1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На крцкање кај Туран

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од Rebelle, 27 јуни 2013.

  1. Rebelle

    Rebelle Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Здраво женски!
    Ја почнав оваа тема затоа што започнав да одам на крцкање кај Туран ( за тие што незнаат тој има докторирано по таа струка во Кина - средува сечиј грб со крцкање ) Од првин не верував дека многу ќе ми помогне, ама еве денес бев веќе 3 пат и многу ми помогна. И плус тоа за лица до 18 години не зема пари !!! А на другите им зема по 50 или 100 евра.
    Па што мислите вие, дали сте биле или дали би оделе? :l:
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Дали тој Туран е истиот што го викаат железничар или?
    Јас имам слушнато за таков тип (е сега еден ли е, или повеќе) и одамна сакам да појдам, иако знам дека нема тарифа, т.е оставаш ти колку сакаш.
    Сметам дека грбот ми е во ужасна состојба поради неправилно седење и сакам некој да го оправи, ама од друга страна малку ми е шубе од такви надри-лекари (да не навредувам, не знам навистина), кој има искуство, позитивно-негативно, ве молам нека пише, како и локација на луѓево, каде може да ги најдеме.
    :)
     
  3. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Да!!!! Големо браво за човеков!!!!!
    Потрошил 9 години од животот, разделен од фамилија и студирал во Кина, прв Неурофизијатар во Европа бил (така кажува човекот).
    Татко ми го спаси од операција. Прво беше скептик, неверуваше дека може некој со стискање да му помогне. Пиеше диазепами, кетонали, вентори, наклофенчиња....... и незнам и што уште не!!!!! Болки невозможни, неподносливи, недспиеше со ноќи, неможеше да оди...... Ма физикални, ма струи, тегнење, вежби....... НИШТО не му помогна.

    Се реши и отиде, со огромно кесе со рентгенски снимки, дијагнози, мислења....... А овој му вели стој...... одстави кесето и застани мирно. И оп човеков цела дијагноза му ја кажа на татко ми допирајќи го по рбетот. Е тука престанаа сите сомнежи на татко ми кон Туркан. Одеше 7-10дена и фала на богу отогаш супер е, незнае таблета што е.

    Топло го препорачувам на сите што имате проблеми со кичма.....
    Работи со луѓе до 50 год. Ако може да ти помогне ти кажува веднаш...
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Јас бев кај Туран и имам одлично искуство со човекот.Заедно бев со мајка ми .Одевме на терапија кај него околу 45-50 дена секој ден во 9 часот.Првиот ден ти прави преглед т.е со рацете ти го допира грбот и ти ги одредува болните места кои подоцна со крцкање ќе ти помогне да се излечиш.Прегледот е болен.Навистина боли ако имате проблеми со грбот.После прегледот секој нареден ден се оди на крцкање толку време колку што ќе ви одреди Туран (во мојот случај јас одев скоро 2 месеца) .Но,мора да знаете дека човекот бара огромна дисципина кога се оди на терапии кај него.Значи мора да одите во точно договорено време,да биде потполна тишина кога сте кај него во ординација (зошто со вас таму може да има и 20 други луѓе) и никако зборење меѓусебно или на телефон зошто одма ќе ве избрка.После терапијата од 50 дена ни зема 100 евра за двете,и после тие 2 месеца одиме по еднаш месечно на контрола.Прима пациенти до 50 години.
     
  5. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335

    Трендафилке, појди ништо нема да изгубиш!!! Чесен збор!!!!!
    Дечко ми беше, го искрцка, и Туркан му вели, ти си прележал Менингитис. И овој?..дааа како мал.... И Туркан, да да еве се приметува оддамна било(го допираше околу вратот и главата), подоцна кажа дека мн малку доктори можеле да откријат прележан Менингитис, Енцефсалитис...
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Не пишавте никакви контакти за човеков и каде може да се најде.
    Би било добро тие податоци да ги има на почеток на темава.
     
  7. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335

    Се наоѓа во близина на Завод за вработување и ортопедски завод Славеј, помеѓу овие две установи има тесна патека која те води пред една нова жолто-портокалова зграда. Работи посабајле после 8-9 и нема шанси да се згреши бидејќи тоа време секогаш има премногу луѓе кои чекаат за терапија!!!
     
  8. Rebelle

    Rebelle Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Немам контакт телефон. Се наоѓа во зградата што е веднаш до заводот за рехабилитација во капиштец. Вреди да се отиде стварно !!!
     
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Само имам слишнато дека во последно време е со закажување поради големиот број на луѓе кои чекаат ред.
     
  10. Rebelle

    Rebelle Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Нее :) еве јас денес баш бев, поточно цела недела одам, ( морам да одам секој ден) и си чекаме на ред само, и како што иде редот он само прашува, ајде кој е следен
     
  11. Rebelle

    Rebelle Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Стварно вреди да отидеш. И знаеш шо е јакото? Шо им вика на луѓето да му платат кога скроз ќе им ја заврши работата. Вика „ Јас неможам да ти земам пари, а не сум ти дал јас ништо. Кога ќе бидеш здрав ќе ти земам, вака неможам “
    А луѓето со сила му ги тупнуваат у рака, од шо им е мило дека им помогнал.
    Незнам ова невероватно нешто....

