Meне душекот ми е перфектен Не е ни премногу мек на пропаѓам во него , ниту пак тврд да ми се здрвуваат рамената ..Не се слуша кога легнувам а и тоа е добро бидејќи во последно време ме разденува па да не разбудам некој
Многумина го фалат дормео душекот. Мои блиски го користат и задоволни се. Не знам колку е цената, се надевам не е прескапа.
Ги фалат душеците од Бернарда и од Симпо од новата генерација со посебно џебно јадро, сте ги користеле?
Јас купив за спална душек од Симпо и сме прилично задоволни, всушност супер е. Чинеше околу 8000 ако добро се сеќавам и ти го препорачувам.
Bozica, се сеќаваш ли кој модел на душек го користите od Simpo (Адмирал, Премиер, Империјал, Наутилус, Елегант, Атлас, Јадран...)?
Сега го испитував душекот и не пишува ништо само Симпосан и каде е произведен нема друго име ама според цената ќе можеш да се ориентираш во продавница. Ми текнува дека овој беше една класа а имаше и поприлично поскапи (ако не држи паметот 16000ден или нешто така) со некоја нова технологија произведени.
Пред 2 или 3 години од саем земавме за мене и сестра ми Feder Bau душеци. Спојлер http://www.feder-bau.com.mk/ Задоволни сме, имаше да бираш каков тип сакаш, ама не се сеќавам ние каков избравме. Во секој случај - убаво е спиењето
Ние дома имаме дормео душеци и искрено не е нешто посебно.Вистина е дека како ке легнеш ,душекот се фиксира и не е како обичните да тонеш или да му се направи дупка по одреден временски период на употреба,мегутоа според мене е премногу тврд,а јас воопшто несакам тврд душек ,ниту тврда перница..Можеби тоа му е маната според мене
Во спална имаме Dormeo и искрено, јас првата недела не можев да спијам на него никако . Можеби затоа што е потврд, не знам... Сега сум навикната и ОК е, квалитетен е, навистина не се деформира, еве ние го имаме сигурно 5 години, ако не и повеќе. Е сега, има и многу други квалитетни душеци (не им ги знам цените) па затоа не знам дали е баш ТОЛКУ поквалитетен од другите за да биде така поскап.
Сакавме да си купиме душек од Дормео, ама многу скап ни се виде, па кога ја купивме спалната си купивме обичен од Фатина и сега за сега сум задоволна, убаво се спие на него. Си има упатство како да се користи, за секое годишно време различно се поставува.
Dormeo -туто комплето е од Dormeo ,и супер ни е си без проблеми,у почеток ми беше малку чудно но...се навикнав и сега ни е супер
Јас да ви кажам се искривоколчајв на душеков... Спојлер подобро на камења би легнала одколку на него ..за перниците не се жалам секогаш ко ке станам вратов ми е кочан..баш добро чуство.. па затоа најчесто спијам на кревет(кауч)или незнам како се викат во дневната соба таа помалата со две перници повисочко да ми е..е тогаш станвам наспана..а вака со овој во моја соба што е не,нема асално спиење..легвиш права се будиш цела искривена..
Спијам на Дормео и убаво ми е. Ти го држи телото, не втонувам како со претходниот душек. Не велам дека е нај нај, ама е подобар од некои други. А перницата ми е од Calina и исто сум задоволна. Висока и не се плеска...баш каква што сакам!
Спијам на душек дормео и перници дормео. Е за нив можам да кажам дека се стварно добар производ на Топ Шоп за разлика од повеќето :up:
си сипјам на еден обичен душек што го порачав од Америка пред неколку години, но над него си имам renew од dormeo (скоро си го купив) и сум задоволна многу ...
Јас спијам на дормео 3 слојната перница ако ја знаете мн е добра...не се вко4увас ии добро си приспособен а плус има навлака АЛОЕ ВЕРА суперр.