Форумџика на годината

На плажа

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од RainBow, 14 август 2023.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Што сакате, а што ве нервира на плажа?
    Колку време поминувате на плажа? Се сончате или повеќе време сте под сенка? Носите ли јадење?
    Ве нервираат ли други луѓе со нивните рутини на плажа?

    Јас генерално не се сончам, секогаш бирам сенка, и не сакам пренатрупана плажа, ме нервира страшно премногу народ кога има, па ништо од опуштањето.
     
    На Dust, h.ope, awkey и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.281
    Допаѓања:
    7.387
    Пол:
    Женски
    Јас стално се печев ко гуштер, годинава не станав од под сенка, ме нервираат исто многу гужви на плажа и затоа со дечко ми стално бираме некои така запуштени кај што одат 10 души макс. И седиме цел ден од рано сабајле до зајдисонце. Книги , кафенце и бранови, нема подобра комбинација.
     
    На awkey, felisitas, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.440
    Допаѓања:
    24.924
    Никогаш не сум била по сончањето, секогаш седам под сенка. Ама па во вода се заборавам, така да, фактички се сончам. Често знам да си седам и во плиткото.

    Нормално дека ме нервира пренатрупана плажа, сакам и јас комотно да си седам, да не ми бидат залепени лежалките/пешкирите до друг. Ем се нема приватност, ем мора да внимаваш буквално да не прегазиш некого.

    Порано сум седела по цели денови на плажа, пауза во најжешкото сум правела во кафуле, да пивнам и каснам нешто. Во последните пар години не го правев тоа, гледам да ми е блиску престојот за да се повлечам таму во период 13-16 саат.

    Сакам да си носам и сендвичиња, и овошје, и грицки, и ладна вода. :wasntme: Јебига, можда сум се претворила во тетка, ама ќејф ми е така. Може ладен пијалок да си купам, кафе, пиво, сок. Сладолед. Не носам секогаш сè, ама го сакам тој пикник стил на плажарење.

    Сакам да си отидам на плажа со мои пешкири/лежалки/ќебенце и чадор, не сакам да лежам на лежалки за изнајмување, поготово не ако се од оние со перници, тоа ми е одвратно. Поштувам ниско столче на склопување, до сеа немам носено, ама увек им љубоморам на тие што кулираат така. Знам дека тоа ќе да е во мојата иднина, tho. :D
     
    На Dust, awkey, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Плажа можам да издржам максимум еден ден ако има бар, или кафич каде раат ќе го истераш денот. Онака, не сум љубител на плажи. Едноставно не е начин на кој максимално би се одморил. Ниту па осеќам некое задоволство во лежење по цели денови на плажа.
     
    На sweet-cherry, bella12, Srckata28 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    Генерално ми е да имам кај да оставам пешкирот да се пробањам, и заминувам. Повеќе сакам поглед на плажа отколку самата плажа, отиден сум за одмор и шетање, лежење на сонце можам на многу места. И тогаш преферирам сенка, кога ќе се стемни друго е.

    Еднаш помнам на еден одмор беше 41 степен во сенка така да...

    Секогаш премногу стимули и стрес ми е плажата.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    2.823
    Пол:
    Женски
    Јас сакам многу плажа од 7 па до 19часот. Баш уживам во пијачки, храна на плажа, сенка сонце малку во вода исто и сопруг и 3годишно дете ( е сега 40 степени, не фала) и максимум 7 дена
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.061
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Машки
    Многу сакам плажа и можам цел ден да седам.
    Преферирам лежалки со чадор, нормално со прифатлива цена, затоа што мразам со мене да тегнам торби со пешкири и чадор. И јас не сакам пренатрупани, комерцијални плажи ама неќам ни диви плажи каде што нема никаков кафич и сл., што значи дека пак со мене морам да влечам јадење и пиење.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Плажа ми е нешто најдосадно, секоја чест за тие што уживаат, прво сонцето ме измачува, да лежам под сенка ми се здосадува, еден час, час и половина е доволно околу 17h колку да е порадува дете
     
    На TMNT, staycalm, awkey и 2 други им се допаѓа ова.
  9. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    7.578
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да одам на плажа, се бањам, па се сончам, на грб, на стомак, уживам да лежам на плажа и да ги слушам звуците на морето. После пак назад во вода да играме со топка. За јадење подобро враќање во соба, па попладне пак на плажа. Нејќам носење храна по плажи, освен ладно нес, коктелче...
     
    На GirlLove, awkey, Pacifist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    12.976
    Пол:
    Женски
    Нее, ја и плажа не сме добри другари.
    Поише би сакала активен одмор, шетање, истражување на околината отколку легачење цел ден и горење на Сонце.
    Не ги сфаќам луѓето ова што го праат и што толку задоволство наоѓаат.
    Многу ми е монотоно и не можам да издржам со саати, ќе ме фати склет одма, ќе се здрвам, не знам вака да се опуштам, не.:shake:
    Плус па ако е натрупана со многу луѓе и гужва е, ауу никако, ќе ми преседне таков одмор.
    Си сакам приватност за да можам целосно да се релаксирам и уживам во права смисла.
     
    На Celltica, awkey и Ketchup им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Може да ме оставите на плажа и долго да не ме барате.

    На одмор, си сакам двапати дневно на плажа, еднаш наутро до кај пладне и потоа попладне од кај 17 до 19 - 20 часот, зависи до кога е ден. Ако имам поглед на море и сум прв ред, може и порано, исто е.