    П.С. За деца до 18 години не зима пари ич
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Еден мој познат оди кај него за кичмата и за ногата и исто му рекол ако го излечи на крај ќе му остави 100 евра.
    Ми рече дека Туран му рекол да го дигне со раце, а тој бил малку полничок и овој се зачудил и пробал да го дигне и му крцнала половината. Одеше на терапии кај него ама не знам што направи сега. Првиот пат кога отишол носел медицински извештаи снимки итн. но овој ништо не видел од нив и му рекол дека пред 10 години ја поврдил кичмата :o што беше точно.
    Јас верувам во овие т.н надрилекари, за ногата одев и кај Рибарски од Велес но тој починал.
    Не знам дали Туран "мести" нозе, зглобови, тетиви итн. баш сакам и јас да отидам кај него, имам стара повреда уште од средно.
     
  13. Rebelle

    Rebelle Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Да, мести. Една женска баш вчера беше за изместен зглоб. Он ќе те види и одма ти кажува дали си за кај него или дали треба да идеш на ортопед. Ако си за кај него одма ќе те среди
     
    На Abeja и tessie им се допаѓа ова.
  14. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Човеков е стварно пофален и има дарба, многу луѓе го имаат фалено.Мести зглобови, исчашувања, помага при кифоза и сколиоза и при некои такви слични проблеми со рбетот.Е сега за тарифа колку му е не знам, но брат ми одеше кај него и доста му помогна тогаш.Беше доста задоволен. Можам да прашам колку зема и кај е лоциран, мислам кај му се наоѓа ординацијата.И имам слушнато дека помага на луѓе до 50 годишна возраст,не понатаму, ама навистана помагал.Тоа е се што знам за него,ако дознаам уште нешто ќе пишам. :)
     
  15. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Не знам за човеков или за неговите методи, ама од тоа што кажувате веројатно се работи за киропрактика. Тоа е еден вид на алтернативна медицина.
    Кога се работи за некои ортопедски проблеми, болки, изместувања, овие луѓе кои го изучувале ова можеби може да помогнат, сепак не се самоуки местачи како бабите кои тријат и месат скршени коски и изместени лигаменти без да знаат што прават.
    Но истовремено оваа алтернативна медицина има правило дека секоја болест доаѓала од изместени пршлени и има став дека секоја болест можело да се излечи со крцкање на рбетот, се разбира тоа нема никаков резон.

    Сега, не знам што има овој човек изучувано и дали навистина учел 8 години во Кина, исто и поединечни позитивни приказни земајте ги со резерва, но сепак внимавајте кога некој се осмелува насилно да ви истегнува и крцка коски, а особено врат или рбет, затоа што таму поминува рбетниот мозок и еден погрешен потег може да ве остави парализирани или дури и ако се оштети мозокот во вратниот дел на рбетот може дури и да настапи смрт.
    Исто најдено е дека овие крцкања и изместувања може да предизвикаат и мозочен удар.
    http://www.guardian.co.uk/science/blog/ ... ne-strokes
    http://www.huffingtonpost.com/richard-c ... 75979.html

    Еве една листа на луѓе кои биле оштетени од киропрактичари:
    http://whatstheharm.net/chiropractic.html

    Сепак штом се осмелува, сигурно знае што прави. Но не дај боже ако ми треба нешто вакво, јас би размислила пред да се решам, сепак не сум убедена во можностите и малку ми е сомнително. Ако е за крцкање, јас самата можам да си го крцкам рбетот и често го правам тоа и со тоа се ослободува тој водухот кој предизвикува воспаление и болка.

    Еден пријател на татко ми кој има хронични болки во рбетот беше кај еден сличен терапевт во Прилеп. Не знам која е неговата пракса и што ветува, ама овој пријателот имаше краткотрјно подобрување, веројатно откако се размрдаа мускулите и се зголеми циркулацијата, но потоа пак му се вратија болките.
     
    На bella24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Туран...многупати го имам слушнато ова име во ваков контекст. Веројатно знае што прави затоа што досега негативен коментар немам слушнато за разлика од други личности. Да чукнам во дрво, досега не ми требало такво нешто.
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.822
    Допаѓања:
    102.692
    Пол:
    Женски
    Pред 10-тина години брат ми падна и си го измести зглобот , па го однесоа моите кај овој човек му ја намести ногата со неколку движења :D и потоа како ништо да не му беше , само му рече 10 дена да става секоја вечер пепел јајце и кромид на ногата и да ја завитка со весник и се помина без болница , лекарства :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Ме интересира дали работи за викенди,(од - до час ) и дали човек треба да има некоја дијагноза од лекар за да отиде таму или пак може поради болки во грбот (општо познато поради неправилно седење "на компјутер" ,долги релации на возење итн ) па да се помогне со неговиот метод :wasntme: .
     
  19. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335

    Сабота и Недела мислам дека не работи, рботи само во работни денови од околу 8 до 10, 11.
    Дијагноза не те треба од доктор, одиш така и тој ти кажува што ти е и дали може да ти помогне.
    Имам пишувано претходно, на татко ми му помгна, го спаси од операција!!!!
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    3.679
    Пол:
    Женски