Небезбедни куќи (Линвуд Баркли)

Дискусија во 'Книги' започната од Dream-Girl, 19 септември 2021.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Го пребарав форумот и видов дека нема тема за книгава, а дека има членки што ја читале, па може да ја продискутираме тука книгата. :)

    Кратко за книгата (преземено од тука: https://knizarnicitrimaks.mk/product/nebezbedni-kukji/):
    Пред седум години Синтија Арчер го пронајде својот загубен татко и нурна во кошмар кој безмалку ќе го платеше со живот на нејзинот семејство. Денес, минатото е конечно закопано, ама сеќавањето на тоа ужасно страдање се уште живее. Секојдневно свесна за опасностите кои демнеат зад секој агол. Синтија сфаќа дека и е тешко да и дозволи поголема слобода на ќерка си да направи сопствени грешки и да извлече заклучок, а грејс почнува да се бунтува против задушувачкиот заштитнички став на мајка и. За сето ова време сопругот на Синтија, Тери, се обидува да го спречи распаѓањетона семејството и потоа, двајца постари соседи се убиени…

    Книгава е продолжеток на Без збогување. Таа книга ја немам прочитано и сакам да ја прочитам и неа за да ми се комплетира впечатокот од книгава, вака како да ми фалеа информации малку. Во најскоро време ќе ја прочитам и неа.

    Мој впечаток е дека многу добра беше книгата, ептен ми се допадна, ја прочитав многу брзо и ми го задржа вниманието до сам крај, многу детали беа опфатени и баш целосно можев се да си замислам во глава додека читам.
    Ликовите исто беа многу добро обработени и самата приказна добро осмислена.