Форумџика на годината

Неблагодарни луѓе

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mihaela.barbi, 9 септември 2012.

  1. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    Ме интересира дали во вашата околина имате вакви луге.
    Луге за кои сте направиле многу а тие не само што не ви рекле благодарам, туку и подоцна се обиделе да ви наштетат заборавајки ја вашата добрина што сте им ја направиле.
    Можете да одговорите со да или не, но пожелно е да споделите сонас некој таков пример од вашиот живот.
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Има, на претек...ќе направи човек 100добрини никој не му ги памти. Еднаш несакјќи ќе згрешиш навредиш некого, 100години ќе ти го збори тоа. :swear:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Насекаде има такви луѓе, не верувам дека некој се нема запознато со таквите. Сите во одредени моменти можеби сме неблагодарни или пак изгледаме такви во очите на другите. Мегутоа едни на момент само се, а други многу често. Да имало многу луѓе за кои сум направила многу, сум им помогнала, но ете едноставно заборавиле да речат благодарам или да вратат на убав начин.
     
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Газди/те и колеги ти се едни од нај неблагодарните луѓе па за останатите ако има место .....За 1те работиш како коњ и знаат да те извадат од кожа за :cash: без да размислат дека не си им само работиник туку на некој начин и пријател , а другиве гледаш да ги маскираш сите нивни сра*а и пак ке патиш и бидеш осудуван од нив :@
     
  5. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Има,колку ти душа сака.
    На пример на една другарка и го наместив дечкото кој и се свиѓаше подолго време,на почетокот со нив излегував на кафе за да ги зближам,кога се караа кај мене се обраќаа и двајцата за да ги смирам,како да не можеа сами да си ги решат проблемите...и сега муабет не ми прават. А зошто? И јас не знам. Поминуваат покрај мене како да не ме познаваат,а ништо не сум им згрешила,напротив,направив премногу за нив. Сега таа си излегува со свекрвата,со сестрата на дечко и,другарки повеќе не и се потребни.
    Свашта!
     
  6. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Значи одговорот ретко на кој нема да биде потврден , зашто таков ни е менталитетот, па со таквите индивидуи сакал нејќел доаѓаш во контакт.
    А кај мене примери еден тон.
    Пример, другарка која постојано е со тебе, да не речам деноноќно, кај мене спиеше, јадеше , излегувавме нон стоп заедно, за да во една ситуација во која меѓудругите се најдовме јас, таа и бившата од дечко ми , двете заедно ми се исмејуваат во мое присуство и му праќаат пораки на дечко ми.
    После другарка и колешка од факултет, за која нон стоп трчиш, и' помагаш , и' правиш друштво натаму наваму, ја чекаш, зема некои испитни прашања и ги дава на исто други блиски колеги и отворено им вика да не ти ги даваат тебе |(
    Прв братучед, кој додека немаше девојка ме бараше 24/7 ( зашто немаше со кој да излегува ) , ради него се карав и со дечко ми - многу логично дека ќе се буни кога неможеше да дојде до мене и откако фати
    ( да не речам откако ги запознав |( ) , ми се нема јавено, еве веќе 2 години, се гледаме по слави, свадби , крштевки .
    И така, можам до утре да набројувам :)
     
  7. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Јас се прашувам каде се благодарните!?
     
  8. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Нема веќе такви. Ретки се.
     
  9. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Конкретен пример ќе споделам, комшиката моја има две ќеркички. Имаат преубави долги коси, уште од мали. Кога и да одат на натпревари, гости, свадби, крштевки она ги праќа кај мене да им ги сплетам косите, фризура да им направам, што и да е битно некако да ги дотерам. Добро, мене не ми е проблем воопшто, никогаш не сум ги вратила девојчињата, срцки ми се многу. Се тоа до ланската зима, снег до коленици, едвај се оди по улица, сабајле негде околу 8 саат беше, одев накај факс. Поминува мајка им со кола покрај мене ми мафна само и не ми застана да ме земе накај центар да ме префрли, до кај било (далеку од центар во Скопје живеам) да не мрзнам до автобуска битно.
    Од тогаш, кога и да ми се појават девојчињава на врата и викам на мајка ми да каже дека не сум дома, неможам да ги сплетам.
    Тоа ти е неблагодарност!
     
  10. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    Па секако дека постојат и благодарни луге но доколку некој на доброто возвратил со добро нема што да се коментира, ваљда е тоа нормално. Затоа коментираме за неблагодарните оние кои покрај тоа што сте им направиле добрина, тие ви возвратиле со лошо. Човечката безобзирност е безконечна, но немојте секогаш да барате добрината да ви се врати со добрина, туку едноставно правете доби дела а кога тогаш добрината ќе ви се врати, ако не од човекот на кој сте му направиле добрина тогаш сигурно некој друг ќе направи некое добро дело за вас. Затоа не дозволувајте лошите луѓе да ве направат исти како нив. И, точно е тоа дека никој овде нема да признае дека тој бил во некоја ситуација безозирен, но ако не јавно тогаш кога сте сами со себе одвреме навреме запрашајтесе дали јас некаде грешам. Дали можеби понекогаш сум неправедна кон оние кои што ми значат? Секако доколку почувствувате дека во одредена ситуација сте биле неправедни треба да се покаете и кажете извини, бидејќи никој на овој свет не е безгрешен . Само има разлика од оние кои грешаат со лоша намера и оние кои грешат не намерно. Доколку грешите гледајте да бидете барем во оние фторите немојте никогаш да одите со цел некого да повредите или доколку некој ве повредил да се трудите намерно да му вратите со иста мера.
     
