се согласувам со baby-star, дека таа идеја не е добра, од причини што уште на првата средба тотално ке се разочарате и ке неможете да сврзете ни 2 збора ниту со оние со кои со саати овде сте разгоарале, и сте се оодушевувале колку се они паметни и мудри. Овде имагинацијата ни дозволува да ги идеализираме лугето и да си ги замислуваме онакви какви што ние сакаме да бидат, или според аватарот, а нивниот ум го оценуваме по 2-3 реда напишани на форумов. Но што ке биде кога вистински ке треба да поразговарате со тие особи? Тотален дебакл ке доживеете, ке посакате што побргу да си заминете од таму.

    Токму поради идеализирањето некои пријателки овде ги замислуваме како да се екстра ликови, а се всушност ликови какви што ги имаме и во соседството или во друштвото.
    Затоа препуштетеисе на имагинацијата и останете си во добро секавање едни на други т.е онакви какви вие сакате да бидат другите, затоа што со вакви средби само ке си го скршите филмот и ке се разочарате.

    Дури и размената на фб адреси е лоша идеја, затоа што вашето пријателство ке згасне, кога ке ги разоткриете лугето веке не ви се интересни.
    А, да не зборувам за тоа што и вие ке мора да почнете да глумите овде на форумов затоа што веке нема да сте анонимни за голем дел луге, па макар и една особа да ви го знае никот ја губите слободата на изразување, а токму тоа е целта на форумот, барем јас така сум ја сватил. Или можеби после таа групна средба ке си се дружите мегу себе и нема да постиратена форумов.
     
    На Sky-butterfly и tessie им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.302
    Допаѓања:
    17.209
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е глупава идејата, особено за оние кои се долго време на форумов и си се опуштиле малку повеќе во муабетот. За оние кои се тазе зачленети и не споделиле интима а и не планираат, тогаш за нив може да успее такво дружење.
    Мислам дека треба убаво да го запознаеш човек, за да можеш да му дадеш фб или лични податоци, а до толку да запознаеш некој е тешко на форум па и преку лични пораки или мсн и сл.
    Ако некој се открие кој е, веќе нема да може слободно да пишува на форумов и слободно да ги изразува своите емоции. Но никогаш не можеш да бидеш доволно анонимен, секогаш постои IP :P
     
    На Dvolicen, anuskaNESTLE и Bah им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Живи глупости.
     
  14. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    937
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа идејата за лично запознавање,се разбира не мора сите со сите да се запознаат,може само со една или две членки коишто ни оставиле впечаток и со коишто сме блиски по сфаќањата затоа што мислам дека иако форумот е анонимен сепак нашите мислења го одразуваат нашиот карактер којшто анонимноста не може да го скрие! :!: :)
     
  15. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.177
    A што е толкава потребата за бутање по дома??? Tи веќе ако имаш желба за некој член лично да го запознаеш,тоа може да се оствари и негде надвор(пр.некој кафич) зар не??? зошто сакаш по дома???
     
    На Strumfeta17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.337
    Допаѓања:
    8.462
    Една од небулозите, прочитани во последно време на форумов :wasntme:
     
  17. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Мислам дека треба темава и мислењето на Нана19 да се премести во насмевка и во смешни мислења.
    Значи ако не беше за смеење ќе плачев,најсериозно. :rofl:
    Катастрофааааааа,кај ви текнуваат бе вакви прости и плитки работи? :rofl:
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    7.983
    Пол:
    Женски
    Абе и јас сум имала комуникација со членови, муабети, и фб сме си размениле и до скоро сме збореле, ама сепак да споделувам се живо и диво со нив како што прочитав погоре, или да им одам по куќи ми е бесмислено. :^)
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    16.256
    Да очекувам тема „Вашата домашна адреса“ ?
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Имам другарки што сеуште не биле кај мене дома, а не па форумџики да примам. Шта речи... :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.