На што сте горди како родител?

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 28 март 2026 во 21:47.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.493
    Допаѓања:
    68.949
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам малку за промена, наместо да се критикуваме, или бараме грешки во нашето родителствување, едноставно да си кажеме на што сме горди, што сметаме дека сме направиле добро и сме задоволни, без да се осеќаме виновно дека други родители ќе се осетат повредено. Нашиот успех во нешто не е рефлексија на туѓ неуспех.
    И не, нема овде да биде, ахааа сега ти е такво детето, ќе видиш за година како ќе се смени, или врска нема, така ти се погодило детето. Немојте да бидете облак во нечие сино небо.

    Јас сум ептен горда и среќна што детето ми е страствен читач, многу, многу сакав да чита, да ни биде читањето заедничко хоби, работев на тоа уште бебе кога беше и ете, станува насабајле и може два саати да чита. :sun:
    Ќе се надополнам, оставам простор за другите.:inlove: