Наидов на ова скролајќи, па ми се виде како интересна тема. Дали ви значи какво хоби има? Гејмери се на врвот на листава, иако не знам, попроблематично е коцкање веројатно. Иако можеби некои од искуство заклучиле дека гејмингот е проблем исто поради адиктивноста и непосветувањето на партнерот поради премногу потрошено време на гејмање. Што мислите?
Пошто и јас гејма(в) не ми смета гејмер ако има здрава врска со игрите, во смисла да не го слушам од другата соба како пцуе и удира (в ѕид пример) и да не игра поќе време од денот него шо спие. Ко партија-две-три и после продолжва со денот не ми смета. Да не се осеќам како да се натпреварувам со игра за внимание оти не се натпреварувам и си одам. Ама знам на многу кои им смета ама пред се зошто претходни дечковци биле како прво опишаните па природно добиваат ick за секој натамошен. Како "стара мома" ( и ова е релевантно зошто да бев средно/помлада би ми било интересно) жими се најголем ick кој го добивам од хоби е гитара. И секогаш се потсетвам дека и јас имам креативно хоби. Оти да нема и тој креативно хоби? Ама секогаш како да одат во некој есктрем. Со бившиот прв ick добив ко ми рече дека оди по третата гитара и се дума да оди во бенд. Да, дедото. И мене то ми вриштеше средновечна криза. Пред него зборав со еден друг, врсник, и збораме за работа и ми вика понекогаш свирам. И бев ко "по свадби?" и беше ко "а не онака понекогаш со некои бендој хаха свирки, знајш". Тука ми вриштеше алармот "уште е со мајндсет во средно". А и јас имам креатовно хоби и стварно не знам зошто толкав ick ми е гитара. Никој друг музички инструмент како гитара. Напротив дури и друг инструмент ако му е хоби можи и да ме заинтересира. Од листата горе дефинитивно коцкање не би го рекла хоби, туку завист. То ми е црвено знаме, големо, не само ick. Е сега друго шо гледам од листата е собирање стрипој и собирање играчки/figurines. Таков би венчала ама кај се ваквите пошто и јас ова го прам. Заедно би биле најсилните колекционери на "глупости". Колекцијата на стрипој колку бубегов ми коштат. За магични трикој се задумав. Мислам дека после првите два пати ќе почни да ми е досадно.
Не играм игри, ама мислам дека е сосема ок ако некој маж така си се релаксира во неговото слободно време. Само да не му стане тоа порок и да игра со саати, затоа што така ќе си наштети на физичкото и менталното здравје (слаб сон, води кон когнитивни проблеми, намалена продуктивност следниот ден), а секако ќе нема доволно време и за сопругата, децата. И ова го велам чисто за на гејмерот да му е добро, а не дали ќе и биде тоа атрактивно или неатрактивно на неговата жена/девојка. И не ми се верува дека коцкањето е ставено толку доле на листата. Кој знае кој како ја правел оваа листа, ама не ми делува на реална.
Мислам дека не сѐ од листата може да се нарече хоби. Најмногу ме чуди што коцкање не е прво на листата. Тоа не е ни хоби, туку завист, и дефинитивно deal breaker еднаков на изневерување за мене. Гејмање не ми смета дури е во нормални граници, да не е доолги часови пред компјутер и нервози. Но сфаќам зошто е високо на листата, многу не можат да се држат во тие нормални граници. Другиве ми се горе долу ок, освен тролањето.
Тие што мислат дека магионичарство е понеатракривно од коцкање, дефинитивно имаат проблем со себе. Едит И како бе таксидермија атрактивно?? Dudes don't get this... Женска ај иди испитај се малце ако магионичарски трикови не ти се ок, ама коцкање и таксидермија океј.
Многу можно, не е дека е некакво вистинско истражување. Иначе, коцкање, ви влегува ли тука одење во кладилница? Колку од мажите висат во кладилници, уплаќаат цело време, или лото играње, не мора да е само казино, не знам. Ама, кладилницата кај нас на пример е универзално прифатена и не е некој коцкарски проблем, додека нели, не стане. И гејмањево, мислам дека има таква репутација зашто често може да премине во зависност. Познавам некои што цела ноќ се забораваат, неспособни да функционираат следен ден. Или фрлање пари кои и ги немаш, земаш кредит, за опрема. Мене ми е некако логично дека таков човек има проблем, па можеби и затоа не е „атрактивно.“
Коцкањето хоби. Oнлајн тролање? Гледање птици? Ja би ипак магионичар. Друга ствар, што пак вклучува и фокусот е само на (не) атрактивното, зошто секогаш мора да е на негативното, а не целосно за хобија (од најатрактивни до нај не на пример)?*
Маж ми е гејмер, не ми сметаше додека и јас имав време за себе, сега кога имаме дете ми смета многу, не од аспект дека има хоби, да е само хоби и да се посветува 3-4 саата во денот би ми било сосем во ред, он гејма претежно вечерно време и се заборава, кај него е зависност и искрено ќе дојде момент кога ќе се разведеме ради тоа. Не му пречи дента за функционирање у врска со мене и дете ама и тоа како смета на неговото здравје со недоволно сон. Секое хоби ми е во ред доколку е во граници на нормала и на последно место на преоритети. Освен коцкањето, тоа е болест и не е хоби.