  11. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Да,верувам дека постојат благодарни луѓе,ама ја никако да стигнам до еден од нив.
    Никогаш не се каам за тоа што со некој сум се однесувала добро,а тој ми вратил со лошо.Јас за мене знам каква сум и дали сум се однесувала како што треба.Секој си ги цени работите на свој начин,ама повеќето не знам ни дали знаат што значи да ценат некого.Значи кога си добар со некого,тој неблагодарен човек неможе ни да процени што добро му се прави,па он е тој што ти врти грб-како ТИ да си тој што згрешил нешто.Е такви луѓе неможам да поднесам.Дури понекогаш седнувам да размислам-што лошо направив да се случи тоа!За такви луѓе не ни вреди да се размислува,затоа што на него 50 луѓе му направиле добро,а он тоа не го гледа.А додека јас седам и се мислам "што погрешив?", на таквиот човек ни на крај памет не му е да го преиспита своето однесување,и да се праша дали можеби повредува некого со таквите постапки.Па зашто ја да се замарам со такви луѓе?!Стварно не заслужуваат внимание,а да не праиме муабет за добрина.
    Секој може да згреши,и да се прости е човечки,ама работата е што таквите луѓе не ја гледаат нивната грешка,а помалку туѓата добрина.
     
  12. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    Има многу случки ама еве една ми остана во сеќавање од основно. Имавме тест по математика и ,,другарката,, што беше до мене ништо не беше учела и јас и ги кажав прашањата кои беа 10 по 5 поени 50 поени имаше на тестот а од задачите ништо не беше решила, кога заврши тестот една друга другарка и беше кажала дека некое прашање и било грешно и таа почна да ми вика :envy: :envy: ќе ја задавев заради мене имаше 3 а немаше ниту 1 да има, после кога ни ги дадоа тестовите таа продолжи да се однесува лошо со мене :!: почнав и јас со неа :devil:
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Такви луѓе ги има еден куп. Досега всушност кон мене има само една личност која била неблагодарна, но има повеќе кои гледам дека се неблагодарни спрема свои блиски лица кои многу нешта направиле за нив. И навистина не можам да ги разберам. Јас сум благодарна и за најмала ситница, како тие не го ценат она поголемото, кога дури и жртва бил некој за нив..?
     
    На Esmeralda-MD и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Има многу такви. Денес ќе им помогнеш, утре ќе те згазат.
     
    На kLem23 и Esmeralda-MD им се допаѓа ова.
  15. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Колку сакаш ги има.
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.540
    Пол:
    Женски
    Сите ние луѓето сме понекогаш неблагодарни, дали повеќе или помалку независно, проблемот е секогаш во самиот човек.
    Луѓето кои се разгалени и самобендисани се секогаш оние неблагодарните кон ништо, бидејки човека колку го разгалуваш, му помагаш и со тоа го почитуваш толку повеќе тој ти се качува на глава, навикнат секогаш од прст да бара рака или преку леб погача, притоа несовесен за чуствата на другиот.

    Кога еден човек не е навикнат да си го печали лебот од својот труд и кога има се на мегдан без притоа да дигне повеќе од 5 кг или пак не проба да реагира со главата и да се помачи со било што, тогаш тој не е способен и никогаш не почуствувал на своја кожа да цени нешто.. да ги цени оние кои му помагаат, да ја цени помошта и животот.

    Неблагодарноста ја има се повеќе бидејки животот е суров и дволичен.. човек се учи да бара, а кога добива не го цени тоа бидејки смета дека никогаш повеќе не бј му притребало нешто а притоа ни најмалку не е свесен дека во животот ништо не е сигурно .. се е менливо и се врти во круг.

    Неблагодарноста е одлика на сиромашните, на оние површните и бесчуствелните на оние луѓе кои мислат дека светот го зграпчиле.. а всушност ни самите не се свесни колку е тоа ниско, колку е подло и злобно да не знаеш да цениш... да незнаеш да сакаш и да чуствуваш.
     
    На kLem23, Tanjamm и Esmeralda-MD им се допаѓа ова.
  17. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.450
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам,поздрав @vitamina :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Nema lugje shto ne mi vozvratile ferski od prichina shto nema lugje za koi jas sum napravila mnogu :D
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.688
    Пол:
    Женски
    Немам проблем со неблагодарни луѓе, затоа што сите на кои што сум им помогнала ми вратиле со иста мерка. Кај татко ми случајот е поинаков. Има помогнато на многу луѓе, а сите тие се неблагодарни. Не го ценат тоа што он го направи за нив.
     
  20. stela 34

    stela 34 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    82
    Znaete vo site nas ziveat blagodarni i neblagodarni, moj sovet obitete se da gi prepoznavate lugeto okolu vas,cenete, ima luge koi ti pomagaat so namera za da otposle sekogas te potestuvaat deka Tie ti pomognale........kako prikaznata so gzigerot siromaviot i bogatiot,koga bogatiot mu kupi gziger.........drzete se na distanca od takvi....
    A ima i takvi neblagodarnci svetot da im go podaris.....ne znaat da cenat,100 dobrini napravi,edna ne napravi,Losoto ke se pameti....