    Се сончам, со заштитен фактор сме на Вие, немам проблем и долго да останам на сонце, се заборавам :D.

    Исто, ништо поубаво од гледање изгрејсонце на плажа, па и морско капење додека се раѓа нов ден, ах. Ми фали тоа.

    Јадење не носам, може да се случи ако е целодневна екскурзија на некоја дива плажа, ама и тогаш е нешто ситно. Кафе може. Гужва исто - не, ништо поубаво од дива плажа со сопствена опрема.

    Фрапе, песок и звук на бранови.
    Барајте ме подоцна :l:
     
    На Andzelka23, Dust, Scott Weiland и 10 други им се допаѓа ова.
  12. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    11.497
    Пол:
    Женски
    Ми се погоди темава дури лежам на плажа. :D
    Обожавам плажа. Максимално ме релаксира. Сакам со часови да пливам, да грицкам и да пијам некој ладен пијалок. :d:

    Единствено нешто што мразам е сончање надвор од море зошто пребрзо горам и ми се лоши од сонцето. Кога сакам да одморам од пливање седнувам во плиткото и така и се сончам.

    Секогаш носам сопствена опрема, поубаво и почисто ми е. Имам торба со мини фрижидерче, лесна и практична за на плажа и носам сендвичи, грицки и ладни пијалоци.

    Не сакам сабајлечки одење на плажа, ептен ми е напорно. Сакам да се наспијам, да се одморам, па да одам.
    Најчесто одам од 12 до кај 17 часот, и кога е ептен жешко од 16 до 19. А и омилено ми е зајдисонцето на плажа. Рај. :inlove:
     
    На sj *O*, Scott Weiland, awkey и 3 други им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    :D
    Човече тајната состојка на постов љубов ли е, зошто се осеќа со каква искрена љубов си го пишувал. :D

    Иначе, се исто,:D, подобро и не можам да објаснам. :D
    Само би додала и кокосово масло.Не е тоа, тоа, без кокосово масло. :D
    И лимонада, слеш џус, евентуално ладен чај за освежување, природен, понекогаш и '' домашен'' си носам, да.:D
     
    На awkey и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    :D

    И Пина Колада може, и Мохито, и Аперол, и... абе на плажа сé може :sun:
     
    На Scott Weiland, awkey и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  15. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Баш ми е криво што годинава нема да одам на плажа никаде
    Инаку сакам пространи плажи, ладно кафе, цигара и многу овошје. Сончање не, бела сум ко сиренце и одма горам.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Сакам плажа, звукот и џагорот, ако не е прегласен и ако не ми диши некој во врат. Нека е и дива плажа со природна сенка. Идеални ми се плажи со природни сенки.
    Најубави ми се зајдисонцата. Тогаш се празнат и плажите од луѓе и милина ми е.
    Не сакам најжешкиот период од денот да сум на плажа и воопшто не се сончам, ама сакам да се разладувам во плиткото и да пливам.
    Овошје, кафе и книга ништо друго не ми треба
     
    На awkey и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  17. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    3.328
    Пол:
    Женски
    Ау како би куцкала сеа од некоја плажа … инаку сакам плажа, многу. Сакам долго да се бањан и тоа е единствениот начин на кој што имам допир со сонце. Премногу сум бела и лесно горам па се шљакам со фактори, а инску сум под сенка постојано.
    Сакам уредени плажи, ама по ќејф ми се дивите. Си носам чадорче и седам кај сакам. А обично и помалку гужва има на нив. Ич не ги сакам плажарските гужви па на море секогаш барам место кај што нема луѓе.
    Најмногу ме нервира отпадоци на плажа и луѓе шо не си собираат зад себе, па често собирам и ѓубре. Исто ме нервираат мамички што се дерат по деца. Или влези со него во вода или остави го и не ја вознемирувај цела плажа.
    Многу сакам да литам на плажа и обично на одмор одам со по две книги и зајдисонцата ми се омилени. Особено ако заоѓа во отворено море, нема поубава глетка☀️⛱️
     
    На Andzelka23, Anyshka и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.879
    Многу сакам плажа ама годинава многу малку одам. Порано се печев сега повеќе внимавам. Во вода влегувам 5 минути па се сончам и редовно се мачкам. Ретко останувам подолго.
    Најубаво ми е попладне и да фатиме зајдисонце.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.498
    Допаѓања:
    41.684
    Пол:
    Женски
    Мојата рутина, стануваме накај девет, полека кафе со неколку цигари, па после доручек нешто и накај 11 обично одиме на плажа. Најчесто седиме до шест седум вечер, ќе каснеме нешто на плажа или сендвиче нешто спремано, крофна, овошје исто си носам секогаш, после се прибираме, туш па уште едно кафе и сиктер на шетање и вечера некаде.
    Не сакам гужви ама ич, не се сончам, под чадор само или во вода.
    Кафе на плажа некое сокче се нарачува и се ужива.
    Ако е премногу топло тогаш се враќаме на пладне, односно кога седам под чадор и се потам ми е граница. :D
     
    На h.ope и awkey им се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.866
    Пол:
    Машки
    Ме нервира коа (балканци) ќе почнат да готват на плажа.
     
    На Noemi, Аргентина * и Scott Weiland им се допаѓа ова.