Мене ми е малку ех оваа дискусија, но до одредена мера ја разбирам. Разбирам дека гејминг знае да биде озбилна зависност кај машки и оние што се баш внесени знаат лошо да се однесуваат додека играат, тоа се сепак инцелски простори, I get it. Ама јас добивам вајбс од овие американкиве на интернет дека сакаат некој скроз озбилен маж, хобито да му е јавање на коњи или голф за да имаат old money естетика. Мислам дека треба да им е дозволено да си имаат свој карактер, нема ништо лошо ако собираат фигурини или стрипови, се претерува некогаш.
Сè додека приоритети му се наредени ко шо треба, не ми смета никакво хоби што го релаксира или прави среќен. Ама се знае, хоби е за во слободно време. Може да е и планинарење во прашање, ама ако оди секој 2 ден на планина, децата вечер заспани во кревет си ги гледа, тогаш ноу буено. Ничие хоби не смее да ремети живот. Иначе, сакам луѓе што играат игрици, било да е на пц, или плејстејшн, или свич, сеедно. Само без агресија да е. Сакам и board games. Поштувам и стрипови. У принцип, само што ги опишав big bang theory момците. На крај краева, било што, само нека има хоби. Мене позагрижувачки ми е да нема некој хоби. Само работа, дома, на кафе за муабет со некој... дооосааднооо. И да, коцкање и кладилница не е хоби и одвратно ми е, макар и биле 3 ливчиња во месецот. Баш ми е одбивно, бљак, било да е маж, жена, 20 год., 50 год., сеедно.
Игри не играм, играв до средно итоа доста, ама сега ПЦ-то и лаптопов пајажини факаќаат и дури ми смета, ми зафаќа место дури. Чување на птици, гулаби, животни, не ме привлекува и не ми се интересни, ми делува како губење на време. Куче, маче, може ама друго не. Исто и за другиве, интернет тролање и тоа не, по карактер сум многу озбилен и дисциплиниран, дури ми имаат речено шо е ова озбилност, дури и премногу за годините хаха. Магионичарство и комични книги, колекции, и тоа не мие хоби воопшто. Коцкање и кладилница, никако, ама ич, во штетни пороци мие ставено ниту па помислувам на тоа. Во казино неам ни влезено, не знам ни како е внатре, не знам ни како изгледа. Е возови сакам, уште како мал, и играчки со возови, пруги а и во живо ми се привлечни, ги обожавам. Ова можам да го речам дека мие хоби и интересно. Исто и автомобили, фанатик сум за коли, ентузијаст сум голем, ме интересира најмногу ова. Затоа и во темата за автомобили само јас пишувам хаха. Опсесија и хоби мие вежбањето, се окупирав со теретаната, нема ден а да не извежбам, секој ден, ако не појдам ме фаќа не убаво чувство дека не сум вежбал и едвај чекам да дојди време за на тренинг. А и порано како мал тренирав и карате и пливање во лето. Од листава, само за возови е точно. Требало да стават и Автомобилизам хаха
Мене коцкањето вклучено и спортска ми е број еден. Тоа е нешто што најмногу ме нервира и што го мразам најмногу.
Зарем мажите кај нас имаат хоби? Коцкањето и обложувањето не го рачунам за хоби, тоа е болест. Едино, гејмингот и вежбањето, односно одењето во теретана. Теретаната не ми пречи, ама гејмингот да, иам гледано како се понашаат кога гејмаат, како неандраталци се, исто и кога гледаат фудбал така се понашаат. Така да, голем трн оф ми е тоа.
Јас игри не играм, имам добар компјутер но го користам за други работи(иако може добри игри да се играат). Обложувањето ми помина.Више ја заменив таа навика со друга.Но, секако тоа е дел од животот и било само онака површно обложување за џепарац. Добро хоби е склопување на онакви колички (нешто како лего, како дете ги склопував).Таква желба за хоби имам сеуште и ме смирува.
Eве посоодветна листа од буквално најбрзо можно 1носекундно гуглање. Прајте шо ќе правите со неа во темава. Само би го одзела вежбањето, не(треба да) е хоби. * И готвењето исто, али може да е, а и да не ја започнуваме тек таа тема, така што нека го.
Според мене зависи во кои години си. И до каде си со приоритети и услови за живот. Работа плус хоби две деца мали и све ми смета од хоби... Среќа па немаме хоби. Ни јас ни сопругот. Хоби ми е за постари генерации да си пружат некое задоволство плус.
Ние си гејмавме заедно пред деца, ама прироритетите се сменија по деца. Така да тоа не ми смета ако се прави без да се запоставуваат приоритетите. Коцкање од листата дефинитивно. Иначе генерално, хоби како лов ми е едно од најголемите црвени знаменца. Луѓе што одат во лов не сакам во близина и немам баш убаво мислење за нив.
Јас искрено коцкањето не го гледам како хоби затоа што грото народот овде е сиромав, а хоби можеби е на некој милионер.
Овие се одбивни. Повеќето од овие се зависности, не хобија. Глупави „активности“ на незрел и неодговорен маж. На ваков не треба ни миленик да му се довери на чување, па камо ли дете...