Неверни е турска драма и психолошки трилер. Доктор Асија живее мирен и среќен живот со нејзиниот сопруг Волкан и нивниот син Али. Но, нивното среќно живеење брзо се менува кога ќе дознае дека нејзиниот сопруг веќе неколку години е во врска со млада жена. Асија мора да избере помеѓу спасување на бракот или одмазда кон нејзиниот „неверен“ сопруг. Дечки ова е најкраткото што можев да го најдам за серијава на википедија. Мене ми е многу интересна. Дали некој ја гледа и какви се Вашите впечатоци?
Јас ја гледам. Темата на серијата е нешто ново, невообичаено како за турска серија. Ако треба да ја оценам од 1-10,би ја оценила со 10. Во Турција има многу висок рејтинг на гледаност, ретко која серија имала таков рејтинг. Ептен ја препорачувам. Незнам на кој канал ја даваат, знам дека секоја среда објавуват нова епизода и веке четврток ја има со превод на англиски, петок-сабота и на српски.
Оваа серија ја имам забележано на инстаграм, сакам да ја гледам, ама не можам по нет да се замарам. Мислите ли дека наскоро ќе ја даваат кај нас на некоја од телевизиите ?
Вака може само да претпоставуваме. Еве мое мислење, земајќи во предвид какви серији даваат на нашите тв канали искрено не верувам дека оваа би ја дале, а и да се случи тоа сигурно би било некаде после 3-4 години.
Серијата е топ значи, врв е, има доста висока гледаност во Турција. Според мене темата на серијата е доста честа за денешната реалност, една жена која има врвна кариера и семејство, маж кој навидум ја обожава ама ја изневерува, и сите околу неа знаат за тоа, ама таа последна дознава, колку бедно и иронично беше тоа што неверникот го криеја и поддржуваа нивните заеднички пријатели. Асија е една мноооогу силна жена и добро им врати се на сите, но според мене претера со тоа што легна со другарот на маж и поради одмазда, ама во секој случај силно се држи на нозе и покрај сите неправди од мажот и. Инаку серијата игра во Среда на канал D и е римејк на серијата Др.Фостер