Спојлер не видов тема за невестинска шминка па ако пречи тогаш бришете ја каква фризура,каков фустан,какви штикли..и.т.н тема за шминка.. иако веке денес секоја шминка е иста без разлика дали е за свадба или не.. сепак тој ден е нешто посебно за нас каква шминка е подобра за тој ден на нашата свадба? шминка за зелени очи со плава и кафеава коса?..ставите слики ваши што сакате вие за тој ден?
Светлата шминка не се ни познава на сликите и делува најобицно ,така мозе секој ден да се нашминкаме а на денот на свадбата,поубаво и појако...
Од тоа што на свадбата невестата треба да биде појако нашминка има многу лошо нашминкани невести. Не е работата само да имаш еден тон шминка. Мене баш напротив, повеќе ми се свиѓа нежна шминка, да ги истакне цртите, јас така и си бев нашминкана.
Мене ми е најубава лилава шинка, те сенка на невеста. (секако, ако одговара, бидејќи сега и фустаните знаат да бидат во друга боја)
Јас не знам како можат повеќето нашите невести да се одлучат за таква кичерајска шминка како оваа постирана погоре. Добро де, разбирам дека е работа на вкус но невестата треба да личи на најдобрата сопствена верзија, а не на пластика. Арапскиот стил на шминка е веќе нешто друго, но тој се комбинира со поинаква облека а не со бел фустан. Белиот фустан симболизира нежност, невиност (симболизира реков де ), и никако не оди во комбинација со шминка каква што преферира поголемиот дел од нашите невести. Па последните охридски што ги видов на фб профилот од една шминкерка... Ма тоа светки, трепки до веѓи, шљокици, јака сенка, јако руменило, јак кармин, утната нијанса на пудра - ко од правилник за како тоа не треба да изгледа. Дури и Ким Кардашиан која секогаш има јака шминка за невестинска одбра нежна варијанта, кај нас обратно - одеднаш невестата се појавува со маска на себе. Еве како според мене треба да изгледа невестата: да се нагласат убавите црти многу суптилно за да ја разубават невестата но да не и’ го сменат личниот опис! Шминката за гламурозни настани и свадби секогаш треба да биде во тој стил, како во оваа галерија на пример. Спојлер
Точно така, LivingGlam! Невестите од многу сакајќи да постигнат излегуваат како да одат на маскембал, а не на сопствената свадба. Јас на моја свадба, претходно козметичарката ми направи пробна шминка, ме нашминака малко појако, и понежно. Јас лично не можев да се замислам со појака шминка, никогаш не сум се шминкала така па моја свадба да се прашуваат гостите дали сум јас или имам некоја маска на мене. Единствено си ставив надградба на трепки, но не трепки до веѓите. Имав и туш на очите, само на горниот капак. Совет до другите невести, да не ставаат бела сенка бидејќи на сликите навистина излегува неубаво. И уште еден добро намерен совет да се купи подолготраен кармин или сјај бидејќи не можеш цела вечер да трчаш да си ставаш.
не сум размислувала на оваа тема кога ке дојде-ако дојде денот ке мислам во секој случај, би препуштила на професионалци-за сите важни настани во мојот живот било така, и испаднало ок