Темава ја отворам малку за промена, наместо да се критикуваме, или бараме грешки во нашето родителствување, едноставно да си кажеме на што сме горди, што сметаме дека сме направиле добро и сме задоволни, без да се осеќаме виновно дека други родители ќе се осетат повредено. Нашиот успех во нешто не е рефлексија на туѓ неуспех. И не, нема овде да биде, ахааа сега ти е такво детето, ќе видиш за година како ќе се смени, или врска нема, така ти се погодило детето. Немојте да бидете облак во нечие сино небо. Јас сум ептен горда и среќна што детето ми е страствен читач, многу, многу сакав да чита, да ни биде читањето заедничко хоби, работев на тоа уште бебе кога беше и ете, станува насабајле и може два саати да чита. Ќе се надополнам, оставам простор за другите.
Интересна тема. Ми досади од препукувања веќе. Ќере ми е малечка, 4+. До сега сум горда на тоа што е самостојна за нејзините потреби - пресоблекување, јадење ( сама си прави чоколино пример ), пиење ( сама си полни чаша со вода / сок / пушта чај од кафематот има опција за топла вода ) и други работи шо се многу да ги набројувам . Плус, многу ми е културна Фала , повелете, поздравување, нудење на храна и пијалак на кој и да е присутен со неа во просторија. Има бубачки некогаш за играчки ама и на тоа сум горда зашо знае да се избори за тоа шо го сака Како ќе расте, ќе си пишувам овде
Супер тема. Сега за сега сум горда што сака да чита, што сака да пробува различни активности и што сака да оди на натпревари (има фокус и нема трема).
Горда сум за многу работи, ама најгорда сум на тоа што се изборив да не ги оставам децата да растат без мајка и без еден родител, воопшто.
Горда сум што постои. Особено ќе бидам горда кога ќе си ја знае вредноста, кога ќе знае да си ја пронајде среќата, кога ќе го живее живот онака каков што е замислен во срцето.
Поголемиот дел сама ги израснав моите деца и токму затоа сум најгорда ,бидејќи успевав да направам вредни воспитани деца
Горда сум што никогаш не сум им дала нити игри нити цртани со насилство. Нити бреин рот знаат што е. Рилс и шортс исто така,ни мајндркафт ни лол ни ништо од тоа. Горда сум што се мили и култирни деца полни со емпатија. Не користат не култирни зборови и не се исмеваат со др деца. Едното е 6 и пол а другото скоро 5.
Горда сум што пред се се културни деца , најгорда што големата е спортист малта обожава да чита. Јас сум страствен читач а сопругот спортист, многу ми е мило наместо екран што одбираат спорт и игра или книга
Горда сум што со маж ја растеме без да сме и свикале или да сме ја искарале за нешто до сега а сепак не слуша кога нешто ќе и посочиме или ќе и кажеме дека треба да направи. Како и секое дете знае да преговара со нас или да ја фати инает ама сепак не слуша. Исто така горда сум што е полна со љубов и внимание за сите а не е од оние деца кои се тепаат,буткаат други деца и сл. Се надевам нема да и се удри од глава таа добрина во животот. Горда сум е што е емпатична и знае да пружи утеха дури и на нас возрасните кога ќе види дека ни е тешко.
Горда сум што е емпатичен и има развиена емоционална интелигенција. Горда сум што сака спорт и ужива кога е во природа. Горда сум што е културно момче.
Би сакала на оваа тема да одговорам после 8 години ако се уште функционира форумов. Воспитување на деца е многу тежок испит,дали ке паднам или ке положам ке видеме во иднина.
Горда сум дека прифаќам критики од децата,учам од нив секој ден.Тоа што сум го утнала знам да го признам,и да не го повторувам пак со нив.Плус годините на психотерапија го направија своето,да сум посвесна.Имам роднина пред некој ден рече ако син му пушел цигари ќе го избрка од дома,има 14 години.Морав да му кажам дека 5 сина да има може и да му поврувам ама со едно дете нема..Вакво силење и ригиден став ,баш си ја предизвикува судбината и не е убаво да се збори.Јас сум непушач и го сфаќам, ама тропање глупости не.Никој,ама баш никој не знае што носи животот без разлика колку и добро да го воспитал.
На многу работи но еве ќе издвојам она што сметам дека е доста битно, покрај тоа што ми е син воедно ми е и најдобар другар. За се сме отворени, доверба на максимум, сами сме ама доволни