Дали сте забележале девојки кои се постојано агресивни, живчани, викаат за секоја ситница? Тоа се дефинитивно девојки кои или не се задоволни од сексуалниот живот или воопшто го немаат. Познавам девојки над 23 години кои се уште се невини или девојки кои немале секс повеќе од една година. Моето прашање е: Како да им се помогне на таквите другарки, каков совет да им се даде (без да ги навредиме), и како да го одржиме тоа другарство кога едната е задоволна и сака да зборува отворено за својот сексуален живот, а другата немала секс скоро две години, и секогаш кога ќе слушне таков муабет, помислувате дека ќе ви забоде вилушка во око? :twisted:
Па не ми текнува ниедно паметно решение,освен да им подариш...вибратор или да платиш некој дечко што ќе ги заведува и однесе во кревет,ама без да знаат.Ем ќе се чувствуваат поласкано,посакувано и среќно,ем задоволни,ем тебе мирна глава.
па што ако се невини на 23 год. и јас познавам такви....ама сосема се нормални и не се на работ на нервно лудило....туку едноставно не нашле некој на кој би можеле да му се предадат до сега...мене ми се сосема ок...за разлика од тоа кога ќе слушнам некои дека се сексуално активни на 14 год. hock: малце може забегав од темава ама морав овој дел од постот да го прокоментирам
Па мислам дека девојцето немаше намера тоа така лошо да испадне. Туку имаше намера да каже дека и е жал за таквите девојки што се уште не ги осетиле благодетите на оргазмот
ок ок знам дека не е кажано во негативна смисла....ама ми запна за око и морав да го прокоментирам тој дел од мој аспект
Tocno taka,a devojkata sto e na rab na nervno ludilo moze ne i e od toa sto nemala seksualno iskustvo,tuku sosema od nesto drugo.
Jas probav na edna drugarka da i namestam decko so koj mislev deka se kompatibilni, ispadna deka ovoj se zatreskal vo mene,a ne vo nea Sega poretko se gledame, dur ne najde decko
Немам јас ништо против девојки кои си ја чуваат својата невиност! ) Фала Rainbow. Само факт е дека таа нервоза и фрустрација доаѓа од сексуална неисполнетост. И не постои нешто што може да го замени тој дел. Мислам ако се лажеме, ок.
Вака што се однесува до невините девојки не може да бидат исфрустрирани поради тоа, ради фактот што нешто ако го немаш не може да ти фали, додека пак тие сексуално хех како да ги наречам- привремено неактивни да. Нив им се манифестира тоа фрустрацијата као што кажа, а од твоја страна ... па мислам дека нема како да помогнеш навистина, ако ептен им смета воздржувај се не зборувај за твојот сексуален живот пред нив и тоа е тоа.
се согласувам со погоре напишаното...Ако мислиш дека токму недостаток од секс е нивната фрустрација па не разговарај со неа на таа тема избегнувај ја колку можеш повеке пред неа, а таа ако и треба тоа сама ке си се потруди да си го реши проблемот, ти лично неможеш да ја натераш да легне со некој поготово ако е невина.
Да и јас го имам забележано тоа дека доколку не се сексуално активни се многу поинакви.Мегутоа ако сакаш да и помогнеш можеш само да ја толерираш и ништо повеке.Ако и платиш дечко тоа ке биде навреда за неа кога ке дознае ops: ops: ops:
Луѓе јас знам жена што на 30 се омажи невина, ама тоа е затоа што немала партнер соодветен,, не дека не вреди или дека не е нормална. Жената беше убава, згодна, одеше на работа, си заработуваше добро, си одеше на домро, се шеташе, не беше енкоја затворена личност, ама немала подолга врска и се омажи невина. Многу е чудно, ама сега жената има среќен брак, дете ... така да не ми е чудно за девици на 23 години.
Читам па да се надоврзам... И јас имав една што ја чуваше невиноста за оној што ке ја земе пред матичар. Орално и анално се работеше како луда. Типот од америка дојде и се венчаа. Сигурно тој до денес верува дека зеде невина од македонија хихихихихихихи...
имам една другарка која има 29 години и е невина , и кога и спомнав да се запознае со еден дечко, ме праша од каде го познавам а крајниот одговор и беше не-кога зборуваме за тема машки , на сите досегашни мои додворувачи, врски им наога маана се гледа дека е разочарана максимално од целиот живот, и не верувам дека со сексот би се почуствувала поинаку-не дозволува машко да спомнам, а и ретко кое погледнува кога сме заедно излезени таа си знае најдобро, ако инсистирам на таа тема само ке ме замрази
Тие кои се невини, без разлика дали имаат 18 или 28 години мислам дека не би биле на раб на лудило, како што би биле девојки кои имале убаво сексуално искуство (подолг период) и сега да речеме година дена не напраиле нишо. Јас едно добиено едвај го преживувам, и таа неполна недела ми е мака без секс а камоли години... ама многу нормално дека заради физички нагони тие девојки нема да се фрлат во кревет со некој момак, не би ни јас, па не сме животни мајка му стара нели? Мислам дека ова зависи до човекот каков карактер има. Ги сфаќам девојките кои од свои причини се воздржуваат од односи, ама јасен ми е моментот "ми треба некој јако да ме истресе!"